Зрнци (науч. Solanaceae)— семејство на цветни растенија каде спаѓаат низа значајни земјоделски култури, но и многу видови на токсични растенија.

Во фамилијата се вбројуваат татулата (Datura), мандрагората (Mandragora), помамницата (Atropa belladonna), плетиплотката (Lycium barbarum), зрнавецот (Physalis), пиперката (Capsicum), зрнецот (Solanum = компир, домат, модар патлиџан), тутунот (Nicotiana) и петунијата (Petunia).

Многу членови на фамилијата играат важна улога во човечкиот живот како храна, зачини и лекови. Меѓутоа, многу видови се богати со алкалоиди со отровност која се движи од малку надразнителна до смртоносна во мали дози. Некои видови се психоактивни (на пр. татулата).

Опис

уреди

Растенијата од фамилијата Зрнци можат да бидат билки, грмушки, дрва и понекогаш, ползавци. Цветовите обично се ѕвездести. По облик се зрачни или цевчести, со четири до пет венечни ливчиња кои обично се споени. Leaves are alternate. Плодот е бобинка со осна плацентација како кај доматот и плетиплотката, или пак зажлебена чаура како кај татулата. Семињата кај највеќето растенија се округли и рамни, со пречник од 2-4 мм. Прашниците излегуваат од венечните ливчиња и нивниот број обично е содржател на четири или пет, најчесто четири или осум. Плодницата е издадена.[2]

Генетика

уреди

Највеќето членови на фамилијата имаат по 12 хромозоми,[3] број кој е зголемен поради полиплоидија. Дивите компири (околу 200 вида) се претежно диплоидни (2 × 12 = 24 хромозоми), но постојат и триплоидни (3 × 12 = 36 хромозоми), третраплоидни (4 × 12 = 48 хромозоми), пентаплоидни (5 × 12 = 60), па дури и хексаплоидни (6 × 12 = 72 хромозоми) видови. Домашниот компир (Solanum tuberosum) има 4 × 12 = 48 хромозоми. Некои водиви од родот на пиперката имаат 2 × 12 = 24 хромозоми, додека пак други имаат 26 хромозоми.

Некои родови

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Зрнци (Solanaceae Juss., nom. cons.)“. GRIN. Министерство за земјоделство на САД. 12 април 2007. Посетено на 16 април 2009. (англиски)
  2. Yasin J. Nasir. „Solanaceae“. Flora of Pakistan.
  3. Fujii, Kenjiro (1934). Cytologia. Botanical Institute. стр. 281.

Надворешни врски

уреди