Википедија:Избрана статија/2017/43
Камерун (француски: Cameroun), офиц. Република Камерун (République du Cameroun) — држава во Централна Африка која се граничи со Нигерија на север; Чад на североисток; Централноафриканската Република на исток; Екваторска Гвинеја, Габон и Република Конго на југ. Крајбрежјето на Камерун лежи на заливот Бијафра, дел од Гвинејскиот Залив во Атлантскиот Океан.
Службените јазици во Камерун се француски и англиски. Државата често се нарекува „Африка во мало“ поради својата геолошка и културна разновидност. Некои од природните одлики вклучуваат плажи, пустини, планини, прашуми и савани. Највисоката точка лежи на околу 4.100 метри и се наоѓа на плнината Камерун во Југоозападниот регион на државата, додека најголемите градови во однос на број на жители се Дуала на реката Вури кој воедно претставува главен економски град и главно морско пристаниште, Јаунде, главниот политички центар и Гаруа. По независноста, новообединетата нација се придружила на Комонвелтот, иако поголемиот дел од териториите претходно биле германска колонија и по Првата светска војна, француски мандат. Земјата е позната по своите оригинални стилови на музика, особено макоса и бикутси и по успешната фудбалска репрезентација. (Дознајте повеќе...)