Броеви во македонскиот јазик

(Пренасочено од Македонски броеви)

Броевите во македонскиот јазик се зборови што се користат во македонскиот јазик за искажување количини. Броевите имаат три рода (машки, женски и среден), можат да се членуваат и се појавуваат во повеќе форми како: основни броеви, редни броеви, колективни броеви и мултипликативни броеви. Членувањето на броевите зависи од родот на именката.

Основни броеви

уреди

Основните броеви на македонскиот јазик се:

Симбол Основни броеви
(м.р.)
Основни броеви
(ж.р.)
Основни броеви
(с.р.)
0 нула нула нула
1 еден една едно
2 два две две
3 три три три
4 четири четири четири
5 пет пет пет
6 шест шест шест
7 седум седум седум
8 осум осум осум
9 девет девет девет
10 десет десет десет

Броевите од 10 до 20 се формираат така што се додава наставката -наесет на основниот број. Наставката доаѓа од старомакедонската наставка за броевите „-на десет“.

Симбол Основни броеви
(м.р.)
Основни броеви
(ж.р.)
Основни броеви
(с.р.)
11 единаесет единаесет единаесет
12 дванаесет дванаесет дванаесет
13 тринаесет тринаесет тринаесет
14 четиринаесет четиринаесет четиринаесет
15 петнаесет петнаесет петнаесет
16 шеснаесет шеснаесет шеснаесет
17 седумнаесет седумнаесет седумнаесет
18 осумнаесет осумнаесет осумнаесет
19 деветнаесет деветнаесет деветнаесет

Десетките 20, 30, 40 и 60 се прават така што се додава наставката -есет (од старомакедонскиот -десет). За десетките 50, 70, 80 и 90 се додава целиот страромакедонски наставка -десет. Забележете дека кога се формира бројот 60 не изговараат и пишуваат последните две букви од бројот шест. Така имаме: шест > шеесет. Исто така кога се формира бројот 50 не се изговара последната буква од бројот пет. Ова е така поради полесниот изговор на зборот.

Симбол Основни броеви
(м.р.)
Основни броеви
(ж.р.)
Основни броеви
(с.р.)
20 дваесет дваесет дваесет
30 триесет триесет триесет
40 четириесет четириесет четириесет
50 педесет педесет педесет
60 шеесет шеесет шеесет
70 седумдесет седумдесет седумдесет
80 осумдесет осумдесет осумдесет
90 деведесет деведесет деведесет

Броевите помеѓу десетките се формираат така што се става десетката на почетно место, потоа се става сврзникот „и“ и потоа се додава основниот број. Така имаме:

Симбол Основни броеви
(м.р.)
Основни броеви
(ж.р.)
Основни броеви
(с.р.)
21 дваесет и еден дваесет и една дваесет и едно
22 дваесет и два дваесет и две дваесет и две
23 дваесет и три дваесет и три дваесет и три
24 дваесет и четири дваесет и четири дваесет и четири
25 дваесет и пет дваесет и пет дваесет и пет
26 дваесет и шест дваесет и шест дваесет и шест
27 дваесет и седум дваесет и седум дваесет и седум
28 дваесет и осум дваесет и осум дваесет и осум
29 дваесет и девет дваесет и девет дваесет и девет
На ист начин се формираат сите броеви до сто.

Стотките 100, 200, 300 се формираат така што се додава зборот сто на основниот збор со мала модификација поради подобар изговор. Стотките од 400 до 1000 се формираат така што се додава наставката -стотини на основниот број. Наставката -стотини дава заобиколна количина.

Симбол Основни броеви
(м.р.)
Основни броеви
(ж.р.)
Основни броеви
(с.р.)
100 сто сто сто
200 двесте двесте двесте
300 триста триста триста
400 четиристотини четиристотини четиристотини
500 петстотини петстотини петстотини
600 шестотини шестотини шестотини
700 седумстотини седумстотини седумстотини
800 осумстотини осумстотини осумстотини
900 деветстотини деветстотини деветстотини
1 000 илјада илјада илјада
Броевите помеѓу стотките се формираат на ист начин како и десетките.

Илјадитите броеви се формираат така што се додава зборот илјади на основниот број. Броевите помеѓу илјадарките се формираат на ист начин како и десетките и стотките.

Симбол Основни броеви
(м.р.)
Основни броеви
(ж.р.)
Основни броеви
(с.р.)
1000 илјада илјада илјада
2000 две илјади две илјади две илјади
3000 три илјади три илјади три илјади
4000 четири илјади четири илјади четири илјади
5000 пет илјади пет илјади пет илјади
6000 шест илјади шест илјади шест илјади
7000 седум илјади седум илјади седум илјади
8000 осум илјади осум илјади осум илјади
9000 девет илјади девет илјади девет илјади
10 000 десет илјади десет илјади десет илјади
итн...

Милионите се формираат на ист начин како и сите останати броеви. Броевите помеѓу милионите се формираат како и десетките и стотките.

Симбол Основни броеви
(м.р.)
Основни броеви
(ж.р.)
Основни броеви
(с.р.)
1 000 000 милион милион милион
2 000 000 два милиони два милиони два милиони
3 000 000 три милиони три милиони три милиони
4 000 000 четири милиони четири милиони четири милиони
5 000 000 пет милиони пет милиони пет милиони
6 000 000 шест милиони шест милиони шест милиони
7 000 000 седум милиони седум милиони седум милиони
8 000 000 осум милиони осум милиони осум милиони
9 000 000 девет милиони девет милиони девет милиони
10 000 000 десет милиони десет милиони десет милиони
итн...

Понатамошните броеви се милијардите што се формираат на ист начин како и претходните броеви.

Пример

уреди
  • 12 332 789 : дванаесет милиони триста триесет и две илјади седумстотини осумдесет и девет.

Редни броеви

уреди

Редните броеви се формираат во зависност од родот на бројот, но најчесто се додаваат наставките: -ти, -та, -то. Исклучок на ова правило се редните броеви изведени од броевите еден, два и три. Ако основниот број завршува на буквата -т и се додаде наставката -ти/-та/-то, тогаш буквата т се дуплира. Кај некои редни броеви се кратат основните броеви за полесен изговор како на пример: седми и осми.

Симбол Основни броеви
(м.р.)
Основни броеви
(ж.р.)
Основни броеви
(с.р.)
1 прв прва прво
2 втор втора второ
3 трет трета трето
4 четврти четврта четврто
5 петти петта петто
6 шести шеста шесто
7 седми седма седмо
8 осми осма осмо
9 деветти деветта деветто
10 десетти десетта десетто
итн...

Мултипликативни броеви

уреди

Во овие броеви спаѓаат: двојно, тројно, четворно... Но исто така во оваа група на броеви се вметнуваат: еднаш, двапати, трипати итн.

  1. Одредена бројност за лица:
  • двајца, тројца, четворица, петина, петмина... осмина, осуммина, деветмина, десетмина, стомина, двестемина, илјадмина;
  1. Приближна бројност
  • два-три, три-четири; седум-осум; сто-двесте; две-три стотини; од броевите на десет и од бројот сто се образуваат форми за приближна бројност со наставката -ина: десетина; дванесетина; дваесетина; педесетина; стотина итн.

Членување на броеви

уреди

Членувањето на броевите е на ист начин како и членувањето на секоја именка или придавка во македонскиот јазик. Броевите можат да се сретнат во машка, женска или средна членувана форма, во зависност од родот на бројот.

  • м.р: петти > петтиот, петтиов, петтион
  • ж.р: десетта > десеттата, десеттава, десеттана
  • с.р: прво > првото, првово, првоно
  • мн.: деветти > деветтите, деветтиве, деветтине

Поврзано

уреди