Фудбалска репрезентација на Уругвај

Фудбалската репрезентација на Уругвај е фудбалски тим кој го претставува Уругвај на меѓународните натпревари и е под контрола на Фудбалскиот сојуз на Уругвај.

Уругвај 1902 година

Уругвај го освоил Светското првенство; првиот пат во 1930 година (кога бил домаќин), победувајќи ја во финалето Аргентина со 4-2. Вторпат го освоиле во 1950, кога во финалето со 2-1 го победиле Бразил. Тимот исто така освоил и две златни медали на Летните олимписки игри во 1924 и 1928, пред создавањето на Светското првенство. Уругвај освоил повеќе меѓународни титули (19) во XX век за разлика од било која друга земја во светот и сè уште го држи овој рекорд, иако сега го споделува со Аргентина.

Нивниот успех го зголемува и фактот што Уругвај има многу малку жители. Уругвај е единствената земја во светот која го освоила Светското првенство, а има помалку од 4 милиони жители. Всушност, само шест нации со население помало од тоа на Уругвај досега учествувале на Светското првенство: Северна Ирска (3 пати), Велс, Кувајт, Словенија и Тринидад и Тобаго. Исто така, Уругвај е најмалата нација која го освоила Олимпискиот медал во било кој тимски спорт.

Олимпијадата во Уругвај 1928 година

Уругвај е и најмалиот член на КОНМЕБОЛ-от, јужноамериканската фудбалска конфедерација. Без оглед на тоа, Уругвај го освоил 14 пати Американското првенство, рекорд кој го споделува со Аргентина.

Меѓутоа, нивото на фудбалската репрезентација на Уругвај се намалило во последно време, бидејќи Уругвај се квалификувал само еднаш во последните четири Светски првенства, иако останал силен тим во Јужна Америка, завршувајќи на третото и четвртото место во последните два Американски купови.

Резултати на репрезентацијата

уреди

Светски првенства

уреди
1930 во Уругвај првак
1934 во Италија не учествувала
1938 во Франција не учествувала
1950 во Бразил првак
1954 во Швајцарија 4 место
1958 во Шведска не се квалифицирала
1962 во Чиле 1 коло
1966 во Англија четвртфинале
1970 во Мексико 4 место
1974 во Германија 1 коло
1978 во Аргентина не се квалифицирала
1982 во Шпанија не се квалифицирала
1986 во Мексико 2 коло
1990 во Италија 2 коло
1994 во САД не се квалифицирала
1998 во Франција не се квалифицирала
2002 во Јужна Кореја/Јапонија 1 коло
2006 во Германија не се квалифицирала
2010 во Јужноафриканска Р. се квалифицирала

Актуелен кадар

уреди
Број Име Клуб Роденден
Голмани
01 Фернандо Муслера   ФК Лацио
12 Хуан Кастиљо   Депортиво Кали
23 Мартин Силва   ФК Дефенсор
Одбрана
02 Диего Лугано   ФК Фенербахче
03 Диего Годин   Виљареал
04 Хорхе Фусиле   ФК Порто
06 Андрес Скоти   ФК Коло Коло
16 Макси Переира   ФК Бенфика
20 Маурисио Викторино   ФК Универсидад де Чиле
22 Мартин Касерес   ФК Јувентус
Среден ред
05 Валтер Гаргано   ФК Наполи
08 Себастијан Егурен   ФК АИК
011 Алваро Переира   ФК Порто
14 Николас Лодеиро   ФК Ајакс
15 Диего Перес   ФК Монако
17 Ихнасио Гонсалес   ФК Валенсија
18 Егидио Аревало Риос   ФК Пењарол
21 Алваро Фернандес   ФК Универсидад де Чиле
Напад
07 Единсон Кавани   ФК Палермо
9 Луис Суарез   ФК Ајакс
10 Диего Форлан   Атлетико Мадрид
13 Себастијан Абреу   Ботафого
19 Себастијан Фернандес   Банфилд