Парламентарна република
Парламентарна република — вид република која се управува под парламентарен систем, каде извршната власт (владата) е подредена и отчетна на законодавната (парламентот). Постојат повеќе видови парламентарни републики. Кај највеќето вакви републики постои јасна поделба на надлежностите помеѓу шефот на владата и шефот на државата, при што шефот на владата ја има вистинската власт, како кај уставните монархии. Кај некои, улогите на шеф на владата и шеф државата се споени во едно (како во претседателскиот систем), но сепак функционерот е зависен од парламентот.
Во ваквите држави, шефот на државата најчесто се нарекува „претседател“, а шефот на владата е „премиер“ или „канцелар“. Шефот на владата мора да ја има довербата на парламентот, а неговиот мандат може да подлежи на измени. Шефот на државата не подлежи на вакви ограничувања, но затоа има значајно помала извршна моќ.
Овластувања
уредиЗа разлика од републиките со претседателски или полупретседателски систем, шефот на државата (претседателот) нема голема извршна надлежност, туку тие му припаѓаат на шефот на владата (премиер и сл.).
Во земјите кајшто шефот на државата го бираат членовите на парламентот, истиот ја има и функцијата на шеф на владата (како во Боцвана, Маршалските Острови, Науру, ЈАР и Суринам) и е водач на најголемата владејачка партија.
Во извесни случаи, претседателот може да има теоретски овластувања во секојдневното управување со земјата (на пр. во Финска), но според воспоставената практика не ги користи, или пак со нив го спроведува она што е одлучено во парламентот. Ова би можело да се нарече полупретседателски систем на основа на парламентарен.
Список на денешни парламентарни републики
уредиИме на државата | Претходно уредување | Станала парл. република | Шефот на државата го бира | Коморност |
---|---|---|---|---|
Австрија | еднопартиска држава (како дел од Третиот Рајх, погл. аншлус) | 1945 | непосредно, во втор круг | дводомен |
Албанија | еднопартиска држава | 1991 | парламентот, со мнозинство | еднодомен |
Бангладеш | претседателска република | 1991[б 1] | парламентот | еднодомен |
Босна и Херцеговина | еднопартиска држава (дел од СФРЈ) | 1991 | непосредно, во втор круг | дводомен |
Боцвана | британски протекторат (Бечуаналенд) | 1966 | парламентот, со мнозинство | еднодомен |
Бугарија | еднопартиска држава | 1989 | непосредно, во втор круг | еднодомен |
Вануату | британско-француски кондоминиум (Нови Хебриди) | 1980 | парламентот и претседателите на регионалните совети, со мнозинство | еднодомен |
Гвајана | уставна монархија (крунска земја) | 1970 | парламентот, со мнозинство | еднодомен |
Германија | еднопартиска држава | 1949[б 2] | сојузното собрание (парламентот и покраинските пратеници), со апсолутно мнозинство | дводомен |
Грција | воена хунта; уставна монархија | 1975 | парламентот, со мнозинство | еднодомен |
Доминика | здружена земја на Обединетото Кралство | 1978 | парламентот, со мнозинство | еднодомен |
Естонија | еднопартиска држава (дел од СССР) | 1991[б 3] | парламентот, со двотретинско мнозинство | еднодомен |
Етиопија | еднопартиска држава | 1991 | парламентот, со двотретинско мнозинство | дводомен |
Израел | протекторат (дел од Британскиот мандат во Палестина) | 1948 | парламентот, со мнозинство | еднодомен |
Индија | уставна монархија (британско владение) | 1950 | парламентот и пратениците од собранијата на сојузните држави, со единечен пренослив глас | дводомен |
Ирак | еднопартиска држава | 2005 | парламентот, со двотретинско мнозинство | еднодомен (официјално дводомен) |
Ирска | уставна монархија (британско владение) | 1949[б 4] | непосредно, со единечен пренослив глас | дводомен |
Исланд | дотогаш во состав на Данска; уставна монархија | 1944 | непосредно, со мнозинство | еднодомен |
Италија | уставна монархија | 1946 | парламентот, со двотретинско мнозинство | дводомен |
ЈАР | уставна монархија (крунска земја) | 1961 | парламентот, со мнозинство | дводомен |
Киргистан | претседателска република | 2010 | непосредно, во втор круг | еднодомен |
Кирибати | протекторат | 1979 | парламентот, со мнозинство | еднодомен |
Латвија | еднопартиска држава (дел од СССР) | 1991[б 5] | парламентот | еднодомен |
Либан | протекторат (Француски мандат во Либан) | 1941 | парламентот | еднодомен |
Либија | народна република т.е. џемахирија (пред 2011 г.) | 2012 | парламентот | еднодомен |
Маврициус | уставна монархија (крунска земја) | 1992 | парламентот, со мнозинство | еднодомен |
Македонија | еднопартиска држава (дел од СФРЈ) | 1991 | непосредно, во втор круг, по прогласената независност со референдум | еднодомен |
Малта | уставна монархија (крунска земја) | 1974 | парламентот, со мнозинство | еднодомен |
Маршалски Острови | старателско подрачје на ООН (дел од Старателското подрачје на Тихоокеанските Острови) | 1979 | парламентот | дводомен |
Микронезија | старателско подрачје на ООН (дел од Старателското подрачје на Тихоокеанските Острови) | 1986 | парламентот, со мнозинство | еднодомен |
Молдавија | еднопартиска држава (дел од СССР до 1990 г.) преодна парламентарна република (1991-1994) |
1994[б 6] | парламентот, со мнозинство | еднодомен |
Монголија | еднопартиска држава | 1949 | непосредно | еднодомен |
Науру | старателско подрачје на Австралија | 1968 | парламентот | еднодомен |
Непал | уставна монархија | 2008 | парламентот | еднодомен |
Пакистан | претседателски и полупретседателски систем | 2010[1][2] | парламентот и пратениците од собранијата на сојузните држави, со единечен пренослив глас | дводомен |
Полска | еднопартиска држава | 1990 | непосредно, во втор круг | дводомен |
Самоа | уставна монархија | 2007 | парламентот | еднодомен |
Сан Марино | Римско Царство | 301 | парламентот | еднодомен |
Сингапур | уставна монархија (дел од Малезија) | 1965 | непосредно | еднодомен |
Словачка | еднопартиска држава (дел од Чехословачка) | 1993 | парламентот (пред 1999 г.) непосредно, во втор круг (од 1999 г.) |
еднодомен |
Словенија | еднопартиска држава (дел од СФРЈ) | 1991 | непосредно, во втор круг | дводомен |
Сомалија | преодна влада (по 1991 г.) еднопартиска држава (пред 1991 г.) |
2012 | парламентот | дводомен |
Србија | еднопартиска држава (дел од СФРЈ) | 1991 | непосредно, во втор круг | еднодомен |
Суринам | воена диктатура | 1987 | парламентот, со мнозинство | еднодомен |
Тринидад и Тобаго | уставна монархија (крунска земја) | 1976 | парламентот | дводомен |
Тунис | полупретседателски систем (1956-2011) преодна влада (2011-2014) |
2014 | парламентот, со мнозинство | еднодомен |
Турција | еднопартиска држава | 1946 | непосредно (од 2007 г., претходно од парламентот) | еднодомен |
Унгарија | еднопартиска држава | 1990 | парламентот, со апсолутно мнозинство | еднодомен |
Финска | полупретседателска република | 2000[б 7] | непосредно, во втор круг | еднодомен |
Фиџи | воена хунта | 2014 | парламентот, со мнозинство | еднодомен |
Хрватска | полупретседателска република 1990 - 2000
порано: еднопартиска држава (дел од СФРЈ) |
2000 | непосредно, во втор круг | еднодомен |
Црна Гора | еднопартиска држава (дел од СФРЈ) | 1992 | непосредно, во втор круг | еднодомен |
Чешка | еднопартиска држава (дел од Чехословачка) | 1993 | непосредно, во втор круг (од 2013 г.; претходно: парламентот, со мнозинство) | дводомен |
Список на поранешни парламентарни републики
уредиПоврзано
уредиБелешки
уреди- ↑ Била парламентарна република и помеѓу 1971 и 1975 г.
- ↑ In the case of поранешните западногерманск покраини, вклучувајќи го Западен Берлин, претходната еднопартиска држава била Третиот Рајх, но во случај на новите сојузни покраини и поранешен Источен Берлин, еднопартиската држава е Источна Германија. Германија се обединила на 3 октомври 1990 г., кога петте покраини на ГДР (Источна Германија) се приклучиле кон СР Германија (Западна Германија), а Берлин е обединет како еден град-покраина. Затоа, годината се однесува на денешна СР Германија во целина, иако подрачјето на Источна Германија не ѝ припаѓало на таа парламентарна република сè до 1990 г.
- ↑ Естонија била парламентарна република и помеѓу 1919 и 1934 г., кога власта е соборена со преврат. Во 1938 г. е усвоен претседателскиот систем, а во јуни 1940 г. Естонија е окупирана од СССР и припоена кон него.
- ↑ Шеф на државата од 1936 до 1949 г.
- ↑ Латвија била парламентарна република и помеѓу 1921 и 1934 г., кога е извршен преврат и на премиерското место дошол Карлис Улманис. Во јуни 1940 г. Латвија е окупирана од СССР и припоена кон него.
- ↑ Првите парламентарни избори се одржани во февруари и март 1990 г. На изборите само Комунистичката партија имала статус на таква, а опозицијата се состоела од поединечни кандидати. Во 1991 г. е прогласена независнсот од СССР, а во 1994 г. се одржани првите повеќепартиски избори.
- ↑ Порано полупретседателска република, а денес парламентарна, со уставот од 2000 г.
- ↑ Во јуни 1940 г., Литванија е окупирана од СССР и припоена кон него.
- ↑ Создадена функцијата Претседател на Руската Федерација и почнува раздвојувањето на надлежностите и предавање на овластувањата на Врховниот совет на Русија. Дотогаш Русија била советска република.
- ↑ На ова му претходи уставната криза и вооруженото распуштање на Врховниот совет на Русија.
Наводи
уреди- ↑ Kiran Khalid, CNN (2010-04-09). „Pakistan lawmakers approve weakening of presidential powers“. CNN.com. Посетено на 2010-04-14.
- ↑ „'18th Amendment to restore Constitution' | Pakistan | News | Newspaper | Daily | English | Online“. Nation.com.pk. Посетено на 2010-04-14.