Алпи
Алпите (италијански: Alpi; француски: Alpes; окситански: Aups/Alps; германски: Alpen; реторомански: Alps; словенечки: Alpe) е името на едни од најголемите планински вериги во Европа, протегајќи се од Австрија и Словенија на исток; преку Италија, Швајцарија, Лихтенштајн и Германија; до Франција на запад.
Алпи | |
верига | |
Планината Јунгфрау
| |
Земји | Австрија, Франција, Германија, Швајцарија, Италија, Словенија, Лихтенштајн |
---|---|
Највисока точка | Монблан (италијански: Monte Bianco) |
- височина | 4.810 м |
- координати | 45°50′01″N 06°51′54″E / 45.83361° СГШ; 6.86500° ИГД |
Геологија | биндски шкрилци, флиш, моласи |
Орогенија | алпска |
Период | терцијар |
Relief of the Alps
|
Највисокиот врв на Алпите е Монблан, на 4.810 метри (15,775 стапки) од италјанско-француската граница. Сите главни врвови на Алпите можат да се најдат на списокот на планини на Алпите и на списокот на врвови на Алпите според еминентност.
Името „Алпи“ е изведено од француското од латински Alpes, кое можеби е во сродство со латинското albus („бело“). Германското Albe, Alpe или Alp (од старогорногерманското alpâ, во множина alpûn) во еднина значи „alpine pasture“, а само во множина може да се однесува на планинската верига како целина.[1]
Алпите како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Тартарен на Алпите“ - роман на францускиот писател Алфонс Доде од 1885 година.[2]
- „Некогаш, на Алпите“ (Некад, у Алпима) - песна во проза на српскиот писател Иво Андриќ.[3]
Поврзано
уреди- Северни Варовнички Алпи
- Јулиски Алпи
- Динариди
- Јужни Алпи (Нов Зеланд)
Наводи
уреди- ↑ Јакоб Грим, „Германски речник“: „Albe“, „Alpe“. Избворно значење: „бел“ (поради трајниот снег на високите делови). Веројатно поимот бил застапен во италокелтските говори бидејќи келтските јазици имаат поим за високи планини изведен од зборот alp.
- ↑ Ivan Dimić, „Alfons Dode - prodavac sreće“, во: Alfons Dode, Tartaren Taraskonac. Beograd: Rad, 1963, стр. 100-101.
- ↑ Иво Андрић, Ex Ponto - Немири - Лирика. Београд: Просвета, 1977, стр. 234-235.
Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |