Фонетика и фонологија на македонскиот јазик

Во оваа статија се работи за фонолошкиот систем на стандардниот (т.е. литературен) македонски јазик кој се темели на прилепско-битолскиот дијалект. За другите дијалекти, видете Дијалекти на македонскиот јазик. Македонскиот јазик има пет самогласки, една полусамогласка, три течни согласки, три носни, три пара струјни, два пара слеани, неспарена безвучна струјна согласка, девет пара звучни и безвучни согласки и четири пара избувни согласки.

Македонска фонетика и фонологија
Македонската буква и глас „ѕ“.
Гласови
Писмо
Поврзано

Самогласки уреди

Самогласки
Предни Средни Задни
Затворени i u
Средни ɛ (ə) ɔ
Отворени a

[ə] (темен глас) се јавува во некои дијалекти и неколку изолирани примери, каде се означува со апостроф (’).

Самогласките во двосложни зборови се изговараат (реализираат) како долги, на пр. се /sɛ/ и сее /sɛː/.

 
Табела на самогласките во македонскиот.

Согласки уреди

Согласки[1]
Уснени Забни/
Венечни
Задно-
венечни
Предно-
непчени
a
Задно-
непчени
Носни m n ɲ
Избувни p b t d c ɟ k ɡ
Слеани t͡s d͡z t͡ʃ d͡ʒ
Струјни f v s z ʃ ʒ x
Приближни l ʎ j
Трепетни r

^a Зависно од дијалектот, Ѓ и Ќ може да ги претставуваат венечно-преднонепчените слеани согласки ([ʥ], односно [ʨ]).

Заднонепчената носна согласка [ŋ] понекогаш се јавува како алофон на /n/ пред /k/ и /g/. Пример е зборот „англиски“ [ˈaŋgliski].

Во случаите каде /r/ игра самогласна улога, пред буквата Р се става апостроф. Примери: ’рж /r̩ʒ/, за’ржи /zar̩ʒi/ и ’рбет /r̩bɛt/).

Македонистите Хорас Лант (Lunt (1952) и Виктор Фридман (Friedman (2001) не го признаваат постоењето на палатализираниот звук (/lʲ/) или палаталниот (/ʎ/) во стандардниот македонски јазик - за разлика од нивното присуство во соседните сродни јазици (бугарски и српски). Наместо тоа, се јавува групата /lj/, освен кога тие се соединуваат при брзо зборување.

Овие двајца македонисти исто така тврдат дека постои фонемски контраст помеѓу веларизираното странично /ɫ/ и невеларизираното /l/. Додека тие признаваат дека секој од гласовите /ɫ/ и /l/ (како Л) се јавуваат главно пред предни, односно непредни самогласки - тие велат дека, барем по пропишаното правило[2] или кај некои зборови,[3] /l/ (како Љ) може да се јави пред непредни самогласки. Затоа минималните парови како „бела“ /bɛła/ наспроти „беља“ /bɛla/ го изразуваат овој фонемски контраст.

Гласот Х не е типичен за македонскиот јазик и истиот се вовел во македонскиот преку[4]:

  1. нови странски зборови, пр, „хотел“
  2. топоними, пр. „Пехчево“
  3. зборови од старословенско потекло, пр. „дух“
  4. нови создадени зборови, пр. „доход“
  5. за разграничување на зборови, пр. „храна“ и „рана“.

Фонолошки процес уреди

На крајот од зборот, звучната противположеност (опозиција) се неутрализира.

Акцент уреди

Акцентот во македонскиот јазик е третосложен, што значи дека паѓа на третиот слог броено одзади, а за пократки зборови на првиот или единствен слог. Ова не важи за заемки и други зборови со странско потекло. Еве ги правилата за акцентирање во македонскиот јазик:

Пример: де́те, ма́jкa, та́тко.

Примери: та́ткото, та́тковци, татко́вците.

Исклучоци:

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Граматика на македонскиот јазик, стр. 102, Стојка Бојковска, Просветло Дело, Скопје 2008
  2. Friedman (2001:?)
  3. Lunt (1952:?)
  4. Фридман, В., Граматика на македонскиот јазик“, стр. 11

Библиографија уреди

  • Friedman, Victor (2001), „Macedonian“, Во Garry, Jane; Rubino, Carl (уред.), Facts about the World's Languages: An Encyclopedia of the Worlds Major Languages, Past and Present, New York: Holt, стр. 435–439
  • Lunt, Horace G. (1952), Grammar of the Macedonian Literary Language, Skopje