Дијаманталотропска модификација на јаглеродот. Тоа е најтврдиот минерал во природата. Затоа се користи за сечење, брусење и мазнење на други помеки материјали.

Дијамант
Безбоен осумстран камен се издава од црна карпа.
Приближно осумстран груб дијамант
Општо
Категоријаелементарни минерали
ФормулаC
Штрунцова класификација01.CB.10a
Распознавање
Моларна маса12,01 g/mol
Бојаобично жолт, кафеав, сив или безбоен. поретко син, зелен, црн, проѕирно бел, розов, виолетов, портокалов, пурпурен и црвен.
Хабитусосумстраничен
Кристален системизометриски-четириесетиосумстраничен (кубен)
Цепливост111 (совршено во четири насоки)
Преломшколкест
Цврстина на Мосовата скала10
Сјајадамантен
Огреббезбојна
Проѕирностпроѕирен до потпроѕирен до полупроѕирен
Специфична тежина3,52 ± 0,01
Густина3,5–3,53 г/см3
Измазнет сјајадамантна
Оптички својстваизотропна
Показател на прекршување2,418 (при 500 нм)
Двојно прекршувањенема
Плеохроизамнема
Распрснување0,044
Точка на топењезависно од притисокот
Наводи[1][2]

На Мосовата скала исто така зазема највисоко место со тврдост број 10.

Јаглеродните атоми во дијамантот заземаат тетраедарска структура.

Со сечење и полирање на дијамантот се добива брилијант кој се користи како украс. Полирањето се изведува со дијамантска прашина.

Бидејќи се знае дека настанува во атмосфера со висок притисок и температура, денес е усовршено производството на вештачки дијаманати кои се користат само во индустријата. Постапката се изведува во челични контејнери со експлозија. Русија има развиено технологија да произведуваат дијаманти со различна боја. Индустриските дијаманти не се така крупни како некои дијаманти кои може да се најдат во природата.

Мерна единица за маса на дијамантот е каратот. Еден карат = 0,2 грама.

Производство на дијаманти

уреди

Дијамантите се копаат во рудници, а најголеми светски производители се Русија, ЈАР и Ангола. Во 2016 година, во Ангола бил откопан дијамант од 404 карати и со големина од седум сантиметри. Тој бил дијамант од типот II и со Д-боја, која е најретка и највредна боја на белите дијаманти. Неговата вредност била проценета на 20 милиони долари. Најголемиот дијамант пронајден воопшто е дијамантот „Cullinan“, ископан во ЈАР, во 1905 година. Тој имал 3.106 карати и тежел 600 грама. вториот најголем дијамант во историјата бил пронајден во 2014 година и имал. 1.111 карати.[3]

Дијамантите како тема во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Работилницата за режење дијаманти...“ - расказ на Андре Бретон.[4]
  • „Дијамантите се вечни“ (англиски: Diamonds are forever) - песна на американската пејачка Ширли Бејзи од 1961 година.[5]
  • „Луси на небо, со дијаманти“ (англиски: Lucy in the Sky with Diamonds) - песна на англиската група „Битлси“ (The Beatles) од 1967 година.[6]
  • „Дијаманти во рудникот“ (англиски: Diamonds in the mine) - песна на канадскиот музичар Леонард Коен од 1971 година.[7]
  • „Црн дијамант“ (англиски: Black Diamond) - песна на американската рок-група „Кис“ (Kiss) од 1974 година.[8]
  • „Дијаманти и ’рѓа“ (англиски: Diamonds and Rust) - песна од истоимениот албум на американската музичарка Џоан Баез од 1975 година.[9]
  • „Дијаманти и злато“ (англиски: Diamonds & Gold) - песна на американскиот музичар Том Вејтс (Tom Waits) од 1985 година.[10]
  • „Таа е дијамант“ (англиски: She's A Diamond) — песна на американската рок-група Опал од 1987 година.[11]
  • „Дијаманти“ (англиски: Diamonds) - песна на американската пејачка Ријана од 2012 година.[12]
  • Дијамантите се вечни“ (англиски: Diamonds are Forever) - филм во режија на Гај Хамилтон.[13]

Наводи

уреди
  1. „Дијамант“. WebMineral. Посетено на 7 јули 2009. (англиски)
  2. „Дијамант“. Mindat. Посетено на 7 јули 2009. (англиски)
  3. „Пронајден совршен дијамант во Ангола“, Дневник, година XX, број 5993 петок, 19 февруари 2016, стр. 20.
  4. Андре Бретон, Рајот не е наполно загубен. Скопје: Култура, 1989, стр. 45-47.
  5. Shirley Bassey - Diamonds Are Forever (Official song HD/HQ) Original Version (пристапено на 12.11.2016)
  6. YouTube, The Beatles - Lucy in the Sky with Diamonds (пристапено на 4.2.2017)
  7. Leonard Cohen - Diamonds in the mine (пристапено на 12.11.2016)
  8. YouTube, Kiss Black Diamond (пристапено на 7.6.2017)
  9. YouTUbe, Joan Baez - Diamonds and Rust (With Lyrics) (пристапено на 4.3.2018)
  10. DISCOGS, Tom Waits ‎– Rain Dogs (пристапено на 20.7.2019)
  11. Opal (2) – Happy Nightmare Baby (пристапено на 8.7.2023)
  12. Rihanna - Diamonds (пристапено на 12.11.2016)
  13. Антена, бр. 805, 29.11.2013, стр. 11.