Именки во македонскиот јазик
Во македонскиот јазик, именките се менливи зборови со кои се означуваат суштества, предмети, појави и поими. По традиција, именките се делат на општи и сопствени.
Определеност и неопределеност
уредиЧленот во македонскиот јазик е постпозитивен, т.е. доаѓа како наставка на именката. Членовите во македонскиот јазик се само определени, односно нема неопределен член во македонскиот јазик. Карактеристично само за македонскиот јазик е тоа што има три форми на определен член, единствен словенски јазик со три определени члена. Определениот член има број и род.
- Членот -ов, -ва, во итн. служи за укажување на предмети блиски до говорителот: човеков (овој овде)
- Членот -он итн. - за укажување на пооддалечени предмети, но во опсегот на нашите сетила: човекон (оној онаму)
- Членот -от итн. иде најчесто во служба на општо определување, без однос спрема неговата пространствена позиција, но ќе се рече: на ти ја книгава (оваа до мене), дај ми ја книгана (онаа што ја гледаме двајцата малце понастрана); и од друга страна: дај ми ја книгата (таа што е до тебе, таа што ја држиш) (членот -от изразува и пространствено определување во случај кога се зборува за предмет што се наоѓа во дофатот на второто лице).
Само определени се сопствените именки и тие не се членуваат (Петре, Скопје, Вардар итн.), но: Совчето, Марето, Надето (нијанса на интимност); Вардарот.
машки род еднина |
машки род множина |
женски род еднина |
женски род множина |
среден род еднина |
среден род множина | |
---|---|---|---|---|---|---|
определеност | - от | - те | - та | - те | - то | - та |
блиску | - ов | - ве | - ва | - ве | - во | - ва |
далеку | - он | - не | - на | - не | - но | - на |
Примери:
- Јас го видов човекот. (именката „човек“ е позната за говорителот и слушателот и поради тоа се користи член за определеност.)
- Јас го видов човекон. (именката „човек“ е подалеку од говорителот и слушателот и се користи член за подалеку, што со други зборови е исто со „оној човек“)
- Јас го видов човеков. (именката „човек“ е поблиску до говорителот и слушателот и се користи член за поблиску, што со други зборови е исто со „овој човек“)
Формите на именките
уредиМашки род
уреди- на согласка: стол, леб, рид;
- на самогласка -а: слуга, судија;
- на самогласка -о: татко, дедо;
- на самогласка -е: вујче, Јане, Миле
Вокатив (форма за повикување) се образува од општата форма на именката со наставка -у или-е: мажу, ќелешу, коњу, крају итн.; бику, волку, смоку, човеку (и човече), јунаку (и јуначе), но: боже, друже, оче; господине, пријателе, мајсторе (кај повеќесложните именки); од именката господ: господи, покрај господе.
Машки и роднински имиња:
- на согласка: Стојан;
- на -е: Јане;
- на -о: Велко,
- на -а: Коста,
- на -и: Методи (во народниот јазик обично Методија).
Примери: Зборував со Стојана, со Петрета, со Велка; Го видов Стојана итн.
Множински форми како: Петревци, Велковци итн.
Роднински имиња:
- на согласка: брат, братучед, девер, зет, маж, син, свекор;
- на -е: вујче, тате, чиче, брате. Тие именки се деминутивни образувања со силен израз на интимност;
- на -о: вујко, дедо, стрико, татко, чичко
- на -а: шура
Форми на множината: Избројана множина: три дена, неколку дена; два петла; два кладенца итн.
Обична множина: Македонец - Македонци; граѓанин - граѓани, селанец - селани, скопјанец - скопјани, но Германец - Германци; Турчин - Турци; старец - старци; театар - театри; Грк - Грци; ден - дни, денови; смок - смоци, смокови; крст - крстови; леб - лебови; нож - ножеви; крај - краеви, но: кеј - кејови; крал - кралеви и кралови; зет - зетеви и зетови; меч - мечеви; ветар - ветрови; оган - огневи и огнови;
Збирна множина: дол - долишта; крај - краишта; роб - робје; кол - колје; друм - друмје; камен - камење, камења; ремен - ремење, ремења итн.; град - градје; рид - ридје; пат - патје; паќе (=патишта).
Женски род
уредиВокатив
- Кај тросложните и повеќесложните именки на -ица: Горице, мајчице, но и: лисицо, биволицо, кукавицо;
- Кај личните имиња на -ка: Ратке; Босилке; Василке, но и: Велико, Љубико итн.
- Имињата на -ја: Марија - Марије, Маријо;
- сваќа - сваќе; попаѓа - попаѓе
- Сите други именки на -а образуваат вокатив само на наставка -о: душо, жено, Ангелино итн.; кума-лисо
Губењето на вокативната форма е покарактеристично за именките од машки род на -а (војвода), но и кај именките од женски род (Емилија, Мимоза, Лиза; Вера место Веро).
Форми на множината:
- Обична множина: на -и: жена - жени; ноќ - ноќи; Особени форми: раце, нозе;
- Збирна множина: вода - водје, воѓе; ливада - ливадје, ливаѓе итн.
Среден род
уреди- на -о: село, вретено;
- на -е: поле, лице, лозје.
Формите за множина: на -а: села, лета, вретена;
- Посебни форми: рамо - рамена; око - очи; уво - уши; небо - небеса (неба); чудо - чудеса (чуда);
- Збирна множина: крило - крила, крилје;
Образување на множината од именките на -е: на -је, -ие, -це: множина на -а: лозје - лозја, влијание - влијанија, лице - лица; сите други именки на -е во множината ја добиваат наставката -иња: пиле - пилиња; име - имиња; море - мориња; дете - деца, дечиња.
Користена литература
уреди- ^ Бојковска, Стојка; Лилјана Минова - Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветковски (декември 2008). Саветка Димитрова (уред.). Општа граматика на македонскиот јазик. Скопје: АД Просветно Дело. ISBN 978-9989-0-0662-7 Проверете ја вредноста
|isbn=
: checksum (help).CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link) - ^ Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова - Ѓуркова, Живко Цветковски (2001). Македонски јазик за средно образование. Скопје: Просветно Дело АД.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
- ^ Friedman, Victor (2001). Macedonian grammar (англиски). SEE LRC, USA.
- ^ Lunt, Horace (1952). Grammar of the Macedonian literary language (англиски). Skopje.
- ^ Конески, Блаже (1967). Граматика на македонскиот литературен јазик. I и II. Скопје: Култура.