Централноафриканска Република

земја во средна Африка
Оваа статија е за независната држава во Африка. За африканскиот регион со исто име видете „Централна Африка“.

Централноафриканската Република (француски: République centrafricaine, санго: Ködörösêse' 'tî Bêafrîka), позната и само како Централна Африка или под скратеницата ЦАР, е независна држава во Централна Африка. Државата се граничи со Чад на север, со Судан на североисток, со Јужен Судан на исток, со ДР Конго и Република Конго на југ и со Камерун на запад. Централноафриканската Република има вкупна површина од 240,000 км2 и со население од околу 4.4 милиони жители, според проценките за 2008 година. Главен град на државата е Банги, службени јазици се францускиот и санго и најголема религија во земјата е христијанството.

Централноафриканска Република
République centrafricaine
Ködörösêse tî Bêafrîka
Знаме Грб
Гесло"Unité, Dignité, Travail"  (француски)
"Единство, гордост, работа"
ХимнаE Zingo  (санго)
La Renaissance  (француски)
Ренесанса

Местоположба на Централноафриканска Република
Главен град
(и најголем)
Банги
4°22′N 18°35′E / 4.367° СГШ; 18.583° ИГД / 4.367; 18.583
Службен јазик француски
санго
Народности  Гбајанци 33%
Банданци 27%
Манџанци 13%
Сарани 10%
Мбоуми 7%
Мбакани 4%
Јакомани 4%
други 2%
Демоним Централноафриканец
Уредување република
 •  Претседател Франсоа Возизе
 •  Премиер Фостин-Аршанж Туадера
Законодавство Собрание
Независност
 •  од Франција 13 август 1960 
Површина
 •  Вкупна 622,984 км2 (43-та)
 •  Вода (%) 0
Население
 •  проценка за 2009 г. 4,422,000[1] (124-та)
 •  Попис 2003 3,895,150 
 •  Густина 7.1 жит/км2 (223-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2011 г.
 •  Вкупен $3.641 милијарди[2] 
 •  По жител $767[2] 
БДП (номинален) проценка за 2011 г.
 •  Вкупно $2.165 милијарди[2] 
 •  По жител $456[2] 
Џиниев коеф. (2008)56.3[3]
висок
ИЧР (2011)0.343
низок · 179-та
Валута ЦФА франк (XAF)
Часовен појас WAT (UTC+1)
 •  (ЛСВ) н.п. (UTC+1)
Се вози на десно[4]
НДД .cf
Повик. бр. 236

Повеќето од територијата на ЦАР е покриена со суданско-гвинејско савани. Во северниот дел на земјата има сахелско-суданска зона, а во јужниот дел на земјата има екваторски прашуми. Две третини од земјата е дел од басенот на реката Убанги, која тече кон југ кон реката Конго. Остатокот од земјата е дел од басенот на реката Шари, која тече северно кон езерото Чад.

Бидејќи главните географски одлики во земјата се реките Убанги и Шари, за време на колонијалниот период Франција ја именувала колонијата како Убанги-Шари (Oubangui-Chari). Убанги-Шари станала полуавтономна територија во 1958 година, а се стекнала со целосна независност на 13 август 1960 година. Три децении по независноста, државата била управувана од претседатели и еден император кои или не биле демократски избрани или ја зазеле власта насилно. Локалното незадоволство било поддржано од меѓународната јавност по завршувањето на Студената војна.

Потекло на поимот уреди

Името на државата потекнува од местоположбата на државата. Републиката се наоѓа во Централна Африка и по тој регион е именувана државата. Централноафриканската Република понекогаш се именува и само како „Централна Африка“ или со скратеницата „ЦАР“. Пред независноста, државата била позната како колонија Убанги-Шари - двете најголеми реки во државата.

Историја уреди

 
Карта на ЦАР. Територијата на ЦАР е скоро иста со територијата на колонијална Убанги-Шари.

Меѓу 1000 г.п.н.е. и 1000 година, убангиски народи започнале да се населуваат источно од Камерун кон Судан и се населиле на територијата на ЦАР. За време на овој период, многу помал број бантуански народи се населиле во југозападниот дел на државата, како и некои судански народи по реката Убанги. Најголемиот дел од населението на ЦАР зборуваат на убангиски јазици, но и на банту-јазиците. Мал дел зборуваат централносудански јазици. Во скоро време се доселиле Mуслимани, воглавно Арапи и Хаузи.

Сè до 19 век, централноафриканските народи живееле надвор од суданската зона на Африка, односно не биле во контакт со муслиманскиот свет. Така, народите биле во слаб контакт со абрахамските религии и северните економии. За време на првите декади на 19 век, муслимански трговци започнале да навлегуваат на територијата на ЦАР и одржувале специјални односи со месното население сè со цел да се одржи добра трговија во регионот.

Првичниот продор на муслиманите во регионот бил релативно мирен и зависел од помошта од месното население. По 1850 година на територијата на државата навлегле трговци со робови со добро опремена војска. Меѓу 1860 и 1910 година, голем број од населението од источниот дел на државата било продадени како робови.

Колонијален период уреди

Европскиот продор во ЦАР започнал во доцниот 19 век, за време на т.н. период Трка за Африка (Колонизација на Африка). Грофот Саворњан де Браза бил главна личност при основањето на Француско Конго, чие седиште бил новооснованиот град Бразавил. Набрзо Браза испратил експедиции во регионот на реката Убанги сè со цел да се прошири француската колонијална власт во Централна Африка. Паралелно со Франција во трка за основање власт во Централна Африка биле и Белгија, Германија и Обединетото Кралство.

Во 1889 година Франција го основала Банги, главниот град на новооснованата колонија Убанги-Шари. Во 1890/ 1891 година во склоп на Убанги-Шари биле додадени териториите околу реката Санга (југозападна ЦАР), регионот околу езерото Чад и околу реката Убанги. ЦАР ги поврзувала француските колонии во Западна Африка, Северна Африка и Источна Африка.

Независност уреди

Колонијата Убанги-Шари на 1 декември 1958 година станала автономна територија во рамките на Франција и била преименувана во „Централноафриканска Република“. Татко на нацијата и прв претседател на „Владиниот совет“ бил Бартелеми Боганда, кој умрел во сомнителна авионска несреќа осум дена пред последните избори во колонијална ЦАР. На 13 август ЦАР станала целосно независна држава со главeн град Банги.

Географија и клима уреди

 
Сателитска снимка на ЦАР.

Централноафриканската Република е држава без излез на море. Државата се наоѓа во средишниот дел на континентот Африка, во регионот Централна Африка. Државата се граничи со Чад на север, со Судан на североисток, со Јужен Судан на исток, со ДР Конго и Република Конго на југ и со Камерун на запад. Централноафриканската Република има вкупна површина од 240,000 км2 и со население од околу 4.4 милиони жители, според проценките за 2008 година. Главен град на државата е Банги.

Повеќето од територијата на државата е составена од рамни висорамнини, поточно савани, со просечна надморска височина од 500 метри. Во југозападниот дел на државата може да се забележат ридски предели. Северозападно од масивот Јаде се наоѓа гранитна висорамнина со надморска височина од 348 метри. Со својата површина државата е 42 најголема држава во светот. За споредба, државата по големина е слична со Украина и американската сојузна држава Тексас.

Поголем дел од јужната граница на државата е всушност реката Конго. Во источниот дел се наоѓа реката Мбому, која се спојува со реката Уеле и така се создава реката Убанги. Во западниот дел на државата се наоѓа реката Санга.

Климата во ЦАР е тропска. Северните делови се посуви, потопли и порашливи. Североисточниот дел на земјата е пустински, а јужните предели биле предмет на опустошување.

Политика уреди

 
Претседателот на ЦАР - Франсоа Бозизе.

Претседател на ЦАР е Франсоа Бозизе. Со референдумот од 5 декември 2004 година бил донесен нов устав на Републиката. Повеќепартиски претседателски и парламентарни избори биле одржани во 2005 година,[5]. По изборите како победник бил прогласен Бозизе.[6] Како и останатите француски колонии, правниот систем на државата е заснован на францускиот правен систем.[7]

Во февруари 2006 година, медиумите забележале засилено насилство во северниот дел на ЦАР.[8] Илјадници бегалци ги напуштиле своите домови и биле пресретнати од меѓусебните престрелки меѓу владините сили и бунтовниците. Над 7.000 луѓе пребегнале во Чад. Луѓето кои останале во државата биле жртви на систематско убивање под сомнеж дека биле соработници со бунтовниците.[9]

Во март 2010 година, Франсоа Бозизе потпишал декрет со кој се најавиле претседателски избори за 25 април 2010 година.[10] Изборите првично биле одложени за 16 мај, а подоцна на неодредено време.[11] На крај општи избори биле одржани на 23 јануари 2011 година. И покрај сериозните проблеми при организирање на изборите,[12] изборите се одржале. Изборите биле делумно финансирани од ЕУ, ООН.

Националното собрание на Републиката е еднодомно и е составено од 105 пратеници. Пратениците се избрани за мандат од 5 години. Актуелен премиер на ЦАР е Фостин-Аршанж Туадера.

Административна поделба уреди

 
Карта на префектурите во ЦАР.

ЦАР е поделена на 14 административни префектури, две економски префектури и една автономна комуна. Префектурите се поделени на 71 потпрефектура.

Префектурите во ЦАР се:

Економските префектури се Нана-Гребизи и Санга-Мбаере, а автономната комуна е Банги.

Стопанство уреди

Централноафриканската Република е класифицирана како една од најслабо развиените држави во светот.[13] За државата се проценува дека годишниот приход по глава по жител е 700 долари (2009 г.).

Државата е слабо населена и нема излез на море. Воглавно ЦАР е земјоделска држава. Поголем дел од населението се фармери и така 55% од БДП на државата е земјоделството. Земјоделството и шумарството се главни стопански гранки во државата, од кои 70% од населението се занимаваат со една од овие две индустриски гранки. Главни земјоделски производи се сусам, пченка, кикирики, а главни извозни производи се памук, кафе и тутун. Извозот на дрво е застапен со 16 % од вкупната надворешна трговија на земјата. 54% од надворешната трговија е со индустриски дијамант.

Демографија уреди

 
Фулани во ЦАР.
Население

Населението на ЦАР се зголемило за речиси четири пати од моментот на стекнувањето на независноста па сè до денес. Во 1960 година, ЦАР имала 1.232.000 жители, а според проценките на ООН за 2009 година државата има 4.422.000 жители. Проценките ги земаат предвид ефектите на зголемениот морталитет како резултат на епидемијата на ХИВ, големата стапка на смртност на новороденчиња, намален природен раст и слично.

Според ООН, околу 11% од населението на ЦАР на возраст од 15 до 49 години се ХИВ позитивни.[14] Само 3% од населението има пристап кон антивирусна терапија, а за споредба во Чад и ДР Конго процентот е 17.[15]

Државата е составена од над 80 различни етнички групи, секој со свој засебен јазик. Најголема етничка група во државата се Гбајанците со 33%, а потоа следуваат Ванданците со 27%, Манџанци со 13%, Саранци со 10%, Мбоуми со 7%, Мбаканци со 4%, Јакуманци со 4%, Фулани со 3% и останати со 4%, меѓу кои и Европејци од француско потекло.[16]

Религија

Најголема религија во ЦАР е Христијанството, каде 80.3% од населението се Христијани. Околу 9.6% од населението се следбеници на некои од локалните староседелски религии. Трета најголема религија во државата е Исламот, каде 10.1 % од населението се Муслимани - според пописот од 2003.[18]

Во државата има поголем број мисионерски групи, меѓу кои лутеранци, Баптисти, Католици и Јеховини Сведоци. Поголем број од мисионерите се од САД, Франција, Италија и Шпанија, но има и мисионери од Нигерија, ДР Конго и останатите африкански држави. Поголем број од мисионерите ја напуштиле државата за време на конфликтот меѓу владата и бунтовниците во 2002 и 2003. Сепак во скоро време мисионерите се враќаат во државата.[19]

Култура уреди

Наводи уреди

  1. „World Population Prospects, Table A.1“ (PDF). 2008 revision. United Nations. 2009. Посетено на 2009-03-12. Наводот journal бара |journal= (help)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Central African Republic“. International Monetary Fund. Посетено на 2012-04-18.
  3. „Gini Index“. World Bank. Посетено на 2 март 2011.
  4. Which side of the road do they drive on? Brian Lucas. August 2005. Retrieved 2009-01-28.
  5. „Reuters AlertNet – CENTRAL AFRICAN REPUBLIC: Poll results to be announced on 22 May, official says“. Alertnet.org. 2005-05-11. Архивирано од изворникот на 2008-07-05. Посетено на 2010-06-27.
  6. „Timeline: Central African Republic“. BBC News. 9 March 2010. Посетено на 28 April 2010.
  7. „Legal System“. The World Factbook. Central Intelligence Agency. Архивирано од изворникот на 2018-10-04. Посетено на 2012-08-22.
  8. „Thousands flee new CAR 'rebels'. BBC News. 24 February 2006. Посетено на 28 April 2010.
  9. „Thousands flee from CAR violence“. BBC News. 25 March 2006. Посетено на 28 April 2010.
  10. „Central African Republic to hold April 25 elections | Top News | Reuters“. Af.reuters.com. 2010-02-25. Архивирано од изворникот на 2011-05-10. Посетено на 2010-06-27.
  11. „BozizĂŠ prend ses prĂŠcautions Afrique Subsaharienne, Politique“. Jeuneafrique.com. 2010-05-15. Посетено на 2010-06-27.
  12. „Les problèmes de gestion à la Commission Electorale Indépendante seraient-ils un frein au bon déroulement du processus électoral?“. Journal des Elections. 20 December 2010. Архивирано од изворникот на 2016-04-10. Посетено на 20 December 2010.
  13. „UN-OHRLLS Least Developed Countries“. UN Office of the High Representative for the Least Developed Countries, Landlocked Developing Countries and Small Island Developing States. Архивирано од изворникот на 2011-05-17. Посетено на 2012-08-22.
  14. „Countries“. Unaids.org. 2008-07-29. Архивирано од изворникот на 2007-12-12. Посетено на 2010-06-27.
  15. http://data.unaids.org/pub/GlobalReport/2006/2006_GR_ANN3_en.pdf
  16. „CIA World Factbook Central African Republic Page“. http://www.state.gov. Архивирано од изворникот на 2019-05-07. Посетено на 2012-08-14. Надворешна врска во |publisher= (help)
  17. „the World Factbook“. Архивирано од изворникот на 2020-03-26. Посетено на 2009-05-21.
  18. „Ministère du Plan et de l'Economie“. Архивирано од изворникот на 2010-12-10. Посетено на 2012-08-22.
  19. „U.S. Department of State“. State.gov. 2005-09-20. Посетено на 2010-06-27.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди

Влада
Општо