Белорусија

држава во Источна Европа

Белорусија (белоруски: Беларусь, руски: Белоруссия, Беларусь) или официјално Република Белорусија (Рэспубліка Беларусь, Республика Беларусь) — независна држава во Источна Европа.[6] Белорусија се граничи со Русија на североисток, со Украина на југ, со Полска на запад и со Литванија и Латвија на северозапад. Главен град на Белорусија е Минск, а службени јазици во државата се белоруски и руски. Вкупната површина на Белорусија изнесува 207.600км2 каде живеат околу 9.503.807 жители според пописот од 2009 година. Над 40% од вкупната површина на земјата е прекриена со шуми,[7] а најзначајни стопански гранки на земјата се земјоделството и производството.

Република Белорусија
Рэспубліка Беларусь (белоруски)
Республика Беларусь (руски)
Знаме Грб
ХимнаМы, беларусы  (белоруски)
Ние Белорусите

Местоположба на Белорусија
Главен град
(и најголем)
Минск
53°55′N 27°33′E / 53.917° СГШ; 27.550° ИГД / 53.917; 27.550
Службен јазик белоруски, руски
Признаени регионални јазици Полски
Украински
Јидиш
Демоним Белорус
Уредување Претседателска република под Авторитарна диктатура
 •  Претседател Александар Лукашенко (Легитимноста спорна)[1][2]
 •  Премиер Роман Головченко
Независност од СССР 
 •  Објавена 27 јули 1990 
 •  Основана 25 август 1991 
 •  Завршена 25 декември 1991 
 •  Сегашен устав 14 март 1994 
 •  Унија со Русија 8 декември 1999 
Површина
 •  Вкупна 207,595 км2 (84та)
 •  Вода (%) 1.4
Население
 •  проценка за 2024 г. 9,155,978 (98та)
 •  Попис 2019 9,413,446 
 •  Густина 45.8 жит/км2 
БДП (ПКМ) проценка за 2024 г.
 •  Вкупен 234.661 милијарди (57ма)
 •  По жител 25,685 (71ва)
БДП (номинален) проценка за 2024 г.
 •  Вкупно $69.048 милијарди[3] (86та)
 •  По жител $7,558[3] (91ва)
Џиниев коеф. (2019)positive decrease 25.3[4]
низок
ИЧР (2024) 0.805[5]
многу висок
Валута Белоруска рубља (BYR)
Часовен појас FET (UTC+3)
 •  (ЛСВ) FEST (UTC+3)
Се вози на десно
НДД .бел .by
Повик. бр. 375
1. „FAO's Information System on Water and Agriculture“. FAO. Посетено на 2008-04-04.

Потекло на поимот

уреди

Името „Белорусија“ или „Беларус“ (Беларусь, Белоруссия) потекнува од името Бел Рус (руски: Белая Русь, латински: Rutenia Alba) кое се користело зо западноевропската картографија и географска традиција во 16 век. Така, истонословенските територии „фигуративно“ се именувале како Црвен Рус, Бел Рус и Црн Рус, а тоа довело до именување на териториите на Голем Рус и Мал Рус кое било често употребувано од Византија. Црвен Рус во изворите се однесувал на Галиција и Волињ, а пак Бел Рус и Црн Рус во различни извори се користеле за Големото војводство Литванија и Големото војводство Москва.

Историја

уреди

Среден век

уреди

Од крајот на бронзеното доба поголем дел од територијата на денешна Белорусија била населена со Балтијци. Кон крајот на 9 век и почетокот на 10 век, оваа територија започнале да ја населуваат Словени.

Се смета дека првата држава на територијата на сегашна Белорусија била Полоцката. Градот Полоцк првпат се споменува во „Повестите на минатото„ од 862 година. Полоцкото кнежевство достигнало најголем подем и најголема моќ за време на владеењето на кнезот Усјаслау Брачиславич (10441101). Од 10 век до 13 век на територијата на Белорусија се наоѓале и Туравското кнежевство, Смоленското кнежевство, Граѕенското кнежевство. Следни големи држави на белоруската територија било и Великото кнежевство Литовско, Руско и Жамојцко.

Белоруска Советска Социјалистичка Република

уреди

За време на Првата светска војна, Белорусија се наоѓала под германска окупација. Својата прва независност, Белорусија ја прогласила на 25 март 1918 година. Но по окупацијата на Црвената армија, на 1 јануари 1919 година била прогласена Советска Социјалистичка Република Белорусија. Во вре,ето на Втората светска војна, Белорусија повторно била окупирана од страна на Нацистичка Германија. Германците се задржиле на власт сè до 1944 година. По војната, таа повторно останала во составот на СССР.

Независност

уреди

Својата независност Белорусија прогласила од СССР на 27 јули 1990 година, а меѓународно признаена на 25 август 1991 година.

Географија и клима

уреди
 
Езерото Струста во Витепската област

Белорусија е држава која се наоѓа во Источна Европа. Граничи со Русија на исток и на север, со Латвија на север, со Литванија на северозапад, со Полска на запад и со Украина на југ. Белорусија не излегува на море, релативно е рамна. Езерата и реките се ширум распространети по нејзината територија. Во Белорусија има околу 11.000 езера, но голем дел од нив се помали од 0,5 км2.

Белоруската клима е умерено континентална, преодна форма од поморска до континентална клима со благи и влажни зими и топли лета. Во последните децении континенталната клима е помалку изразени бидејќи зимите станувале се потопли. Општи одлики на климата се условени од локацијата на земјата во средната ширина, доминацијата на рамен релјеф и релативна оддалеченост од Атлантскиот Океан. Просечната јулска температура се движи од 17 C до 18,5 C,јануарската температура се варира од -8 C до -4,5 C период со температури над нулата трае околу 230-263 дена. Белорусија се наоѓа во зона на доволно врнежи. Просечни врнежи се од 600-700м годишно, во планинскиот дел просекот е 650-700мм и во низините е 600-650 милиметри. Околу 70% од годишните врнежи паѓаат во топлиот период. Повремените поплави се условени од просторни и временски врнежи. Снегот е важна одлика на белоруската клима. Периодот со снег трае 75 дена во југозападниот дел и 125 дена во североисточниот дел на земјата. Просечната снежна длабочина се движи од 15 до над 30цм. Климата на Белорусија се менуваше во текот на историјата на Земјата. За време на периодот на инструментални набљудувања (1881-2004) просечната годишна температура се зголеми за 1 C. Во овој период два значајни покачувања на температурата се забележани. Пораст на температурата од 3-4 C се предвидува до крајот на овој век.

Политички систем

уреди

Административна поделба

уреди
 
Карта на областите во Белорусија

Стопанство

уреди

Демографија

уреди

Религија

уреди
Верници во Белорусија
Православни
  
92,4 %
Католици
  
1,0 %
Протестанти
  
0,5 %
Други или Без Религија
  
6,1 %
 
Катедралата Света Софија во Полоцк

До крајот на 12 век, Европа била поделена на две големи области: западната област со доминација на римокатолицизмот и источна со доминација на православна Византија. Границата меѓу нив се наоѓала на реката Западен Буг. Оваа област, моментално позната како Белорусија, била една од малкуте каде се водела индиректна војна помеѓу двете цркви. До 14 век, Руската православна црква станала доминантна во Белорусија. Владислав II, тогашен владетел на Литванија, наредил да се направи сето население во Литванија католичко. Белорусија во тоа време била дел од неговото царство, па веќе во средината на 14 век позициите на католицизмот станале силни во Литванија. Во текот на 16 век започнала кризата во христијанството: протестантската реформација во католицизмот и појавата на ерес. Од половината на 16 век започнало ширењето на протестантството во Литванската држава.

Пред 1917 година, во Белорусија постоеле 2.466 верски заедници, од кои 1.650 православни, 127 римокатолички, 657 Еврејски, 32 протестантски, и неколку муслимански заедници. Во времето на комунистичкиот режим (кои официјално биле атеисти), активностите на овие заедници биле строго ограничени. Многу верски заедници биле уништени и нивните водачи биле или прогонувани или затворани; останатите заедници понекогаш се вклучувале во работата на властите но само поради цели нивни, како и во обид да се вметне патриотизам за време на Втората светска војна.[8]

Денеска, околу 94% од населението на Белорусија се христијани. 6% се нерелигиозни и има помал размер на Евреи и муслимани.

Култура

уреди

Симболи

уреди

Актуелното државно знаме и грб беа прифатени по пат на референдум во 1995 година. До овој период за државни симболи се сметаа бело-црвено-белото знаме и грбот „Пагонија“. Повеќето од етнички белоруси не го прифаќаат актуелното знаме и грб на Белорусија и ги користат поранешните симболи на државата, исто така се користат како симбол на опозијацата на Александар Лукашенко што е не-легитимосен претседател на Белорусија од 1994 година.[9][10][11]

 
Знаме на Белорускиот народ
 
Грб на Белорускиот народ

Главен град

уреди

Минск е главен град на Белорусија. Градот се наоѓа на реките Њамиха и Свислач .Градот има население од околу 1.992.000 жители

Спорт

уреди

Највисоко спортско тело во државата е олимпискиот комитет на Белорусија.Белоруските спортисти дебитирале на олимписките игри во Хелсинки во 1952 година како дел на олимпискиот тим на Советскиот Сојуз, а од олимписките игри одржани во Лилехамер во 1994 година Белорусија настапува како самостојна држава.Прв белоруски спортист кој освоил медал на олимписките игри е Михаил Кривоносов. Тој медалот го освоил во десциплината фрлање на чекан на олимписките игри во Мелбурн 1956 година.Првиот медал(бил освоен сребрен медал) за белорускиот олимписки комитет ја освоил Игор Железовски во дисциплината брзо лизгање на олимписките игри одржани во Лилехамер.Екатерина Карстен-Ходотович е официјално најдобриот белоруски спортист на олимписките игри со освоени 4 медали(две златни и по една сребрена и бронзена).Таа се натпреварувала во категорија веслање.Екатерина учествувала на сите пет Летни олимписки игри на кои учествувала Белорусија.

Најпопуларен спорт во Белорусија е хокеј на лед.

Државни празници

уреди


Датум Празник Белоруско име Напомени
  1. јануари
Нова година Новы год
7 јануари Божиќ Праваслаўныя Каляды
8 март Денот на жената Дзень жанчын
15 март Ден на уставноста Дзень канстытуцыі Од 1994 година
  1. мај
Празник на работниците Дзень працы Неработен ден
9 мај Ден на победата Дзень Перамогі
3 јули Ден на независноста на Белорусија Дзень незалежнасці (Дзень Рэспублікі) Од 1996 година.Претходно се прославувал на 27 јуни
7 ноември Ден на Октомвриската револуција Дзень Кастрычніцкай рэвалюцыі
25 декември Католички Божиќ Каталіцкія Каляды
Се поместува Католички Велигден Каталіцкі Вялікдзень
Се поместува Православен Белигден Праваслаўны Вялікдзень
Деветтиот ден после православниот Велигден Задушница Радуніца
Втората недела во мај Ден на знамето и грбот на државата Дзень Дзяржаўнага Герба і Дзяржаўнага Сцяга Од 1995 година

Наводи

уреди
  1. „Belarus leader Lukashenko holds secret inauguration amid continuing protests“. france24.com. 23 September 2020.
  2. „Belarus: Mass protests after Lukashenko secretly sworn in“. BBC News. 23 September 2020.
  3. 3,0 3,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име imf2.
  4. „Distribution of family income – Gini index“. GINI index. Worldbank. Посетено на 5 January 2014.
  5. „2024 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2024. стр. 21–25. Посетено на 24 јули 2024.
  6. UN Statistics Division (1 April 2010). „Standard Country and Area Codes Classifications (M49)“. United Nations Organization. Посетено на 22 April 2010.
  7. „Belarus: Window of Opportunity (see Table 15, page 66)“ (PDF). United Nations. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-01-10. Посетено на 2012-05-18.
  8. Jan Zaprudnik and Helen Fedor. "Religion." Belarus (Country Study). Federal Research Division, Library of Congress; Helen Fedor, ed. June 1995. Статијава содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.[1]
  9. Walker, Shaun (2020-08-22). „How the two flags of Belarus became symbols of confrontation“. The Observer (англиски). ISSN 0029-7712. Посетено на 2024-07-24.
  10. Ulasik, Valeriya; Shalayeva, Alena; Wesolowsky, Tony (2019-08-05). „A Belarusian Pensioner Challenges The State With An Outlawed Banner“. Radio Free Europe/Radio Liberty (англиски). Посетено на 2024-07-24.
  11. Kotljarchuk, Andrej. „The Flag Revolution. Understanding the political symbols of Belarus « balticworlds.com“. balticworlds.com (англиски). Посетено на 2024-07-24.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди