Муфлонот спаѓа во класата цицачи, ред папкари, подред-преживари.

Ovis musimon.

Распространетост

уреди

Првата татковина на муфлонот, или како што некои го нарекуваат дива овца, се островите Корзика и Сардинија[1]. Од овие острови е населен во многу земји на Средна и Источна Европа. Во Германија, Чешка,Словачка, Австралија и во некои други земји, муфлонот го одгледуваат во затворени ловишта. Во нашата земја се одгледува во неколку места во оградени ловишта, најмногу во резервато „Јасен“

Градба

уреди

Мажјаците имаат многу јаки рогови кои се свиткани како роговите на домашниот овен. Женките немаат рогови, туку само кај некои од нив израснуваат мали рокчиња. Муфлоните можат да израснат во височина до 75 см., а во тежина до 130 кг.

Размножување

уреди

Парењето зпочнува во месец октомври и трае сè до декември. Женката носи околу 5 месеци така што во март или април, речиси редовно ојагнува само едно јагне.

Населување на муфлонот во нашата земја

уреди

Досегашните резултати во населувањето на муфлонот во нашата земја охрабруваат, па заслужува да му се посвети посебно внимание, особено за подрачјето на СР Македонија.

Наводи

уреди
  1. „Ловечки прирачник“, Скопје, октомври 1978