Википедија:Избрана статија/2017/15
Боцвана (цвана: Botswana; англиски: Botswana) — независна држава во Јужна Африка. Државата порано била британски протекторат познат како Бечуаналенд. Откако државата се стекнала со независност на 30 септември 1966 година, официјалното име биле променето во денешната форма. Боцвана се граничи со Јужна Африка на југ и југоисток, со Намибија на запад и на север и со Зимбабве на североисток. Боцвана има допирна точка со Замбија, но сепак овој дел од границата не е добро утврден. Главен град на државата е Габороне, а официјални јазици се сецвански и англиски. Боцвана има вкупна површина од 581.730 км2 и население од 2.029.307 жители според проценките од 2010 г.
Географски земјата е рамна и до 70% од територијата е претставена од пустината Калахари. Боцвана има нешто над 2 милиони жители и тоа ја прави една од најслабо населените држави во светот. Боцвана била една од најсиромашните држави во Африка во моментот кога се стекнала со независност во 1966 г. со БДП од 70 долари по глава на жител. Денес, Боцвана е една од најбрзо растечките економии во светот со БДП од 14.400 долари по глава на жител. Државата е дом на еден релативно стабилен политички систем и брзорастечка пазарна економија. Економијата на земјата е една од најуспешните во Африка и брзо се развива услужниот сектор, светски познатата дијамантска индустрија, туризмот и производството. (Дознајте повеќе...)