Етрурци
Етрурска цивилизација е модерно име дадено на цивилизацијата на античка Италија во областа на Тоскана, западна Умбрија и северниот дел на Лацио.
Расена Расна
| |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
768 п.н.е–264 п.н.е | |||||||
Главен град | Велзна | ||||||
Говорени јазици | Етрурски јазик | ||||||
Вероисповед | Етруска | ||||||
Legislature | Етрурска лига | ||||||
Историски период | Антички | ||||||
768 п.н.е | |||||||
• Римско освојување на Волсинии | 264 п.н.е | ||||||
| |||||||
Денес дел од | Италија Франција |
Етрурците или како се нарекувале себеси Расена, што беше синкопирано на Расна.[1] Оваа цивилизација се одликувала со уникатен јазик, и опстојувала од времето на најраните етрурски натписи (ц. 700 п.н.е.)[2] сè до нејзината асимилацијата во Римската република во доцниот 4 век п.н.е.[2] Кога била најголема, во текот на периодот на основањето на Рим и Римското Кралство, беше поделена на 3 града: Етрурија, Лацио и Кампанија.[3]
Културата се развила во Италија во околу 800 година п.н.е. Студиите на митохондриската ДНК (2013) покажуваат дека Етрурците биле многу слични на неолитското население од Средна Европа и друго тосканско население.[4] Тие биле иманентни политеисти.[5]
Етрурците биле моногамно општество што го нагласувало спарувањето. Исто така е можно грчките и римските ставови за Етрурците да биле резултат на недоразбирањето за местото на жените во нивното општество. Во Грција, како и во Рим, респектабилните жени биле затворени во куќата и дружењето меѓу половите не се случувало. Така слободата на жените во рамките на етрурското општеството можело погрешно да било разбрано како имплицирање на нивна сексуална достапност. Вреди да се напомене дека голем број на етрурските гробови носат погребни натписи во форма "Х син на (таткото) и (мајката)", укажувајќи на важноста на мајчината страна на семејството, се смета дека етрурското било матрилинеарно општество.
Потеклото на Етрурците е изгубено во праисторијата. Историчарите немаат литература, немаат оригинални текстови за религијата и филозофијата; Затоа, многу од она што е познато за оваа цивилизација е изведено од предметите во гробовите.[6]
Многу, ако не и повеќе, од етрурските градови биле постари од Рим. Рим веројатно беше мала населба до доаѓањето на Етрурците кои ја воспоставиле почетната урбана инфраструктура, како што се системите за одводнување. Се верува дека етрурскиот стил на владата се промени од тотална монархија во олигархиска република (како Римската република) во 6 век п.н.е. Етрурската архитектура направи траен придонес во архитектурата на Италија, која била усвоена од страна на Римјаните и преку нив стана стандард во западната цивилизација.[7]
Наводи
уреди- ↑ Rasenna comes from Dionysius of Halicarnassus I.30.3. The syncopated form, Rasna, is inscriptional and is inflected. The topic is covered in Pallottino, p. 133. Some inscriptions, such as the cippus of Cortona, feature the Raśna (pronounced Rashna) alternative, as is described in Gabor Z. Bodroghy's site, The Palaeolinguistic Connection, under '.
- ↑ 2,0 2,1 Helmut Rix, "Etruscan," in The Ancient Languages of Europe, ed. Roger D. Woodard (Cambridge University Press, 2008), pp. 141-164.
- ↑ A good map of the Italian range and cities of the culture at the beginning of its history can be found at [1], the mysteriousetruscans.com site. The topic of the "League of Etruria" is covered in Freeman, pp. 562–565. The league in northern Italy is mentioned in Livy, Book V, Section 33. The passage identifies the Raetii as a remnant of the 12 cities "beyond the Apennines". The Campanian Etruscans are mentioned (among many sources) by Polybius, (II.17). The entire subject with complete ancient sources in footnotes was worked up by George Dennis in his Introduction. In the LacusCurtius transcription, the references in Dennis's footnotes link to the texts in English or Latin; the reader may also find the English of some of them on WikiSource or other Internet sites. As the work has already been done by Dennis and Thayer, the complete work-up is not repeated here.
- ↑ http://www.plosone.org/article/info%3Adoi%2F10.1371%2Fjournal.pone.0055519
- ↑ Leslie Ross, Art and Architecture of the World's Religions: Prehistoric belief systems (Greenwood Press, 2009), p. 75.
- ↑ (Bonfante 2006: 9)
- ↑ Axel Boëthius, Roger Ling and Tom Rasmussen (1994). Etruscan and early Roman architecture. Yale University Press. Не се допушта закосување или задебелување во:
|publisher=
(help);|access-date=
бара|url=
(help)
Надворешни врски
уреди