Претседател на Русија

Претседателот на Руската Федерација (рус. Президент Российской Федерации) е шеф на државата и врховен командант на Руската Федерација. Иако самиот устав не одредува дека претседателот е шеф на извршната власт, извршната власт де факто е поделена помеѓу претседателот и премиерот (шефот на владата). Моментален претседател на Русија е Владимир Путин во својот втор мандат (2012-).

Претседател на Руската Федерација
Президент Российской Федерации
Официјален стандард
Претседателски стандард
Vladimir Vladimirovich Putin (2nd Presidency).jpg
Функционер
Владимир Путин

од 7 мај 2012 г.
СедиштеКремљ
Назначувачизбори
Мандат6 г.; огран. на 2 последователни мандата
Прв функционерБорис Елцин
Создадена10 јули 1991
Место во наследниот редПремиер на Русија
Мреж. местопрезидент.рф (руски)
(англиски) eng.kremlin.ru
Претседателски околувратник
Посебен претседателски примерок на уставот

Пред 25 декември 1991 г. шефот на владата се нарекувал Претседател на Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република (руски: Президент Российской Советской Федеративной Социалистической Республики).

Услови за функцијатаУреди

Според Рускиот устав, секој кандидат за претседател мора да биде руски државјанин, да има барем 35 години и постојано да живеел во Русија најмалку 10 години.

Уставот налага дека едно лице може да служи најмногу два последователни мандата, но бројот на мандати е неограничен. Должината на мандатот е шест години. Пред 2012 година беше четири години.

РезиденцииУреди

Главната работна резиденција на претседателот е Сенатот во Московскиот Кремљ[1]. На располагање стои и Големиот Кремљски дворец (церемонијална резиденција) и таканаречената „XIV зграда“[1] (резервна резиденција).

Тековната станбена резиденција на претседателот е „Ново Огарјово“ (руски: Ново-Огарёво).

Вон Москва, претседателот има разни други [2].

ПревозУреди

За копнениот превоз на претседателот е задолжена Гаражата за посебни намени[3], оддел во рамките на Федералната служба за обезбедување.

 
Претедателскиот авион за долги летови Илјушин Ил-96-300ПУ

За воздушниот превоз на претседателот е задолжен авиопревозникот „Росија“ (Россия)[4].

Претседателскиот авион ги има истите шари како редовните авиони на „Росија“, освен тоа што на опашката е истакнат грбот или претседателскиот стандард наместо знамето на Русија.

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди