Википедија:Избрана статија/2017/27
Пума — цицач од фамилијата Мачки која живее во Америка. Оваа голема осамена мачка има поширок ареал од сите други животни на западната полутопка, распространета од Јукон во Канада, до јужниот дел на Андите во Јужна Америка. Пумата е многу прилагодлив вид и може да се најде во секое поголемо американско живеалиште. Пумата е втора најтешка мачка на американскиот континент по јагуарот, a четвртa во светот заедно со леопардот, по тигарот, лавот и јагуарот, иако е повеќе во сродство со помалите мачки.
Како вешт грабливец, пумата има широк спектар на пленови. Основен извор на храна му се копитарите како елен, лос, муфлон, како и домашно говедо, коњи, овци, пред се во северните делови на неговиот ареал, но лови и мали инсекти и глодачи. Пумата претпочита живеалишта со густи грмушки и камени површини за прикрадување, но може да живее и на отворен простор. Таа е територијално животно и преживува во мала бројност на популацијата. Големината на индивидуалната територија зависи од теренот, растителноста и изобилството на плен. Иако тоа е голем грабливец, не е секогаш доминантен вид во неговиот ареал кога се натпреварува за плен со други грабливци како што се јагуарот, сивиот волк, американската црна мечка и гризли мечката. Пумата е самотна мачка и обично ги избегнува луѓето. Нападите врз луѓето се ретки, и покрај скорешната зачестеност. (Дознајте повеќе...)