Јужна Африка (регион)
Јужна Африка е регион кој ги опфаќа: Јужноафриканската република, Намибија, Зимбабве, Замбија, Малави, Боцвана, Лесото, Свазиленд и Мозамбик. Во овој регион, некои подрачја достигнале извонредно висок степен на развој, а други, пак, се потполно заостанати. Јужна Африка зазема околу 14% од вкупната површина на Африка. Најголем дел од Јужна Африка се наоѓа помеѓу тропскиот и суптропскиот дел на Африка, на јужната полутопка.
Географска положба и релјеф
уредиЈужна Африка се простира јужно од реките Кунене, Окаванго и Замбези. Претставува висорамнина на околу 1 200 м.н.в. Заобиколена е со високи приморски планини, кои стрмно се спуштаат кон морето. Во средишните и во западните делови на Јужна Африка се наоѓаат полупустини и пустини, како што се Калахари и Намибиската Пустина. Во Јужна Африка се среќаваат повеќе климатски типови: тропски во посеверните делови, умерено-континентален на висорамнините, супторпски покрај бреговите на океаните и пустински во пустините.
Држави
уредиВо Јужна Африка се наоѓаат државите: Мозамбик, Мадагаскар, Малави, Замбија, Зимбабве, Боцвана, Намибија, Јужноафриканската Република, Лесото и Свазиленд.
Држава | Главен град | Површина(км2) | Население (ООН, 2009) |
---|---|---|---|
Боцвана | Габороне | 581 726 | 1 950 000 |
Замбија | Лусака | 752 614 | 12 935 000 |
ЈАР | Кејптаун/Преторија | 1 221 037 | 49 320 500 |
Лесото | Масеру | 30 355 | 2 067 000 |
Мадагаскар | Антонанариво | 587 041 | 19 625 000 |
Малави | Лилонгве | 118 484 | 15 263 000 |
Мозамбик | Мапуто | 801 590 | 22 894 000 |
Намибија | Виндхук | 825 418 | 2 171 000 |
Свазиленд | Мбабане | 17 364 | 1 185 000 |
Зимбабве | Хараре | 390 757 | 12 523 000 |
Население
уредиод прегледот на државите се гледа дека Јужноафриканската Република е најголема и по површина и по број на жители. Во Јужна Африка живеат Бушмани, Хотентоти, Банту-црмци и доселеници од Европа и од Азија.
Стопанство
уредиНаселението, главно, се занимава со земјоделство и со сточарство. Од земјоделските култури најмногу се одгледуваат: шеќерна трска, кафе, чај, тутун, лимони, портокали, банани, ананас, пченица и пченка. Во сточарството најразвиени се овци, кози и говеда. Јужна Африка е богата со руди - злато, платина, дијаманти, бакар, уран, сребро, никел и др. Поради тоа, стопански е најразвиена регија во Африка. Со својот стопански развој особено се истакнува Јужноафриканската Република.