Википедија:Избрана статија/2017/47
Петер Саган — словачки професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Бора-Хансгрое. Саган имал успешна јуниорска кариера во планинскиот велосипедизам и велокросот, победувајќи на Светското првенство во 2008, пред да се префрли во друмскиот велосипедизам.
Саган е сметан од некои за еден од најветувачките млади таленти, откако освоил некои престижни победи на почетокот на својата кариера. Докази за оваа изјава доаѓа со следниве победи: две светски првенства, две етапи на Париз-Ница, три на Тирено-Адријатико, една на Тур де Романди, две и генерален пласман на Трката околу Полска, рекордни петнаесет на Трката околу Калифорнија и рекордни тринаесет на Тур де Свис. Освоил бројни класици, вклучувајќи го монументот Трка околу Фландрија, две изданија на Гент-Вевелгем и Е3 Харелбеке, заедно со единаесет етапи на големите трки: четири на Вуелта а Еспања и седум на Тур де Франс. Исто така го освоил бодовниот пласман на Тур де Франс во 2012, 2013, 2014, 2015 и 2016; како последица на тоа, Саган станал првиот возач кој го освоил пласманот во неговите први пет обида. (Дознајте повеќе...)