Анри Поенкаре

(Пренасочено од Анри Поанкаре)

Жил Анри Поенкаре (француски: Henri Poincaré 29 април 1854 – 17 јули 1912) [2] — француски математичар, физичар, инженер, и филизов на науката. Тој е често опишуван како полимат, и во математиката од Ерик Темпл Бел бил наречен како Последниот унверзалист,[3] бидејќи бил одличен во сите полиња на дисциплината каква што постоела во неговото време.

Жил Анри Поенкаре
Жил Анри Поенкаре (1854–1912).
Роден(а)29 април 1854(1854-04-29)
Нанси, Франција
Починал(а)17 јули 1912(1912-07-17) (возр. 58)
Париз, Франција
ЖивеалиштеФранција
ПолињаМатематика и физика
УстановиМински кор
Кански универзитет
Париски универзитет
Bureau des Longitudes
ОбразованиеLycée Nancy (подоцна преименувано како Lycée Poincaré)
École polytechnique
École des Mines
Докторски менторЧарлс Хермит
ДокторандиЛуис Башеље
Жон Бослер
Димитри Помпеи
Михајло Петровиќ
Други значајни студентиТобијас Дантзиг
Теофил де Дондер
Познат поПоенкарова хипотеза
Проблем на три тела
Топологија
Специјална релативност
Поенкаре–Хопфова теорема
Поенкарова двојност
Поенкаре–Биркоф–Витова теорема
Поенкареова нееднаквост
Хилберт–Поенкарови серии
Поенкареова метрика
Вртежен број
Бетиев број
Бифуркациона теорија
Теорија на хаосот
Браузерова торема за неподвижна точка
Пенкаре–Бендиксонова теорема
Поенкаре–Линштедов метод
Пенкареова теорема за повторување
Влијание одЛазарус Фуч
Имануел Кант[1]
Влијаел врзЛуис Роџер
Џорџ Давид Биркоф
Поважни наградиРАС златен медал (1900)
Силвестер медал (1901)
Матеучи медал (1905)
Болјаиовата награда (1905)
Брус медал (1911)
Потпис
Белешки
Бил чичко на Пиер Ботро.

Како математичар и физичар, направил голем фундиментален придонес во применета математика, математичка физика, and небесни механики. Тој е одговорен за формулирање на Поанкаровата претпоставка, која била една од најпознатите нерешени проблеми во математикатасе до 2002-2003. Исто така се смета за еден од наоѓачите на топологија. Поанкаре бил првиот кој ги презентирал Лоренцовите трансформации во нивните модерни симетрични форми. Тој ги открил последните релативни брзински трансформации и ги сочувал во писмо до холаѓанскиот физичар Хендрик Лоренц (1853–1928) во 1905.Со тоа добил совршена инварианса на сите Максвелови равенки, што било важен чекор во формулирање на теоријата за специјална релативност.

Поанкаровата група која се користи во физиката и математиака е именувана по него.

Живот

уреди

Поанкаре е роден на 29 април 1854 во Нанси. Доаѓа од многу влијателно семејство.Неговиот татко Леон Поанкаре (1828–1892) бил професор по медицина во Универзитетот на Нанси.[4] Неговата помала сестра Алин се омила за филизофот Емил Бутро. Друг забележителен член во неговата фамилија е неговиот братучед, Рејмонд Поанкаре, кој ќе стане претседател на Франција, 1913 до 1920, и член на Académie française.[5] Израснат е како католик, но подоцна станал агностичен.[6][7]

Едукација

уреди

За време на неговото детство тој бил тешко заболен од дифтерија. Во 1862, Анри е примен во Lycée во Нанси (сега преименуван во Lycée Henri Poincaré во негова чест, заедно со универзитетот во Нанси). Поминал 11 години во Lycée и во овој период се докажал како еден од најдобрите студенти во сите категории. Неговиот професор по математика го опишал како "чудовиште во математиката" и освиол прва награда во concours général, натпреварување помеѓу најдобрите ученици од цела Франција. Неговите најслаби предмети биле Музичко и Физичко образование, каде што бил опишан како „просечен во најдобар случај“.[8]

За време на француско-пруската војна во 1870, служел заедно со татко му во амулантскиот предел.

Поанкаре е примен во École polytechnique во 1873 и дипломирал во 1875. Таму ја изучувал математиката како студент на Чарлс Хермит, каде што го објавил својот прв есеј (Démonstration nouvelle des propriétés de l'indicatrice d'une surface) во 1874. Од ноември 1875 до јуни 1878 студирал во École des Mines, додека истовремено продолжил да студира и математика, и се здобил со диплома за обичен рударски инженер во март 1879.[9]

Првите научни достигнивања

уреди

Поанкаре набргу се основал како еден он најдобрите математичари во Европа, привлекувајки го вниманието на многу истакнати математичари. Во 1881 поанкаре бил поканет да ја заземе професорската позиција во научниот факултет во Парискиот универзитет; ја прифатил оваа понуда. За време на годините од 1883 до 1897, предавал математичка анализа во École Polytechnique.

Во 1881–1882, поанкаре создал нова гранка во математиката: квалитативната теорија на диференцијални равенки. Тој покажал како е можно да се извадат најважните информации за однесувањето на семејството на решенија без да треба да ја реши равенката (бидејќи тоа не е секогаш можно).Тој успешно го користи овој пристап за проблемите во небесни механики и математичка физика.

Кариера

уреди

Поанкаре никогаш не ја напушти својата инженерска работа за математиката. Работел во Министерството за Јавни Служби како главен инженер за развојот на северната железничка од 1881 до 1885. Евентуално станува главен инженер на Corps de Mines во 1893, а подоцна и главен инспектор во 1910.

На почетокот на 1881 и до крајот на кариерата, предавал во универзитетот во Париз. На почетокот бил назначен maître de conférences d'analyse (вонреден професор на анализа).[10] Евентуално, ги поставил темелите на просторна и експериментална механика, математичка физика и теоријата на веројатност, и небесната механика и астрономијата.

Во 1887,на возраст од 32 години, Поанкаре е кандидатиран во Француската академија на науката. Станува нејзин претстедател во 1906, и е кандидатиран во Académie française во 1909.

Во 1887, победил во „Оскар II, кралот на Шведска“ математичкиот натпревар за резолуција на проблемот на трите тела за слободното движење на повеќе тела кои орбитираат.

 
Поанкаровиот семеен гроб

Во 1899, и потоа повторно во 1904, тој интервенирал во случајот на Алфред Дрејфус. Тој ги нападна лажните научни тврдењата на некои од доказите против Драјфус, кој бил еврејски офицер во француската армија, обвинет за предавство од страна на колегите.

In 1912, Poincaré underwent surgery for a prostate problem and subsequently died from an embolism on 17 July 1912, in Paris. He was 58 years of age. He is buried in the Poincaré family vault in the Cemetery of Montparnasse, Paris.

Поранешниот француски министер за образование, Клауд Алегре, во 2004 предложи Поанкаре да биде презакопан во Пантеон во Париз, што е резериврано за француски граѓани со највисок статус.[11]

Работа

уреди

Резиме

уреди

Поанкаре имал голем придонес во различни области на чиста и применета математика како што се: небесни механики, флуидни механики, оптика, електричество, телеграфија, термодинамика, теорија на потенција, квантна механика, теорија за релативноста и физичка космологија.

Меѓу главните теми каде што имал придонес се и следните:

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. "Poincaré's Philosophy of Mathematics": entry in the Internet Encyclopedia of Philosophy.
  2. Poincaré pronunciation examples at Forvo
  3. Ginoux, J. M.; Gerini, C. (2013). Henri Poincaré: A Biography Through the Daily Papers. World Scientific. ISBN 978-981-4556-61-3.
  4. Sagaret, 1911
  5. The Internet Encyclopedia of Philosophy Архивирано на 2 февруари 2004 г. Jules Henri Poincaré article by Mauro Murzi – Retrieved November 2006.
  6. Wolfgang Yourgrau (1979). Variational Principles in Dynamics and Quantum Theory (3. изд.). Courier Dover Publications. стр. 170. ISBN 9780486637730. Poincare's general agnostic outlook culminated in his profound criticism for which the notion of simplicity had been made the occasion.
  7. Henri Poincare (2012). „VII“. The Value of Science: Essential Writings of Henri Poincare. Random House LLC. ISBN 9780307824066.
  8. O'Connor et al., 2002
  9. F. Verhulst
  10. Sageret, 1911
  11. Lorentz, Poincaré et Einstein

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Предлошка:Wikisource-author