Трка околу Полска
Трката околу Полска (француски: Tour de Pologne, полски: Wyścig Dookoła Polski) — друмска велосипедска етапна трка. Се состои од седум или осум етапи и обично се вози на растојание од 1.200 километри во должина. Трката била првпат одржана во 1928 година. До 1952 година трката била одржувана повремено, но оттогаш е одржувана како годишна трка. До почетокот на 1993 година трката била отворена само за аматерски велосипедисти и најмногу од победниците доаѓале од Полска.
За трката | |
---|---|
Датум | август |
Регион | Полска |
Месно име | Wyścig Dookoła Polski (полски) |
Дисциплина | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Светска турнеја на UCI |
Вид | Етапна трка |
Директор на трката | Чеслав Ланг |
Историја | |
Прво одржување | 1928 |
Одржувања | 77 (до 2020) |
Прв победник | Феликс Вичек (ПОЛ) |
Најмногу победи | 3 победи: Дариуш Барановски (ПОЛ) Маријан Вјенцковски (ПОЛ) |
Неодамнешен победник | Ремко Евенепул (БЕЛ) |
Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) оваа трка ја вброил како дел од UCI ProTour во 2005 година и дел од календарот на Светскиот ранкинг во 2009 година.
Историја
уредиПрвичната замисла на Трката околу Полска како повеќеетапна трка била правена по популарниот Тур де Франс. Предлогот за организирање на трката бил објавен од велосипедското здружение Варшава и спортскиот весник Пжеглад Спортови, издаван во Краков. Благодарение на нивната иницијатива, трката била одржана во летото на 1928. Историското прво издание на трката се случило од 7 до 11 септември 1928. 71 велосипедист се тркале на околу 1.500 километри - победник бил Феликс Вичек од велосипедскиот клуб Бидгошч.
До почетокот на Втората светска војна, трката била одржана четирипати, два од нив - во годините 1937 и 1939 - биле освоени од „тигарот на патиштата“ - Болеслав Напјерала.
Првите трки значајно се разликувале од денешните. Етапите биле многу подолги (чести на растојанија од 300 километри) и возачите постојано се здобивале со дупнати гуми на калдрмата и правеле паузи кај локалните ресторани.
По војната, идејата за велосипедско натпреварување околу Полска била повторно обновена. Во 1947, благодарение на соработката на полскиот велосипедистички сојуз, новинско-издавачката куќа „Чителник“ и група на новинари, трката била повторно активирана по осумгодишна пауза. Победник по само четири етапи и околу 606 километри (најкратката патека во историјата на трката) бил Станислав Гжелак (Трамвајарз Лоѓ). До 1993 не им успевало на организаторите на трката да добијат соодветен ранг за нивната трка. Ова било поради официјалниот став на властите и давањето предност на друга велосипедска трка - Мировната трка. Значајни моменти од тој временски период: триумфите на странските велосипедисти - Франческо Локатели (1949), Роџер Диркен (1960), Хосе Виехо (1972) и Андре Делкроа (од 1974), најдолгото издание на трката - 2.311 километри и 13 етапи (во 1953) и трикратниот победник Маријан Вјенцковски (1954–56), рекордот е постигнат и од Дариуш Барановски (1991–93).
Од 1993, Чеслав Ланг, сребрениот велосипедски медалист од Летните олимписки игри 1980 и победникот на Трката околу Полска 1980, ја преземал функцијата дикретор на трката. Благодарение на неговите постојани напор, трката сега е дел од календарот на Светскиот ранкинг.
Во 1997, во текот на конгресот на UCI во Сан Себастијан, трката била унапредена од професионалната категорија 2.4 и сега била класификувана како „национална трка“ (прва од таков вид во државите од Средна и Источна Европа).
На Светските првенства 1999 во Веројна, техничката комисија на UCI ја унапредил трката во класа 2.3. На 12 октомври 2001, на трката ѝ била доделена категоријата 2.2.
Во 2005 со одлука на UCI, Трката била вклучена во елитата на велосипедските трка - UCI ProTour. Составот на натпреварувањето биле три Гранд Тур: Џиро д’Италиа, Тур де Франс, Вуелта а Еспања, класичниот Светски куп, етапните трки од категорија 2.HC (н.п. Париз-Ница, Тур де Свис), класиците 1.HC (н.п. Флеш Валон) и Трката околу Полска, која била унапредена во 2 категории.
Низ претходните години - Чеслав Ланг, аматерската трка Коларска, позната главно во комунистичките земји, била трансформирана во добро организирана професионална трка. Ова ја довело трката во светот на врвните професионални трки со настапи на врвните ѕвезди во професионалниот велосипедизам, како Данило ди Лука (победник на ProTour 2005), Лорен Брошар (професионален светски првак од 1997), Оскар Фреир (светски првак 1999, 2001 и 2004), Романс Вајнштајнс (светски првак од 2000), Вјачеслав Екимов (олимписки првак 2000), Џанлука Бортолами (победник на Светскиот куп 1994), Ерик Декер (победник на Светскиот куп 2001), Стефано Гарцели (победник на Џиро д’Италиа 2000) или одличните спринтери: Андрус Ауга, Баден Кук и Даниеле Бенати.
Трката околу Полска четирипати била добитник на наградата „најдобар спортски натпревар на годината“, доделувана од весникот Пжеглад Спортови во 1995, 1996, 2004 и 2008.
Победници
уредиНадворешни врски
уреди„Трка околу Полска“ на Ризницата ? |
- Матична страница (полски) (англиски)
- Достигнувања на Cycling Archives