Гренада
- Не ја поистоветувајте со градот Гранада. За други значења видете ја страницата за појаснување.
Гренада (англиски: Grenada) — островска држава во Средна Америка, дел од Карипските Острови Мали Антили. Државата е составена од најголемиот остров Гренада и уште шест островчиња дел од островската група Гренадини, од кои остатокот припаѓаат на Свети Винсент и Гренадини. Источно од државата се наоѓа Карипското Море, додека западно од неа се наоѓа Атлантскиот Океан.
Grenada Гренада |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: “Ever Conscious of God We Aspire, Build and Advance as One People”[1] | ||||||
Химна: Hail Grenada Кралска химна: God Save the Queen |
||||||
Главен град | Сент Џорџ 12°03′N 61°45′W / 12.050° СГШ; 61.750° ЗГД | |||||
Најголем град | главниот град | |||||
Службен јазик | англиски, патоа | |||||
Народности | 82% црнци, 13% мешани, 5% бели и останати[2] | |||||
Демоним | Гренаѓанец | |||||
Уредување | уставна монархија | |||||
• | Кралица | Чарлс III | ||||
• | Генерален гувернер | Сесил Ла Гренад | ||||
• | Премиер | Тилман Томас | ||||
Законодавство | Собрание | |||||
• | Горен дом | Сенат | ||||
• | Долен дом | Претставнички дом | ||||
независност од Велика Британија | ||||||
• | Датум | четврток 7 февруари 1974 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 344 км2 (203-та) | ||||
• | Вода (%) | 1.6 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 12 јули 2005 г. | 110.000 (185-та) | ||||
• | Густина | 319.8 жит/км2 (45-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупен | $1.181 милијарди[3] | ||||
• | По жител | $11.464[3] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупно | $678 милиони[3] | ||||
• | По жител | $6.587[3] | ||||
ИЧР (2013) | ▼ 0.744[4] висок · 79та |
|||||
Валута | Долар (XCD ) |
|||||
Часовен појас | (UTC−4) | |||||
• | (ЛСВ) | (UTC−4) | ||||
Се вози на | лево | |||||
НДД | .gd | |||||
Повик. бр. | +1-473 |
Гренада има вкупна површина од 344 км2 каде живеат околу 110.000 жители. Главен град на Гренада е Сент Џорџ и службени јазици се англиски јазик и патоа. Северно од Гренада се наоѓа државата Свети Винсент и Гренадини, додека пак јужно се наоѓа Тринидад и Тобаго.
Потекло на поимот
уредиЗа името на Гренада има пишани докази уште од првото доаѓање на Кристофер Колумбо на островот во 1498 година. Тој го именувал островот како „Консепсион“. Малку е познато како се променило името од Консепсион во Гренада, но се верува дека шпанските морепловци започнале да го именуваат островот според шпанскиот град Гранада.
Историја
уредиГеографија и клима
уредиДржавата е составена од неколку острови. Најголем остров е островот Гренада, додека останатите се помалу. Сите острови, освен Гренада се дел од островската група Гренадини. Остатокот од островите на Гренадини се дел од државата Свети Винсент и Гренадини, а во склоп на Гренада се: Каријаку, Ронде, Каил, Дајмонд, Голем Остров, Салин и Фригат. Најголем дел од населението на државата живее на островот Гренада. Најголеми градови каде има поголема концентрација на население на островот Гренада се Сент Џорџ, Гренвил и Гујав. Најголеми населени места на останатите острови се Хилсбороу и Каријаку.
Островите се со вулканско потекло и поради тоа почвата е доста богата. Највисок врв во државата е Маунт Сент Кетрин со 840 метри. Климата во државата е тропска. Вкупната површина на земјата изнесува 344 км2 каде живеат околу 110.000 жители. Главен град е Сент Џорџ.
Национални симболи
уредиНационално... | симбол |
---|---|
јадење | Оил даун |
животно | ној |
симбол | индиски орев |
пијалак | рум |
спорт | крикет |
птица | Гренаѓански гулаб |
песна | Grenada May God Bless You |
Политички систем
уредиГренада е уставна монахија и на чело на државата е кралот Чарлс III. Кралот во Гренада е претставен од генралниот генерал, кој моментално на оваа позиција е Карлил Глин. Извршната власт во државата е во рацете на владата, односно премиерот на Гренада. Иако е назначен од страна на гувернерот, премиерот најчесто е и водач на најголемата политичка партија во собранието на Гренада.
Собранието на Гренада е дводомно, односно се состои до сенат со капацитет од 13 членови и Претставнички дом со капацитет од 15 членови. Сеноторите се назначени од страна на владата и опозицијата, додека претставниците во Домот се избрани на избори за петгодишен мандат.
Стопанство
уредиСо економските и фискалните реформи во државата се забележал годишен економски пораст од 5 до 6%. Туризмот е голема стопанска гранка во државата. Официјална валута на Гренада е источнокарипскиот долар и заедно со уште седум карипски држави се дел од заедничка централна банка.[5]
Гренада се нарекува „островот на зачините“ бидејќи таа има големо производство на различни зачини, особено на индиски орев, каде 20% од светкото производство доаѓа од Гренада. Како дел од туризмот, популарни се водните спортови, но во последно време и екотуризмот е во подем во државата.
Административна поделба
уредиГренада е поделена на 6 парохии. Парохиите на Гренада се:
|
|
Демографија
уредиГолем дел од населението се со африканско потекло, луѓе кои биле донесени од Африка како работници на плантажите. Покрај нив има и староседелско население, но и мал број на Индијци и белци. Вкупното население е околу 110.000 жители.
Гренада, како и останатите карипски острови, се соочува до голем процент на миграција, каде се верува дека двојно повеќе Гренаѓани од населението на државата живеат во странство.
Службен јазик во Гренада е англискиот јазик, но јазикот патоа се смета за лингва франка во државата, кој пак се зборува само од 10 или 20 % од населението. Скоро целото население во државата се Христијани.
- Христијани - 96,600
- Муслимани - 300
- Без Религија - 1,000
- Хиндуисти - 700
- Народна Религија - 1,300
- Други - 200
Култура
уредиИако француската култура е помалки видлива одошто кај останатите карипски острови, во Гренада се зачувани француските топоними и секојдневниот јазик има примеси од францускиот. Француската култура е повеќе видлива во кулинарството и облеката, но има и малку зачувана француска архитектура од 1700-те. Целокупната култура на островите е под силно влијание на африканската.
Наводи
уреди- ↑ „Government of Grenada Website“. Посетено на 2007-11-01.
- ↑ „https://www.cia.gov/ Grenada factbook“. Архивирано од изворникот на 2018-12-26. Посетено на 2010-03-09. Надворешна врска во
|title=
(help) - ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „Grenada“. International Monetary Fund. Посетено на 2009-10-01.
- ↑ „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
- ↑ http://www.oecs.org/
Поврзано
уредиНадворешни врски
уредиПовеќе за Grenada на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
- Влада на Гренада
- Шеф на држава и кабинет Архивирано на 10 декември 2008 г.
- „Светска книга на факти“ на ЦИА — запис за „Гренада“ (англиски)
- Гренада на UCB Архивирано на 7 јуни 2008 г.
- Гренада на Curlie (англиски)
- Рурална сиромаштија на Гренада
- grenadaisland.com[мртва врска]
- Гренаѓанска револуција
- Кратка историја на Гренада Архивирано на 3 октомври 2011 г.
- Фотографии Архивирано на 1 декември 2010 г.