Јаунде

главен град на Камерун

Центарот на Јаунде

Јаунде, Камерун Камерун

Површина ? км2
Население 1,430,000
Густина на насел. ?/км2
Административна поделба ?
Надморска висина 750 m
Градоначалник ?
Координати: 3°52' СГШ, 11°31' ИГД

Јаунде е главен град на Камерун. Градот брои околу 1,430,000 жители. Тој е вториот најголем град во земјата, по Дуала. Се наоѓа во центарот на Камерун, на околу 750 m надморска висина. Јаунде е сместен на 3°52' СГШ и 11°31' ИГД.

Катедрала во Јаунде

Историја

уреди

Јаунде бил основан во 1888 од страна на германските трговци како база за трговијата со слонова коска и како земјоделска истражувачка станица. Подоцна овој град бил окупиран од белгиските трупи за време на Втората светска војна и по војната градот станал седиште на Француски Камерун. Тој продолжил да биде главен град на Република Камерун.

Стопанство

уреди

Индустријата вклучува производство на цигари, млечни производи, квасци, клеј, стакло и дрво. Јаунде е регионален центар за кафе, какао, копар, шеќерна трска и гума.