Отвори го главното мени

Бодовен пласман на Тур де Франс


Бодовен пласман на Тур де Франс — еден од пласманите на велосипедската трка Тур де Франс, кој започнал да се доделува во 1953 година. Бодовите се добиваат за високите пласмани на етапа или за победа на некој од средните спринтови и тие се бројат за бодовниот пласман. Се смета за спринтерски пласман. На предводникот во пласманот му се доделува зелена маичка, која станала симбол за бодовниот пласман, така што кога велосипедистот ќе го освои бодовниот пласман, се вели дека „ја освоил зелената маичка“.[1]

Бодовен пласман
Jersey green.svg
Детали за наградата
СпортДрумски велосипедизам
НатпреварувањеТур де Франс
Доделена занајдобар спринтер
Локално имеMaillot vert (француски)
Историја
Прва награда1953
Изданија65 (до 2018)
Прв победник Фриц Шер (ШВА)
Најмногу победи Ерик Цабел (ГЕР)
 Петер Саган (СВК)
6 пати
Најнов победник Петер Саган (СВК)

Системот ги поттикнал и другите велосипедски трки; останатите две големи трки исто така имаат бодовен пласман: Вуелта а Еспања од 1955 година, која исто така ја користи зелената маичка, и Џиро д’Италија од 1966 година.

ИсторијаУреди

По скандалите на Тур де Франс 1904, правилата за наредното издание биле изменети: победникот не бил повеќе одредуван со временски систем, туку со бодовен систем. Велосипедистите добивале бодови, подеднакви на нивниот пласман во етапата, а велосипедистот со најмалку бодови бил предводник на трката. По Тур де Франс 1912, системот бил повторно променет на временски, кој сè уште се користи.

На Тур де Франс 1953, како прослава за 50. родеден на Тур де Франс, бодовниот систем бил повторно воведен, но овој пат како дополнителен пласман. Бидејќи предводникот на генералниот пласман ја носи жолтата маичка, предводникот на бодовниот пласман исто така добивал специјална маичка, зелената маичка (француски: maillot vert). Зелената боја била избрана поради спонзорот кој бил производител на косилки за трева.

Во првите години, велосипедистот единствено добивал казнени бодови доколку не завршил на високо место, па така велосипедистот со најмалку бодови бил освојувач на зелената маичка. Од 1959 година па натаму, системот бил променет, па велосипедистите добивале бодови доколку завршиле високо во пласманот (првото место носело најмногу бодови, а пониско пласираните добивале помалку бодови), па така велосипедистите со најмногу бодови ја освојувале зелената маичка.

Во 1968 година, маичката била црвена, на барање на спонзорот.[2]

Додека жолтата маичка се доделува за најниското вкупно време на трката, зелената маичка ги отсликува бодовите добиени со високите пласмани на секоја етапа и средните спринтови, особено во текот на рамните етапи на трката. Средните спринтови порано биле дел од пласманот за средни спринтови, а бодовите за бодовниот пласман бил додаток; меѓутоа, подоцна овој пласман бил укинат, а средните спринтови останале дел од бодовниот пласман.

Бодовниот пласман се смета за „спринтерски пласман“, бидејќи најголем дел од бодовите се освојуваат на рамните етапи, па така возачите генерално остануваат заедно во една голема група, оставајќи ги најдобрите спринтери на крајот да се борат за етапна победа.[3] Меѓутоа, да се освои пласманот, на еден возач му треба доволно ниво на вештини покрај силниот спринт, бидејќи тој треба да заврши во рамки на временската граница на планинските етапи за да остане во натпреварувањето, а идеално би било да се натпреварува и на средните спринтови во текот на планинските етапи. На пример, Марио Чиполини бил еден од најдобрите спринтери во неговото време, но никогаш не бил во борба за бодовниот пласман бидејќи не успевал да помине низ планинските етапи и да ја заврши трката (меѓутоа, успеал да заврши на Џиро д’Италија и да го освои бодовниот пласман неколку пати).

Четири пати, победникот на бодовниот пласман бил и победник на генералниот пласман: три пати од страна на Еди Меркс и еднаш од Бернар Ино. Во 1969 година, Еди Меркс го освоил генералниот пласман, бодовниот пласман и планинскиот пласман, уникатна ситуација и резултат на Тур де Франс.

Бодовен системУреди

Моментална состојбаУреди

Вид 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9. 10. 11. 12. 13. 14. 15.
  завршница на „рамна“ етапа 50 30 20 18 16 14 12 10 8 7 6 5 4 3 2
  завршница на „ридско/среднопланинска“ етапа 30 25 22 19 17 15 13 11 9 7 6 5 4 3 2
  завршница на „планинска“ етапа 20 17 15 13 11 10 9 8 7 6 5 4 3 2 1
  индивидуален хронометар 20 17 15 13 11 10 9 8 7 6 5 4 3 2 1
среден спринт 20 17 15 13 11 10 9 8 7 6 5 4 3 2 1

[4]

2011 до 2014Уреди

Бодовниот пласман се пресметувал преку додавање бодови освоени на етапите и одземање на казнените бодови. Бодови добивале првите велосипедисти кои ќе ја поминеле целната линија или линијата на средниот спринт[3] и за велосипедистите со најбрзо време на пролозите или на индивидуалните хронометри. На Тур де Франс 2011 била користена следнава шема:[5]

Вид 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9. 10. 11. 12. 13. 14. 15.
  „рамна“ етапна завршница 45 35 30 26 22 20 18 16 14 12 10 8 6 4 2
  „среднопланинска“ етапна завршница 30 25 22 19 17 15 13 11 9 7 6 5 4 3 2
  „планинска“ етапна завршници 20 17 15 13 11 10 9 8 7 6 5 4 3 2 1
  пролог/индивидуален хронометар 20 17 15 13 11 10 9 8 7 6 5 4 3 2 1
среден спринт 20 17 15 13 11 10 9 8 7 6 5 4 3 2 1

Возачите може да загубат бодови за разни прекршоци на правилата, што значи дека некои возачи може да ја завршат трката со негативна бодовна состојба.[6]

Пред почетокот на Тур де Франс, организацијата објавува кои етапи се сметаат за „рамни“, „среднопланински“ или „планински“. Рамните етапи вообичаено имаат неколку или немаат категоризирани искачувања (неколку од 4. категорија и понекогаш 3. категорија), среднопланинските етапи имаат повеќе искачувања, вообичаено 2. и 3. категорија, а некои планински етапи имаат бројни високи искачувања, често од 1. категорија или екстра категорија.

Кога редоследот по кој велосипедистите ја поминале целта не може да се одреди или кога велосипедистите забележале исто време во прологот/индивидуалниот хронометар, велосипедистите ги делат бодовите (заокружени на најблискиот половина бод). Велосипедист кој не ја завршил етапата се отстранува од бодовниот пласман. По секоја етапа, предводникот на бодовниот пласман ја добива зелената маичка. Во случај на изедначување во пласманот, велосипедистот со најмногу етапни победи е победник. Доколку и тука е изедначено, бројот на победи на средните спринтови го одредуваат победникот. Ако и тука е изедначено, генералниот пласман го одредува победникот. На крајот на Тур де Франс, велосипедистот што води во бодовниот пласман е освојувач на зелената маичка.

Пред 2011 годинаУреди

Правилата биле изменувани низ годините. Кога системот започнал во 1953 година, биле додавани местата на секој велосипедист на етапата, а велосипедистот со најмалку бодови бил победник. Подоцна, бодовите биле доделувани на првите неколку велосипедисти на секоја етапа. Дури потоа, бодовниот систем започнал да се разликува на видот на етапата, вообичаено носејќи повеќе бодови на рамните етапи. Средните спринтови исто така носеле бодови.

Во 2009 година, системот бил следен, со два или три средни спринта по етапа:[7]

Вид 1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9. 10. 11. 12. 13. 14. 15. 16. 17. 18. 19. 20. 21st 22nd 23rd 24. 25.
  „рамна“ етапа завршница 35 30 26 24 22 20 19 18 17 16 15 14 13 12 11 10 9 8 7 6 5 4 3 2 1
  „среднопланинска“ етапа завршница 25 22 20 18 16 15 14 13 12 11 10 9 8 7 6 5 4 3 2 1
  „планинска“ етапа завршница 20 17 15 13 12 10 9 8 7 6 5 4 3 2 1
  пролог/индивидуален хронометар 15 12 10 8 6 5 4 3 2 1
среден спринт 6 4 2

ПобеднициУреди

Победници по годинаУреди

Година Победник Бодови Второ место Бодови Трето место Бодови
1953   Фриц Шер (ШВА) 271   Фјоренцо Мањи (ИТА) 307   Рафаел Жеминијани (ФРА) 406
1954   Ферди Киблер (ШВА) 215,5   Стан Окерс (БЕЛ) 284,5   Фриц Шер (ШВА) 286,5
1955   Стан Окерс (БЕЛ) 322   Ваут Вагтманс (ХОЛ) 399   Мигел Побле (ШПА) 409
1956   Стан Окерс (БЕЛ) 280   Фернан Пико (ФРА) 464   Герит Вортинг (ХОЛ) 465
1957   Жан Форестје (ФРА) 301   Вим ван Ест (ХОЛ) 317   Адолф Кристијан (ШВА) 366
1958   Жан Грачик (ФРА) 347   Јозеф Планкерт (БЕЛ) 406   Андре Дарижад (ФРА) 553
1959   Андре Дарижад (ФРА) 613   Жерар Сен (ФРА) 524   Жак Анкетил (ФРА) 503
1960   Жан Грачик (ФРА) 74   Грацијано Батистини (ИТА) 40   Федерико Баамонтес (ШПА) 35
1961   Андре Дарижад (ФРА) 174   Жан Генше (ФРА) 169   Гвидо Карлези (ИТА) 148
1962   Руди Алтиг (FRG) 173   Емил Демс (БЕЛ) 144   Жан Грачик (ФРА) 140
1963   Рик ван Лој (БЕЛ) 275   Жак Анкетил (ФРА) 138   Федерико Баамонтес (ШПА) 123
1964   Јан Јансен (ХОЛ) 208   Едвард Селс (БЕЛ) 199   Руди Алтиг (FRG) 165
1965   Јан Јансен (ХОЛ) 144   Гвидо Рејбрук (БЕЛ) 130   Феличе Џимонди (ИТА) 124
1966   Вили Планкерт (БЕЛ) 211   Гербен Карстенс (ХОЛ) 189   Едвард Селс (БЕЛ) 178
1967   Јан Јансен (ХОЛ) 154   Гвидо Рејбрук (БЕЛ) 119   Жорж Ванденберге (БЕЛ) 111
1968   Франко Битоси (ИТА) 241   Валтер Годефрот (БЕЛ) 219   Јан Јансен (ХОЛ) 200
1969   Еди Меркс (БЕЛ) 244   Јан Јансен (ХОЛ) 149   Маринус Вагтманс (ХОЛ) 136
1970   Валтер Годефрот (БЕЛ) 212   Еди Меркс (БЕЛ) 207   Марино Басо (ИТА) 161
1971   Еди Меркс (БЕЛ) 202   Сирил Жимар (ФРА) 186   Гербен Карстенс (ХОЛ) 107
1972   Еди Меркс (БЕЛ) 196   Рик ван Линден (БЕЛ) 135   Јоп Зутемелк (ХОЛ) 132
1973   Херман ван Спрингел (БЕЛ) 187   Јоп Зутемелк (ХОЛ) 168   Луис Окања (ШПА) 145
1974   Патрик Серси (БЕЛ) 283   Еди Меркс (БЕЛ) 270   Бери Хобан (ВБР) 170
1975   Рик ван Линден (БЕЛ) 342   Еди Меркс (БЕЛ) 240   Франческо Мозер (ИТА) 199
1976   Фреди Мертенс (БЕЛ) 293   Пјерино Гаваци (ИТА) 140   Жак Ескласан (ФРА) 128
1977   Жак Ескласан (ФРА) 236   Џачинто Сантамброџо (ИТА) 140   Дитрих Турау (ГЕР) 137
1978   Фреди Мертенс (БЕЛ) 242   Жак Ескласан (ФРА) 189   Бернар Ино (ФРА) 123
1979   Бернар Ино (ФРА) 253   Дитрих Турау (ГЕР) 157   Јоп Зутемелк (ХОЛ) 109
1980   Руди Певенаж (БЕЛ) 194   Шон Кели (ИРС) 153   Лудо Петерс (БЕЛ) 148
1981   Фреди Мертенс (БЕЛ) 428   Вилијам Такерт (БЕЛ) 222   Бернар Ино (ФРА) 184
1982   Шон Кели (ИРС) 429   Бернар Ино (ФРА) 152   Фил Андерсон (АВС) 149
1983   Шон Кели (ИРС) 360   Фритс Пирард (ХОЛ) 144   Лорен Фињон (ФРА) 126
1984   Франк Хосте (БЕЛ) 322   Шон Кели (ИРС) 318   Ерик Вандерерден (БЕЛ) 247
1985   Шон Кели (ИРС) 434   Грег Лемонд (САД) 332   Стивен Роуш (ИРС) 279
1986   Ерик Вандерерден (БЕЛ) 277   Јозеф Ликенс (БЕЛ) 232   Бернар Ино (ФРА) 210
1987   Жан Пол ван Попел (ХОЛ) 263   Стивен Роуш (ИРС) 247   Педро Делгадо (ШПА) 228
1988   Еди Планкерт (БЕЛ) 278   Дејвис Фини (САД) 193   Шон Кели (ИРС) 183
1989   Шон Кели (ИРС) 277   Етјен де Вилде (БЕЛ) 194   Стевен Рокс (ХОЛ) 163
1990   Олаф Лудвиг (GDR) 256   Јохан Мизеув (БЕЛ) 221   Ерик Брекинк (ХОЛ) 118
1991   Джамолидин Абдужапаров (URS) 316   Лорен Жалабер (ФРА) 263   Олаф Лудвиг (ГЕР) 175
1992   Лорен Жалабер (ФРА) 293   Јохан Мизеув (БЕЛ) 262   Клаудио Кјапучи (ИТА) 202
1993   Джамолидин Абдужапаров (УЗБ) 298   Јохан Мизеув (БЕЛ) 157   Максимилијан Шијандри (ИТА) 153
1994   Джамолидин Абдужапаров (УЗБ) 322   Силвио Мартинело (ИТА) 273   Јан Сворада (СВК) 230
1995   Лорен Жалабер (ФРА) 333   Джамолидин Абдужапаров (УЗБ) 271   Мигел Индураин (ШПА) 180
1996   Ерик Цабел (ГЕР) 335   Фредерик Монкасен (ФРА) 284   Fabio Baldato (ITA) 255
1997   Ерик Цабел (ГЕР) 350   Фредерик Монкасен (ФРА) 223   Марио Траверсони (ITA) 198
1998   Ерик Цабел (ГЕР) 327   Стјуарт О’Грејди (АВС) 230   Том Стелс (БЕЛ) 221
1999   Ерик Цабел (ГЕР) 323   Стјуарт О’Грејди (АВС) 275   Кристоф Капел (ФРА) 196
2000   Ерик Цабел (ГЕР) 321   Роби Мекјуан (АВС) 203   Романс Вајнштејнс (ЛАТ) 184
2001   Ерик Цабел (ГЕР) 252   Стјуарт О’Грејди (АВС) 244   Дамјен Назон (ФРА) 169
2002   Роби Мекјуан (АВС) 280   Ерик Цабел (ГЕР) 261   Стјуарт О’Грејди (АВС) 208
2003   Баден Кук (АВС) 216   Роби Мекјуан (АВС) 214   Ерик Цабел (ГЕР) 188
2004   Роби Мекјуан (АВС) 272   Тор Хушовд (НОР) 247   Ерик Цабел (ГЕР) 245
2005   Тор Хушовд (НОР) 194   Стјуарт О’Грејди (АВС) 182   Роби Мекјуан (АВС) 178
2006   Роби Мекјуан (АВС) 288   Ерик Цабел (ГЕР) 199   Тор Хушовд (НОР) 195
2007   Том Бонен (БЕЛ) 256   Роберт Хантер (ЈАР) 234   Ерик Цабел (ГЕР) 232
2008   Оскар Фреир (ШПА) 270   Тор Хушовд (НОР) 220   Ерик Цабел (ГЕР) 217
2009   Тор Хушовд (НОР) 280   Марк Кевендиш (ВБР) 270   Гералд Чолек (ГЕР) 172
2010   Алесандро Петаки (ИТА) 243   Марк Кевендиш (ВБР) 232   Тор Хушовд (НОР) 222
2011   Марк Кевендиш (ВБР) 334   Хосе Хоакин Рохас (ШПА) 272   Филип Жилбер (БЕЛ) 236
2012   Петер Саган (СВК) 421   Андре Грајпел (ГЕР) 280   Метју Гос (АВС) 260
2013   Петер Саган (СВК) 409   Марк Кевендиш (ВБР) 312   Андре Грајпел (ГЕР) 267
2014   Петер Саган (СВК) 431   Александер Кристоф (НОР) 282   Бријан Кокар (ФРА) 271
2015   Петер Саган (СВК) 432   Андре Грајпел (ГЕР) 366   Џон Дегенколб (ГЕР) 298
2016   Петер Саган (СВК) 470   Марсел Кител (ГЕР) 228   Мајкл Метјус (АВС) 199
2017   Мајкл Метјус (АВС) 370   Андре Грајпел (ГЕР) 234   Едвалд Боасон Хаген (НОР) 220
2018   Петер Саган (СВК) 477   Александер Кристоф (НОР) 246   Арно Демар (ФРА) 203

Повеќекратни победнициУреди

Место Име Држава Победи Години
1 Ерик Цабел   Германија 6 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2001
Петер Саган   Словачка 5 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2018
3 Шон Кели   Ирска 4 1982, 1983, 1985, 1989
4 Јан Јансен   Холандија 3 1964, 1965, 1967
Еди Меркс   Белгија 3 1969, 1971, 1972
Фрери Мертенс   Белгија 3 1976, 1978, 1981
Джамолидин Абдужапаров   Узбекистан 3 1991, 1993, 1994
Роби Мекјуан   Австралија 3 2002, 2004, 2006
9 Стан Окерс   Белгија 2 1955, 1956
Жан Грачик   Франција 2 1958, 1960
Андре Дарижад   Франција 2 1959, 1961
Лорен Жалабер   Франција 2 1992, 1995
Тор Хушовд   Норвешка 2 2005, 2009

Победници по земјаУреди

Место Држава Победи
1   Белгија 19
2   Франција 9
3   Германија 8
4   Словачка 6
5   Австралија 5
6   Ирска 4
=   Холандија 4
8   Узбекистан 3
9   Италија 2
=   Норвешка 2
=   Швајцарија 2
12   Шпанија 1
=   Обединето Кралство 1

НаводиУреди

  1. „Тур де Франс 2013: Кој ќе ја освои зелената маичка?“. Cycling weekly. 28 јуни 2013. конс. 9 јули 2013. 
  2. „Tour Xtra: Green Jersey“. Cvccbike.com. конс. 23 јули 2013. 
  3. 3,0 3,1 Кристијан, Сара (2 јули 2009). „Откриен Тур де Франс“. RoadCycling.co.nz Ltd. конс. 17 април 2012. 
  4. http://www.letour.com/le-tour/2015/us/sporting-stakes-rules.html
  5. „Одредби на трката“ (PDF). ASO/letour.fr. конс. 29 јуни 2011. 
  6. „Le Tour 101“. cyclingnews.com. конс. 1 август 2007. 
  7. „Одредби на трката“ (PDF). ASO/letour.fr. конс. 28 септември 2009.