Северна Германија
Северна Германија е географска област на северот на Германија. Првичниот германски концепт за северна Германија е наречен Norddeutschland.
Географија
уредиГлавните теренски одлики на Северна Германија се блатата долж крајбрежјето на Северното Море и Балтичкото Море и ниски терени во внатрешноста. Исто така, познати се и ниските ридови кај Балтичките Висорамнини, морени, терминални морени, леднички долини и мочуришта. Овие одлики биле формирани во текот на последното ледено доба и има контраст со Централните Висорамнини на Германија (како што се Харц) и Тевтобуршка Шума, кои повремено се вклучуваат како дел од Северна Германија.
Алтмарк во Саксонија-Анхалт, северната област на Бранденбург со Пригниц и Укермарк и Вестфалија се сметаат како дел од северногерманската област.
Историја
уредиХанзата е дел од заедничката историја и култура на градовите во Северна Германија со Метрополитенската област Хамбург како модерен центар. Долногермански е историски јазик во оваа област (видете: Бенратска линија).
Северногермански покраини
уредиТерминот Северногермански покраини е често користен за следниве сојузни покраини на Германија:
Во некои случаи, исто така, се сметаат и овие континентални држави:
Северна Германија како област или како историски крај вклучува и други области од други сојузни покраини (види географија погоре).