Вуелта а Еспања (шпански: Vuelta a España; позната и како Трка околу Шпанија) — годишна етапна велосипедска трка, која првенствено се одржува во Шпанија, иако повремено поминува и низ соседните земји. Поттикната од успехот на Џиро д’Италија и Тур де Франс, трката била првпат организирана во 1935.[1] Трката била спречена да биде одржана низ периодот на двете светски војни и Шпанската граѓанска војна во раните години на нејзиното постоење; меѓутоа, трката започнала да се вози секоја година од 1955.[1] Како Вуелта постигнувала значајност и популарноста на трката растела, нејзината слава започнала да се шири низ светот. Од 1979, трката е организирана од Unipublic. Групата на возачи на почетокот била составена само од шпански велосипедисти, но сега секоја година учествуваат возачи од целиот свет. Вуелта е дел од Светската турнеја, што значи дека екипите кои настапуваат на трката се главно UCI ProTeam екипи, со исклучок на екипите кои ги повикува организаторот.[2][3]

Вуелта а Еспања
Лого на трката
За трката
Датумсептември (од 1995)
РегионШпанија
Месно имеVuelta Ciclista a España (шпански)
ПрекарВуелта
ДисциплинаДрумски велосипедизам
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI
ВидГолема трка
ОрганизаторUnipublic
Директор на тркатаХавиер Гвиљен
Историја
Прво одржување1935 (1935)
Одржувања72 (до 2017)
Прв победник Густаф Делор (БЕЛ)
Најмногу победи Тони Ромингер (ШВА)
 Роберто Ерас (ШПА)
 Алберто Контадор (ШПА)
(3 победи)
Неодамнешен победник Крис Фрум (ВБР)

Заедно со Тур де Франс и Џиро д’Италија, ги создаваат трите најпрестижни тринеделни велосипедски трки, Гранд Тур.[4] Додека рутата се менува секоја година, форматот на трката останува ист со вклучување на најмалку два хронометра, премин низ планинскиот масив на Пиринеите и завршница во шпанскиот главен град Мадрид. Поновите изданија на Вуелта а Еспања се состои од 21 етапа во период од 23 дена, кој вклучува два дена одмор.

Сите етапи се мерат на крајот, а завршните времиња на возачите се составени од нивните претходни етапни времиња. Возачот со најмало вкупно време е водач на трката и ја добива честа да ја носи посакуваната црвена маичка. Додека генералниот пласман привлекува најголемо внимание, постојат и други пласмани на трката: бодовниот пласман за спринтерите, планинскиот пласман за специјалистите за искачување, комбинираниот пласман за сите универзални возачи и екипниот пласман за најбрзите екипи. Вуелта а Еспања 2012 била освоена од Шпанецот Алберто Контадор од Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк.[5][6]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Cycling Revealed“. Cycling Revealed. Посетено на 7 август 2012.
  2. „[[Меѓународен велосипедистички сојуз]]“. Uci.ch. Посетено на 6 август 2012. URL–wikilink conflict (help)
  3. When is the Criterium route announced. „Календар на Светската турнеја на UCI“. Cycling Weekly. Посетено на 6 август 2012.
  4. „Million dollar, baby!“. Cycling News. Future Publishing Limited. 12 јануари 2007. Посетено на 21 мај 2011.
  5. „Alberto Contador se proclama campeón de la Vuelta a España“. Mundodeportivo.com. Посетено на 9 септември 2012.
  6. Reuters. „Contador reinforces position as stage race king – SuperSport – Cycling“. SuperSport. Посетено на 9 септември 2012.

Надворешни врски

уреди