Отвори го главното мени

Канцероген (или карциноген) е секоја супстанција, радионуклид, или зрачење кои се директни предизвикувачи на канцер. Ова настанува поради способноста за оштетување на геномот или нарушување на клеточните метаболички процеси.

Радиоактивните супстанции можат да бидат канцерогени поради зрачењето кое го емитираат, како што се: гама зраците и алфа честичките. Нерадиоактивни канцерогени се: вдишувањето на азбест, некои диоксини, пушењето на тутун и др.