Намибија или официјално Република Намибија (англиски: Republic of Namibia, африканс: Republiek van Namibië, овамбоански: Orepublika yaNamibia) е држава во Јужна Африка. Намибија на запад излегува на Атлантскиот Океан, додека на север се наоѓаат Ангола и Замбија, на исток се Зимбабве и Боцвана и Јужноафриканската Република (ЈАР) се наоѓа на југ. Намибија својата независност ја стекнала од Јужноафриканската Република на 21 март 1990 година преку Намибиската војна за независност. Главен, а воедно и најголем град на Намибија е Виндхук. Денес, Намибија е член на повеќе меѓународни организации меѓу кои ООН, Јужноафриканската Заедница за Развој, Африканската Унија и Комонвелтот на нациите.

Република Намибија
Знаме Грб
ГеслоUnity, Liberty, Justice
„Единство, Слобода, Правда“
ХимнаNamibia, Land of the Brave
„Намибија, земја на храбрите“

Местоположба во Африка
Местоположба во Африка
Местоположба во Африка
Главен градВиндхук
Најголем град гл. град
Службен јазик англиски
Народности (2014) 49.5% Овамбоанци:
Демоним Намибиец
Уредување Унитарна доминантно-партиска полупретседателска република
 •  Претседател Хаге Гејнгоб
 •  Потпретседател Нанголо Мбумба
 •  Премиер Сара Кугонгелва-Амадила
 •  Заменик премиер Нетумбо Нанди-Ндатвах
Законодавство Парламент
 •  Горен дом Национален совет
 •  Долен дом Национално собрание
Независност од ЈАР
 •  Устав 9 февруари 1990 
 •  Независност 21 март 1990 
Површина
 •  Вкупна 825,615 км2 (34-та)
 •  Вода (%) незначително
Население
 •  Попис 2017 2,606,971[9] 
 •  Густина 3.2 жит/км2 (235-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2017 г.
 •  Вкупен $27.451 милијарди[10] 
 •  По жител $11,838[10] 
БДП (номинален) проценка за 2017 г.
 •  Вкупно $11.765 милијарди[10] 
 •  По жител $5,073[10] 
Џиниев коеф. (2009)59.7[11]
висок
ИЧР (2015) 0.640[12]
среден · 125th
Валута Намибиски долар (NAD),
Јужноафрикански ранд (ZAR)
Часовен појас CAT (UTC+2)
Се вози на лево
НДД .na
Повик. бр. +264

Сувите предели на Намибија биле населени уште од древните времиња од страна на народите Бушмани, Дамара и Намаква. Од 14 век на територијата на Намибија се доселиле припадниците на народот Банту. Во 1884 година, Намибија била дел од Германското Царство и останала германска колонија сè до Првата светска војна. Во 1920 година, Лигата на народите ја предала целата територија на Јужноафриканската Република.

Како и да е, незадоволството на народот довело до револт во 1966 година и африканските водачи предводени од ООН ја признале Народна Организација на Југозападна Африка како официјален претставник на намибискиот народ во 1973 година. И покрај тоа, Намибија сè уште била под контрола на ЈАР, но набрзо се проширил внатрешен револт во државата Намибија успеала целосно да се ослободи од туѓата контрола до 1990 година.

Намибија има население од 2.1 милион жители и стабилен повеќепартиски систем. Главни компоненти на намибиската економија се земјоделството, сточарството, турзмот и производството и извозот на скапоцени камења. Државата е втора најслабо населена држава во светот, веднаш зад азиската држава Монголија. Околу половина од населението на Намибија живее под меѓународната линија на сиромаштија и Намибија има сериозни проблеми со вирусот ХИВ.

Името на Намибија потекнува од името на пустината Намиб, за која се смета дека е најстара пустина во светот.[13] Самото име „Намиб“ е од намајскиот јазик и значи „пространо место“. За време на колонијалниот период територијата се именувала како Германска Југозападна Африка, а потоа територијата потпаднала под управа на ЈАР и се именувала како Југозападна Африка.

Историја

уреди

Претколонијален период

уреди

Според археолошките истражувања, се смета дека територијата на денешна Намибија била населена уштењ од најрани времиња. Во античко време на овие простори живееле Бушманите, племињата Дамара и Мамака. Во текот на 14 век, сите овие племиња биле преполовени од страна на народите Банту. Првите европски истражувачи кои дошле на територијата на Намибија биле Португалците предводени од Диого Као во 1485 година, но и подоцна во 1486 на чело со Бартоломео Дијас. Иако португалските истражувачи ја посетиле Намибија, сепак територијата не била прогласена за португалска сопственост. Како и да е, Намибија не била убаво истражена од европските колонијални земји сè до 19 век, кога на територијата на Намибија пристигнале Германците и Швеѓаните.

Германска окупација

уреди

Подоцна овие територии биле населени од европските колонизатори. Во 1878 година, Велика Британија подрачјето околу Валфис Беј го прогласила за своја територија, вклучувајќи го во ’Ртската Колонија. Во 1883 година Адолф Лудерик го купил крајбрежјето на денешната земја. По преговорите помеѓу Германија и Велика Британија било одлучено бреговите да припаднат на Германците со исклучок на Валфис Беј. Оваа теритоија била позната под името Германска Југозападна Африка.[14] Првото позначајно востание кое било подигнато во денешна Намибија се случило во 1903 година под раководство на Самуел Махареро. Во почетокот староседелците имале добри резултати, но по испраќањето на голема германска војска, тие претрпиле голем пораз, и голем број на црнци биле или убиени или прогонети во денешна Боцвана. По крајот на ова востание се случило и поредниот бунт. Немирите продолжиле до 1907 година кога бил постигнат мир. Во тој конфликт се смета дека загинале околу 40.000 луѓе.

Јужноафриканска окупација и независност

уреди

Во времето на Првата светска војна, Јужноафриканскиот сојуз успеал да ја заземе Намибија. Во 1920 година земјата добила право да ја контролира територијата на Југозападна Африка од страна на Лигата на народите. Во 1966 година Југозападниот африкански фронт започнал борба за независност од ЈАР, кои главно имале поддршка од Советскиот Сојуз. Од тој период, Југозападна Африка започнала да се нарекува Намибија. Меѓународната заедница не го признавала правото на ЈАР да ги контролира овие области. На 21 март 1990 година, во присуство на Генералниот секретар на ООН и претседателот на ЈАР, земјата била прогласена за независна држава.

Географија и клима

уреди
 
Карта на Намибија.

Намибија е држава која се наоѓа во Јужна Африка, поточно во западниот дел од регионот. Вкупната површина на Намибија изнесува 825.418 км2[15]. Според површина, Намибија е 43-та најголема држава во светот, додека според густина на населението е втора најслабо населена држава во светот, веднаш зад Монголија. Главен град на Намибија е Виндхук, кој воедно е и најголем град во државата. На запад Намибија излегува на Атлантскиот Океан, на север граничи со Ангола и Замбија, на исток со Боцвана и Зимбабве и на југ со Јужноафриканската Република. Вкупнот население на Намбија изнесува 2.108.665 жители.

Пејзажот на Намибија се состои од пет географски предели, кои секој е карактеристичен по животинскиот и растителен свет. Петте географски предели на Намибија се: Централното Плато, Намибиската Пустина, Големата Косина, Бушвелд и пустината Калахари.

Клима

уреди

Иако климата во Намибија е многу сушна и топла, сепак има неколку исклучоци. Атлантскиот брег е карактеристичен по својата поумерена клима.

Населени места

уреди
 
Патот помеѓу Свакопмунд и Валфис Беј.

Најголем град во Намибија е Виндхук, кој воедно е и главен град на државата. Виндхук е главен центар во државата во транспортна, трговска и културна смисла. Покрај Виндхук, позначајни градови се и:

Политички систем

уреди
 
Влада на Намбија.

Намибија е претседателска демократска република, каде претседателот на државата е избран за мандат од пет години. Претседателот е шеф на државата, претседател на владата и водач на повеќепартискиот систем. Извршната власт во Намибија е во рацете на владата. Законодавната власт во Намибија е во рацете на владата и дводомното собрание на Намибија, односно во рацете на Националното собрание на Намибија и Националниот совет на Намибија. Судската власт во државата е независна од законодавната и извршната.[16]

Меѓународни односи

уреди
 
Појас Каприви.

Намибија е независна во поглед на својата надворешна политика. Со мала војска и ранлива економија, Намибија е фокусирана кон развој на стратешките врски во јужноафриканскиот регион. Таа е активен члена Заедницата за развој на Јужна Африка и гласноговорник за регионална интеграција. Намибија станала 160 членка на ООН на 23 април 1990 година. Покрај тоа, Намибија е член и на Комонвелтот на нациите.

Меѓународни спорови

уреди

Што се однесува за меѓународните спорови на Намибија, државата е инволвирана во:

Административна поделба

уреди

Административно, Намибија е поделена на 14 административни региони, кои пак се поделени на 121 округ.

 
Карта на регионите во Намибија
1. Замбези
2. Еронго
3. Хардап
4. Карас
5. Источно Каванго
6. Западно Каванго
7. Комас
8. Кунене
9. Охангвена
10. Омахеке
11. Омусати
12. Ошана
13. Ошикото
14. Очозондјупа

Стопанство

уреди

Економијата на Намибија е тесно сврзана со економијата на ЈАР.[17][18] Главна компонента на намибиската економија е рударството, кое сочинувало 12.4% од домашното производство во 2007. Покрај земјоделството, поважни се и земјоделството со 9.5% од вкупното производство и производството застапено со 15.4%[19] Од гледна точка на приходи, рударството носи најголем приход на намибиската економија, околу 25%.[20] Намибија е четврти извозник на несуровински минерали во Африка и петти производител на ураниум во светот. Во ураниумското производство во последно време имало сериозни инвестиции и се претпоставува дека земјата може да стане најголем извозник на ураниум.

Население, јазик и религија

уреди

Население

уреди
 
Херерки.

Според население, Намибија е втора најслабо населена држава во светот, веднаш зад Монголија. Мнозинството население на Намибија е од црната раса. Повеќе од половина од населението се припадници на народот Овамбо и живеат во северниот дел од земјата. Покрај нив, во Намибија живеат и Херерци и Химбанци, кои зборуваат сродни јазици.

Поголем дел од народите кои живеат во Намибија се припадници на големата група Банту, но има и припадници на останати поголеми етнички групи како на пример Коисани кои се потомци на првичните жители на Намибија. Исто така, во Намибија живеат и Анголци кои се бегалци во државата. Покрај сите овие, има и мешано население кои сочинуваат околу 6.5% од вкупното население. Во 2006 година во Намибија живееле 40.000 Кинези[21] Белото население во Намибија е од португалско, холандско, германско, британско и француско потекло кои сите заедно се околу 7% од населението.

Религија

уреди

Најголема религија во Намибија е Христијанството кое е застапено со околу 80 % од населението. Покрај Христијанството, 10 % од населението се припадници на некои од локалните африкански религии, 3 % се припадници на малата исламска заедница и остатокот е класифициран како непознат.

Верници во Намибија
Христијани
  
97,50 %
Муслимани
  
0,30 %
Без Религија
  
1,90 %
Народна Религија
  
0,20 %

Јазици

уреди

Службен јазик на територијата на Намибија е англискиот јазик. До 1990 година, германскиот и африканс биле исто така службени јазици. Одреден период пред Намибија да ја добие својата целосна независност, властите во Намибија одлучиле државата да биде монолингвална, чекор кој намерно бил преземен како споредба со ситуацијата во ЈАР.[22] Поради тоа, англискиот останал единствен службен јазик, додека како признати јазици кои се зборуваат во Намибија се африканс, германски јазик и ошивамбо јазик.

Половина од Намибијците зборуваат ошивамбо како мајчин јазик, додека повеќето од населението разбираат и африканс. Помеѓу младото население, јазик кој најмбогу го разбираат е англискиот. Бидејќи ниту англискиот ниту африканс не се мнозински мајчин јазик, тие се најмногу зборувани втори јазици низ земјата. Од белото население во земјата, 60% зборуваат африканс, 32% германски, 7% англиски и 1% португалски.

Култура

уреди

Најпопуларен спорт во Намибија е фудбалот. Националната репрезентација на Намбија се квалификувала на Купот на Африка во 2008 година. Покрај фудбалот, рагбито и крикетот се исто така популарни спортови. Намибија учествувала на три светски купа во рагби во 1999, 2003 и 2007 година. Најпознат атлет во Намибија е Франки Фредерикс кој освоил 4 медали на Олимписките игри во дисциплината трчање.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Communal Land Reform Act, Afrikaans“ (PDF). Government of Namibia. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-02-25. Посетено на 18 February 2016.
  2. „Communal Land Reform Act, German“ (PDF). Government of Namibia. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-10-09. Посетено на 18 February 2016.
  3. „Communal Land Reform Act, Khoekhoegowab“ (PDF). Government of Namibia. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-02-25. Посетено на 18 February 2016.
  4. „Communal Land Reform Act, Otjiherero“ (PDF). Government of Namibia. Посетено на 18 February 2016.[мртва врска]
  5. „Communal Land Reform Act, Oshiwambo“ (PDF). Government of Namibia. Архивирано од изворникот (PDF) на 1 март 2016. Посетено на 18 февруари 2016.
  6. „Communal Land Reform Act, Rukwangali“ (PDF). Government of Namibia. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-02-25. Посетено на 18 February 2016.
  7. „Communal Land Reform Act, Setswana“ (PDF). Government of Namibia. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-02-25. Посетено на 18 February 2016.
  8. „Communal Land Reform Act, Lozi“ (PDF). Government of Namibia. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-02-25. Посетено на 18 February 2016.
  9. „CountryMeters – Namibia population“. CountryMeters. Посетено на 7 февруари 2018.
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 „Namibia“. International Monetary Fund.
  11. „Economic Policy and Poverty Unit“. UNDP Namibia. Архивирано од изворникот на 2 декември 2013. Посетено на 10 септември 2013.
  12. „2016 Human Development Report“ (PDF). United Nations Development Programme. 2016. Посетено на 21 March 2017.
  13. Spriggs, A. (2001) „Africa: Namibia“. Земски екорегиони. Светски фонд за природа (WWF). (англиски)
  14. „German South West Africa“. Encyclopædia Britannica. Посетено на 2008-04-15. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  15. „Rank Order - Area“. CIA World Fact Book. Архивирано од изворникот на 2014-02-09. Посетено на 2008-04-12.
  16. Anton Bösl (2008-12-18). „Kas.de“. Kas.de. Архивирано од изворникот на 2009-04-28. Посетено на 2010-06-26.
  17. (United States Central Intelligence Agency, 2007)
  18. (United States State Department, 2007)
  19. „US Department of State“. State.gov. 2010-06-10. Посетено на 2010-06-26.
  20. „Mining in Namibia.doc“ (PDF). NIED. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-05-10. Посетено на 2010-06-26.
  21. China and Africa: Stronger Economic Ties Mean More Migration, By Malia Politzer, Migration Information Source, August 2008
  22. Pütz, Martin. Official Monolingualism in Africa: A sociolinguistic assessment of linguistic and cultural pluralism in Africa. in: Discrimination through language in Africa? Perspectives on the Namibian Experience. Mouton de Gruyter. Berlin: 1995. p.155.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди