Генерален пласман на Тур де Франс
Генерален пласман на Тур де Франс — најважен пласман на велосипедската трка Тур де Франс, од кој се одредува победникот на самата трка. Од 1919 година предводникот на генералниот пласман ја носи жолтата маичка (француски: maillot jaune).
Детали за наградата | |
---|---|
Спорт | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Тур де Франс |
Доделена за | најбрзо вкупно време |
Локално име | Maillot jaune (француски) |
Историја | |
Прва награда | 1903 |
Изданија | 106 (до 2019) |
Прв победник | Морис Гарен (ФРА) |
Најмногу победи |
Жал Анкетил (ФРА) 5 победи |
Најнов победник | Еган Бернал (КОЛ) |
Историја
уредиПобедникот на првиот Тур де Франс носел зелена лента на раката, наместо жолта маичка.[1] По второто издание на Тур де Франс, правилата биле изменети и генералниот пласман повеќе не бил пресметуван временски, туку по бодови. Овој бодовен систем бил задржан до 1912 година, кога повторно бил променет во временски пласман. Во тоа време, предводникот сè уште не носел жолта маичка.
Постоело сомневање кога се започнало со жолтата маичка. Белгискиот возач Филип Тис, кој победил на Тур во 1913, 1914 и 1920, на 67 години за белгиското списание Champions et Vedettes се потсетил дека кога ја добил жолтата маичка во 1913 година од организаторот, Анри Дегранж, му била доделена и обоена маичка. Тис одбил, велејќи дека така ќе биде повидлив и дека ќе ги охрабри другите возачи да возат против него.[1][2]
Потоа добив друго гледиште. Неколку етапи подоцна, мојот менаџер на екипата од Пежо, (Алфонс) Боже, побара да ја носам маичката. Жолтата маичка можела да биде реклама за компанијата и тоа беше аргумент кој бев обврзан да го прифатам. Така купивме жолта маичка во првата продавница во која влеговме. Беше соодветна големина, иако моравме да направиме малку поголема дупка за мојата глава да влезе.
Историчарот на Тур, Жак Ожендр, го нарекол Тис „храбар возач... добро познат по неговата интелигенција“ и изјавил дека неговото тврдење „веројатно е ослободено од сите сомневања“, но „ниеден весник не ја спомнува жолтата маичка пред војната. Бидејќи немаме сведови, не можеме да ја разрешиме оваа енигма“.[5]
Службената историја е таква дека првата жолта маичка била носена од Французинот Ежен Кристоф на етапа од Гренобл до Женева на 18 јули 1919 година.[6] Бојата била избрана или да го прикаже жолтото издание од весникот организатор на трката, L'Auto, или бидејќи жолтата била неомилена боја и затоа единствена достапна која можела да се обезбеди од снабдувачите во брзо време.[1]
Двете можности подеднакво се можни, но идејата за бојата на весникот на Дегранж изгледа поверојатно бидејќи Дегранж напишал: „Тоа утро му ја дадов прекрасната жолта маичка на храбриот Кристоф. Веќе знаете дека нашиот директор реши дека човекот кој ќе води на трката (de tête du classement général) треба да носи маичка во боите на L'Auto. Борбата за маичката се очекува да биде страсна“.[7] Веројатно е секако дека достапноста на единствено жолта боја во значителни количини се покажала среќна околност за L'Auto и дека Дегранж бил исправен пред избор кој никогаш не морал да го направи.
Кристоф не сакал да ја носи и се жалел дека гледачите имитирале канаринци кога поминувал крај нив. Тоа било потхрането од неговиот прекар „кри-кри“ (од Кристоф) што го користат малите бебиња во Франција за птица.[1] Кристоф се сеќава дека возачите и гледачите го задевале: „А, жолтата маичка! Зарем не е убав, канаринецот? Што правиш, мадам кри-крик“, додавајќи: „И тоа трае на цела трка“.[8]
Немало службено доделување кога Кристоф ја облекол првата жолта маичка во Гренобл, од каде трката тргнала во 2 часот по полноќ на етапата до Женева (325 км). Му била доделена минатата ноќ и се облекол во неа во хотелот.[1]
На следниот Тур де Франс во 1920 година, жолтата маичка првично не била доделувана, но по деветтата етапа, повторно била воведена.[9]
По смртта на Дегранж биле додадени неговите стилизирани иницијали на жолтата маичка,[6] првобитно на градите. Биле повлечени во 1969 година на ракавот за да се направи место за логото на спонзорот Virlux. Друга реклама за текстилната компанија Le Coq Sportif се појавила долу на патентот, прва дополнителна реклама за жолтата маичка.
Иницијалите на Дегранж биле вратени на чело на маичката во 1972 година, некои години на левата, а некои на десната страна. Биле повлечени во 1984 година за комерцијално лого, но „Најк“ ги вратил повторно во 2003 година, како дел од едновековната прослава на Тур. Иницијалите сега се наоѓаат на горниот десен агол на маичката.[1]
Првичните жолти маички биле со договорен стил. Возачите морале да ја облечат преку глава на подиумот. Многу години маичките биле правени во ограничени големини и многу возачи имале проблем да ги облечат, особени кога се изморени или водени. Маичката сега е правена со целосен патент позади и возачот ја облекува од напред, навлекувајќи ги ракавите слично како кај јакни. Потоа, добива три други маички секој ден, плус пари за секој ден поминат во водство на трката.
Не постојат авторски права на жолтата маичка и може да биде воведена и на други трки, иако не секогаш за најдобар возач на трката; на Трката околу Бенелукс жолтата маичка ја носи најдобриот млад возач.
Фондацијата „Ленс Армстронг“ ја донирала жолтата маичка од Армстронг од 2002 година (негова четврта тогашна победа) на Националниот музеј на американска историја, подружница на Смитсонијан.[10]
Правила
уредиПобедникот на Тур де Франс, како и другите велосипедски етапни трки, се одлучува со собирање на вкупното време на секој возач по завршените етапи. Ова вкупно време може да се зголеми или намали, како последица на временски бонуси или казни за победа на поединечна етапа или прв на некое искачување или за нарушување на правилата. Возачот со најниско вкупно време на секоја етапа ја добива жолтата маичка на посебно прогласување и право на наредната етапа, обично следниот ден, да започне во жолтата миачка.[11]
Возачот кој ќе ја добие жолтата маичка по завршната етапа во Париз, е крајниот победник на Тур.
Слични водечки маички постојат на другите велосипедски трки, но не се секогаш во жолта боја (боја е избирана од поединечните организатори на трката). Трката околу Калифорнија користи златна боја, Џиро д’Италија користи розова боја, а Тур Даун Андер користи охра боја, бидејќи оваа боја е поврзувана со Австралија. До 2009 година Вуелта а Еспања користела златна боја; од 2010 година водечката маичка е црвена.
Повеќе велосипедисти во жолто
уредиВо првите години на Тур де Франс, времето било мерено во минути. Иако вообичаено велосипедистите имале разлика во секунди, понекогаш неколку велосипедисти имале исто време. Во 1913 година, пред воведувањето на жолтата маичка, ова се случило со двајцата предводници, Филип Тис и Жан Росиус.[12]
По воведувањето на жолтата маичка во 1919 година, оваа состојба се случила двапати. Првиот пат бил во 1929 година, кога тројца возачи имале исто време кога трката стигнала во Бордо. Никола Франц од Луксембург и Французите Виктор Фонтан и Андре Ледук возеле во жолто, иако на крајот никој не ја зачувал до Париз.[13][14] Во 1931 година, Шарл Пелисје и Рафаеле ди Пако поседувале исто водечко време.[15]
Проблемот на заеднички предводници бил решен во подоцнежните трки со давање на маичката на оној возач кој имал подобри завршни пласмани порано во трката. Воведувањето на краток хронометар на почетокот на трката во 1967 година — пролог — значел дека возачите имале меѓусебни разлики во делови од секундата забележани на трката, со исклучок на изданијата во 2008, 2011, 2013 и 2014. Според правилата на ASO се предвидува[11]: „Во случај на изедначување во генералниот пласман, стотинките на времињата на велосипедистите во текот на поединечните хронометри ќе бидат вклучени во вкупното време со цел да се одлучи крајниот победник и кој ќе ја носи жолтата маичка. Ако изедначувањето сè уште трае и по ова, потоа местата постигнати на секоја етапа се додаваат и возачот со најнизок пласман е победник“.
Ниеден велосипедист во жолто
уредиВозачите кои станале предводници на трката поради несреќа на други возачи, наредниот возеле без жолта маичка.[13]
Во 1950 година, Фердинанд Киблер од Швајцарија возел во националната маичка наместо во жолто кога предводникот на трката, Фјоренцо Мањи ја напуштил трката заедно со италијанската екипа во знак на протест на заканите направени од гледачите.
Еди Меркс ја одбил маичката во 1971 година, откако нејзиниот претходен носител, Луис Окања, паднал на Кол де Мант во Пиринеите.
Холанѓанецот Јоп Зутемелк не ја носел жолтата маичка која преминала на него во 1980 година, кога неговиот соперник, Бернар Ино, се повлекол со повреда на колено.
Во 1991 година, Грег Лемонд возел без маичка по падот во кој се откажал Ролф Серенсен од Данска.
Во 2005 година, Ленс Армстронг одбил да започне во жолтата маичка откако претходниот носител, Дејвид Забриски, бил елиминиран при пад, но ја ставил по неутралната зона на барање на организаторите на трката.[16]
Жолтата маичка на првиот ден на Тур традиционално е носена од победникот на минатогодишната трка; меѓутоа, тоа е оставено на возачот и во последниве години не се практикува. Доколку победникот не настапи, маичката не се носи. Традиционално, минатогодишниот победник го поседува бројот „1“ (неговите колеги исто така ги добиваат другите едноцифрени броеви), а другите групи на броеви се одредуваат од највисоко пласираниот возач за екипата на претходната трка. Водечките возачи за поединечните екипи често го носи првиот број во групата (11, 21, 31, итн.), но овие возачи не секогаш се и главните кандидати за генералниот пласман — екипите предводени од спринтери често го означуваат нивниот кандидат за бодовниот пласман како водечки возач.
Во 2007 година немало ниту жолта маичка на почетокот на трката ниту број 1; претходниот победник, Флојд Лендис од САД, паднал на допинг-контролата по трката и организаторите одбиле да прогласат официјален победник пред да заврши истрагата во неговиот случај. На 20 септември 2007 година, Лендис бил официјален казнет и му биле одземени сите резултати по одлуката на арбитражниот суд, а победата од 2006 година му припаднала на Оскар Переиро; во 2008 година, второпласираниот од 2007 година, Кедел Еванс, го добил бројот 1, откако победникот од 2007 година, Алберто Контадор не бил во можност да ја брани неговата титула поради спор помеѓу организаторите на трката и неговата нова екипа Астана, која била отстранета од трката.
Скандал во жолто
уредиВо 1978 година белгискиот возач Мишел Полентје станал предводник на трката откако нападнал на Алп д’Ез. Бил дисквалификуван истиот ден откако се обидел да направи измама на допинг-тестот.
Во 1988 година, Педро Делгадо од Шпанија победил на Тур и покрај тоа што допинг-тестот покажал дека земал супстанца која можела да биде користена за покривање на користењето стероиди. Вестите за тестот биле објавени во печатот од поранешниот организатор на Тур Жак Годе.[17] На Делгаго му било дозволено да продолжи бидејќи супстанцата пробенецид не била забранета од Меѓународниот велосипедистички сојуз.[1]
Победникот од 1996 година, Бјарне Рис од Данска изјавил во 2007 година дека користел супстанци во текот на трката. Му било побарано да остане надвор од неговата улога како спортски директор на тоа издание на Тур на данската екипа Тим ЦСЦ (сега наречен Тим Саксо-Тинког).
Победникот од 2006 година, Флојд Лендис бил дисквалификуван повеќе од една година по трката. Откако паднал на допинг-контролата по воодушевувачката победа на етапата 17, арбитражата го прогласила виновен за допинг во септември 2007 година, по што официјалната титула за 2006 година припаднала на Оскар Переиро. Лендис го обжалил неговиот предмет до Арбитражниот суд за спорт, но била отфрлена неговата жалба на крајот на јуни 2008[18] дозволувајќи му на Оскар Переиро да започне на изданието на Тур де Франс 2008 како неквалификуван првак на Тур 2006.
Во 2007 година, данскиот возач Михаел Расмусен бил повлечен од трката од неговата екипа по жалбите дека не се појавил на допинг-контролата порано во годината. Расмусен изјавил дека бил во Мексико, но постоеле извештаи дека бил виден како тренира во Италија. Подоцна, признал дека примал допинг повеќе од една деценија.[19]
Морис Гарен победил на Тур де Франс пред да биде доделувана жолтата маичка, но во 1904 година бил дисквалификуван како победник откако имало жалби дека тој и другите возачи мамеле. Обвинувањата заедно со другите архиви на Тур де Франс исчезнале, кога биле однесени на југ во 1940 година, за да се избегне германската инвазија.
Во 2012 година, на Ленс Армстронг му биле одземени сите седум титули на Тур де Франс од UCI, по извештајот на американската антидопинг агенција, кој открил дека Армстронг систематски користел супстанци за зголемување на резултатите во поголемиот дел од неговата кариера, вклучувајќи ги сите седум негови победи на Тур.[20]
Рекордни денови во жолто
уредиВозач, кој најмногу ја носел жолтата маичка е Белгиецот Еди Меркс, кој ја носел 96 дена. Најголем број на возачи што ја носеле маичката на едно издание на Тур де Франс е осум, што се случило во 1958 и 1987 година.
Одбивање на жолтата маичка
уредиЖолтата маичка со децении била правена, како сите други велосипедски маички, од волна. Не постоеле синтетички материјали кои ја имале топлината и апсорцијата на волната. Везот бил скап и така единствени букви се појавувале во иницијалите на Дегранж. Возачите го додавале името на екипата за која возеле или професионалната екипа за која обично возеле (во годините кога на Тур имало национални екипи, наместо спонзорирани) преку испечатено парче облека на маичката со шпенагли.
Иако синтетичките материјали не постоеле да се создадат цели маички, во 1947 година се појавиле синтетичките конци, по влегувањето на Софил како спонзор. Софил правел вештачка преѓа.[17] Возачите верувале во чистината на волната, особено Французинот Лујон Бобе.
Бобе инсистирал дека на возачите им треба волна во долгите денови на потење во жештината и прашината. Била работа на хигиена. Вештачките материјали ги терале возачите да се потат премногу. И, на неговиот прв Тур де Франс, одбил да ја носи маичката која му била доделена.
Направи вистинска драма. Нашиот договор со Софил почна да се распаѓа. Ако вестите излегоа, комерцијалниот ефект ќе беше катастрофален за произведувачот. Се сеќавам дека дискутирав со него добар дел од ноќта. Лујон секогаш беше извонредно љубезен, но неговите принципе беа цврсти како гранитните блокови на брегот на неговата родена Бретања.
—Жак Годе[17]
Не бил можен компромис. Годе морал да го натера Софил да произведе друга маичка со нивното лого, но без вештачки материјали.
Спонзорство
уредиФранцуската банка, Креди лионе, била спонзор на жолтата маичка од 1987 година.[21] Банката била трговски соработник на Тур од 1981 година. Бил доделуван плишен лав (le lion en peluche) на победникот на трката во чест на нејзиното име. Оваа пракса е задржана е денес. Во 2007 година, спонзорството на маичката била префрлено на LCL, новото име за Креди лионе по нејзиното преземање од друга банка, Креди агрикол.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Woodland, Les (ed.) (2007). Yellow Jersey Companion to the Tour de France. Yellow Jersey, UK.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- ↑ 2,0 2,1 Chany, Pierre (1997) La Fabuleuse Histoire du Tour de France, Ed. de la Martinière, France.
- ↑ Chany, Pierre: La Fabuleuse Histoire de Cyclisme, Nathan, France
- ↑ "C’était en 1913. J’étais leader du classement général. Une nuit, Desgrange rêva d’un maillot couleur or et me proposa de le porter. Je refusais, car je me sentais déjà le point de mire de tous. Il insista, mais je me montrais intraitable. Têtu, H.D. revint à la charge par la tangente. En effet, quelques étapes plus loin, ce fut mon directeur sportif de la marque Peugeot, M. Baugé, qui me conseilla de céder. On acheta donc dans le premier magasin venu, un maillot jaune. Il était juste aux dimensions nécessaires. Trop juste même, puisqu’il fallut découper une encolure plus grande pour le passage de la tête et c’est ainsi que je fis plusieurs étapes en décolleté de grande dame. Ce qui ne m’empêcha pas de gagner mon premier Tour!"
- ↑ Augendre, Jacques: Tour de France, panorama d'un siècle, Soc. du Tour de France, 1996
- ↑ 6,0 6,1 Ollivier, Jean-Paul (2001) L'ABCdaire du Tour de France, Flammarion, France.
- ↑ Desgrange, Henri, L'Auto, 1919
- ↑ Ollivier, Jean-Paul: Maillot Jaune, Selection Readers Digest, France, 1999
- ↑ McGann, Bill; McGann, Carol (2006). The Story of the Tour de France. Dog Ear Publishing. стр. 56–57. ISBN 1-59858-180-5. Посетено на 12 June 2009.
- ↑ „Lance Armstrong, The Healing Cyclist and Tour de France Champion“. National Museum of American History, Smithsonian Institution. Посетено на 8 јули 2008.
- ↑ 11,0 11,1 „Правила на трката“ (PDF). ASO/letour.fr. Посетено на 28 септември 2009.
- ↑ 13,0 13,1 Velo-news online, US, June 29, 2003
- ↑ Армстронг ја одби жолтата маичка, организаторите инсистираа
- ↑ 17,0 17,1 17,2 Goddet, Jacques, L'Équipée Belle, Laffont, France
- ↑ „Жалбата на Лендис за забраната била отфрлена“. BBC News. 30 јуни 2008. Посетено на 3 мај 2010.
- ↑ Мањи, Жакелин (31 јануари 2013). „Данскиот велосипедист Михаел Расмусен признал дека примал допинг повеќе од една деценија и се откажал од спортот“. The Daily Telegraph. Лондон.
- ↑ „На Ленс Армстронг му се одземени сите седум победи на Тур де Франс од UCI“. BBC. Посетено на 22 октомври 2012.
- ↑ Le maillot jaune LCL a 20 ans декември 2007.
Надворешни врски
уреди- „Легендата за жолтата маичка“ Архивирано на 11 декември 2003 г. на Velo News