Каролина Гочева
Каролина Гочева (родена на 28 април 1980) — македонска поп-пејачка, родена во Битола, која 2 пати ја претставувала Македонија на Изборот за песна на Евровизија. Во 2002 година во Талин, Естонија, настапила со песната „Од нас зависи“ и се пласирала на 19-то место.[1][2] Во 2007 година во Хелсинки, Финска, настапила со песната „Мојот свет“, пласирајќи се како 9-та во полуфиналето, а како 14-та во финалето.
Каролина Гочева | |
---|---|
![]() Каролина Гочева. | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како | Каролина |
Роден(а) | 28 април 1980![]() |
Жанрови | Поп |
Занимања | Пејачка |
Инструменти | Вокал |
Период на активност | 1991— |
Издавачи | Авалон продукција |
Мреж. место | www.karolinagoceva.net |

Животопис Уреди
Каролина Гочева го имаше својот прв забележителен настап на десет годишна возраст на детскиот фестивал "Си-До" во Битола и на фестивалот Макфест во 1991 во Штип со песната "Мамо, пушти ме". На почетокот на нејзината кариера, таа настапуваше на голем број домашни фестивали за промовирање на нејзиниот талент и нејзината кариера. Стана редовен учесник на фестивалот Скопје фест, дебитирајќи во 1994 со песната "Кој да ти каже". Во наредните години успешно настапуваше на Скопје фест каде што се избираше песна за Евровизија. Во 1996 учествуваше со песната "Ма, ајде кажи ми" и се пласира на деветто место. Во 1998 учествуваше со "Украдени ноќи" и имаше поголем успех стигнувајќи до четвртото место со 10,454 гласови. Во 2000 година Каролина стана дел од Авалон продукција и го издаде својот деби-албум "Јас имам песна". Од овој албум излегоа хитовите "Сакај ме", "Без оглед на се" и "Немир" која ја испеа во дует со Тоше Проески. Меѓу песните на нејзиниот прв албум беше и "За нас" која ја напиша Дарко Димитров, со која настапи на Скопје фест. На овој фестивал Каролина за малку не победи, заврши на второто место со 916 бода. Во 2000 година таа потпишува договор со Авалон Продукција и го издава нејзиниот прв албум „Јас имам песна“ и од тој албум произлегуваат хитовите : „Без оглед на се“, „Сакај ме“, „Срцево не ќе издржи“, „Милениум со тебе“ и други.
Евровизија 2002 Уреди
Во 2002 година на Македонскиот национален избор Каролина настапува со песната Од нас зависи и победува. Меѓутоа набргу се јавува контроверзија меѓу МТВ и Каролина. Имено Каролина има желба да ја пее песната на англиски јазик, бидејќи според нејзиното мислење на претходните учества на Евровизија Македонија се претставувала на македонски и немала некој добар пласман. За разлика од неа, во МТВ биле убедени дека треба да се пее на македонски, и биле подготвени ако Каролина не сака да ја изведе песната на македонски, на Евровизија 2002 да настапи второпласираната Андријана Јаневска. На крајот, Каролина сепак прифаќа да пее на македонски. Во Талин Каролина се пласира на 19 место, недоволно за Македонија да оди во учество наредната година. Таа година Каролина е избрана за мис Евровизија.
2003 – 2007 Уреди
Во 2003 година, Каролина го издала албумот „Зошто сонот има крај“, на кој се јавуваат повеќе композиции, од кои најпознати се „Ти можеш“, „Јамајка“ како и „Кажи ми“, со која настапила на „Будва фест 2003“. Притоа, на албумот, овие три песни се испеани и на англиски јазик.
2008– Уреди
Во 2010 година, Каролина го издала својот деветти албум „Капка под небото“, што донел нов хит „Не се вракаш“, на кого учествувал Влатко Стефановски.
На 13 декември 2014 година, во салата „Борис Трајковски“, Каролина одржала концерт во рамките на проектот „Македонско девојче“, организиран од „Авалон продукција“.[3]
Албуми Уреди
- "Мамо, пушти ме" - 1992 (детски албум)
- "Јас имам песна" - 2000 (првиот студиски албум)
- "Зошто сонот има крај" - 2001
- "Знаеш колку вредам" - 2003
- "Кад звезде нам се склопе... као некада" - 2003 (на српски)
- "Во заборав" - 2005
- "У забораву" - 2006 (на српски)
- "Македонско девојче" - 2008
- "Капка под небото" - 2010
- "Најубави песни" - 2012
- "Македонско девојче 2" - 2014
- "Извор" - 2018
Спотови Уреди
Спот | Година | Режисер |
---|---|---|
Без оглед на сè | 2000 | |
Немир | 2000 | |
И ќе биде сè во ред | 2001 | |
Од нас зависи | 2002 | |
Ти можеш | 2003 | |
Штом сакаш | 2003 | |
Знаеш колку вредам | 2003 | Чедо Поповски |
Срешћемо се опет | 2003 | |
Хипокрит | 2003 | |
Љубов под облаците | 2003 | |
Се лажам себе | 2005 | |
Ова срце знае | 2005 | |
Умирам без тебе | 2006 | |
Мојот свет | 2007 | |
Ти и ја | 2007 | |
Крај | 2009 | Tomato Production |
Ајде да летаме | 2009 | |
За година две | 2010 | Tomato Production |
Не се враќаш | 2011 | Tomato Production |
Тој | 2012 | Дарко Мораитов |
Ѕвона | 2017 | Мелем продукција |
Бели цветови | 2018 | Чедо Поповски |
Од небо до дно | 2022 | Влатко Владимиров |
Наводи Уреди
- ↑ Bohlman, Philip V. (2004). The music of European nationalism. Santa Barbara, Calif.: ABC-CLIO. стр. 2. ISBN 978-1-57607-270-7. Посетено на 6 February 2011.
- ↑ „Eurovision Song Contest 2002“. European Broadcasting Union. Посетено на 6 February 2011.
- ↑ Ѓорге Стојанов, „Се радувам на секој момент, ова го чекав цел живот“, Дневник, година XVIII, број 5642, понеделник, 15 декември 2014, стр. 21.
Надворешни врски Уреди
„Каролина Гочева“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место
- Обожавателско мрежно место на Каролина 1
- Фан мрежно место на Каролина 2 Архивирано на 4 јануари 2007 г.
- Обожавателско мрежно место на Каролина 3 Архивирано на 20 јуни 2007 г.
- Обожавателско мрежно место на Каролина 4 Архивирано на 15 септември 2008 г.
- Дискографија на Каролина Гочева на ВБУ Музички Регистар