Планински пласман на Тур де Франс


Планински пласман на Тур де Франс — еден од пласманите на велосипедската трка Тур де Франс, во кој велосипедистите добиваат бодови доколку се искачат први на некое искачување. Предводникот на пласманот е именуван како „крал на планините“, а од 1975 година ја носи точкестата маичка (француски: maillot à pois rouges), бела маичка со црвени точки.

Планински пласман
Детали за наградата
СпортДрумски велосипедизам
НатпреварувањеТур де Франс
Доделена занајдобар искачувач на планинските етапи
Локално имеMaillot à pois rouges (француски)
Историја
Прва награда1933 (маичка од 1975)
Изданија80 (до 2019)
Прв победник Висенте Труеба (ШПА)
Најмногу победи Ришар Виранк (ФРА)
7 пати
Најнов победник Ромен Барде (ФРА)

Историја

уреди

На првите трки на Тур де Франс немало планински премини, туку неколку помали искачувања. Првиот бил Кол де Ешармо (712 м), на воведната етапа од Париз до Лион, на која сега се наоѓа стариот пат од Отин до Лион. Етапата од Лион до Марсеј го вклучувала Кол де ла Републик (1.161 м), исто така познат како Кол ду Гран Боа. Првиот посериозен врв бил Балон д’Алзас (1.178 м) во Вогезите[1] — бил вклучен во трката во 1905 година. Меѓутоа, вистинските планини не биле вклучени до 1910 година, кога за првпат се одело во Пиринеите. Таа година, трката се возела или повеќе се одела, на Кол д’Обиск и потоа на соседниот Турмале. Обете искачувања биле калливи патеки, голем предизвик за тешките и безбрзински велосипедист возени од велосипедисти со гуми околу нивните рамења и нивната храна, облека и алати во торби околу нивните рачки. Помошникот на организаторот, Виктор Брајер, стоел на врвот на Обиск со колегата кој го предложил вклучувањето на Пиринеите, Алфонс Стенес.[2] Дегранж бил доволно самоуверен по Пиринеите да ги вклучи и Алпите во 1911 година.[3]

Највисокото искачување на трката било Симе де ла Бонет во 1962 година, достигнувајќи 2.802 метри.[4] Највисока планинска завршница на Тур била на Кол ду Галибие на Тур де Франс 2011.[5]

Од 1905 година, весникот-организатор l'Auto именувал еден велосипедист на Тур де Франс како meilleur grimpeur (најдобар искачувач).[6] Во 1933 година, Висенте Труеба бил победник на овој пласман. Меѓутоа, Труеба бил многу слаб спуштач, па така никогаш ништо не добивал од стигнувањето на врвот прв. Директорот на Тур де Франс, Анри Дегранж, одлучил дека велосипедистите треба да добиваат бонус ако стигнат на врвот први. Од 1934 па натаму, разликата меѓу првиот и вториот велосипедист кој ќе стигне на врвот била давана како временски бонус на првиот. Овие временски бонуси подоцна биле отстранети, но кованицата „крал на планините“ останала.[7] Иако најдобриот искачувач бил првпат признаен во 1933 година, маичката не била воведена до 1975 година. Боите биле одлучени од тогашниот спонзор, Chocolat Poulain, чии чоколади биле покриени со точкести пакувања.[8] Моментално, маичката е спонзорирана од маркетите Карфур, кои се спонзори на маичката од 1933 година, првично под брендот Шампион, но од 2009 година поддржани од главниот бренд Карфур. Боите на маичката на Тур биле прифатени и од други велосипедски етапни трки.

Моментална состојба

уреди

На врвот на секое искачување на Тур, постојат бодови за возачите кои први ќе дојдат на врвот. Искачувањата се поделени во категории од 1 (најтешко) до 4 (најлесно) засновано на нивната тежина, мерена според нивната стрмнина и должина. Неколку од најтешките искачувања првично добиле различна бодовна скала и биле запишани како „некатегоризирани“ (Hors catégorie, термин кој подоцна бил прифатен како нешто извонредно); меѓутоа, од 1980-тите искачувањата од hors catégorie добивале своја бодовна скала и станале посилни, и покрај своето име, од категоријата 1, односно биле над неа. Во 2004 година, бодовниот систем бил изменет, па така првиот возач во четвртата категорија добила 3 бода, додека првиот за искачувањата од екстра категорија добивал 20 бода. Другите бодови на искачувањата од четврта категорија биле за првите тројца, додека за искачувањата од екстра категорија биле за првите десет. Од 2004, бодовите на последното искачување на етапата биле удвоени, но искачувањата требало да бидат најмалку од втора категорија.[9]

Распределба на бодови

уреди

Бодовите кои се добиваат од последователните возачи достигнувајќи го планинскиот врв се распределуваат според следнава класификација:

Бодовна распределба во 2011
ЕК
1. 1 2 5 10 20
2. 1 3 8 16
3. 2 6 12
4. 1 4 8
5. 2 4
6. 1 2
Бодовна распределба во 2012[10]
ЕК
1. 1 2 5 10 25
2. 1 3 8 20
3. 2 6 16
4. 1 4 14
5. 2 12
6. 1 10
7. 8
8. 6
9. 4
10. 2

Бодовите на планинските завршници се удвојуваат, доколку искачувањето е од екстра категорија (ЕК), 1. или 2. категорија. Организацијата на трката одредува кои искачувања се вклучени во планинскиот пласман и која категорија се тие.

Доколку двајца возачи имаат подеднаков број на бодови, возачот со најмногу први места на искачувањата од екстра категорија, се прогласува за победник. Ако возачите пристигнале први, подеднаков број на пати, првите места на искачувањата од 1. категорија ќе се споредат. Доколку повторно имаат подеднаков број во оваа категорија, организаторот продолжува да ги споредува нивните резултати на искачувањата од 2., 3. и 4. категорија, додека не се пронајде победникот. Доколку бројот на први места во сите категории е подеднаков за обајцата, возачот со повисоко место во генералниот пласман ја добива планинската маичка.

До 2011 година, бодовите добиени на планинските искачувања биле распределуваат според следниов начин:

  • Искачувања од екстра категорија: 20, 18, 16, 14, 12, 10, 8, 7, 6 и 5 бода соодветно од 1. до 10. велосипедист на искачувањето
  • Искачувања од прва категорија: 15, 13, 11, 9, 8, 7, 6 и 5 бода соодветно од 1. до 8. велосипедист на искачувањето
  • Искачувања од втора категорија: 10, 9, 8, 7, 6 и 5 бода соодветно од 1. до 6. велосипедист на искачувањето
  • Искачувања од трета категорија: 4, 3, 2 и 1 бод соодветно од 1. до 4. велосипедист на искачувањето
  • Искачувања од четврта категорија: 3, 2 и 1 бод соодветно од 1. до 3. велосипедист на искачувањето

Критика на системот

уреди

Во поново време, системот добил одредени критики. Шестократниот победник Лисјен ван Импе изјавил дека планинската маичка е обезвреднета, бидејќи припаѓа на велосипедисти кои немаат надеж да победат во генералниот пласман, па така им е дозволено да победнат и да ги соберат бодовите на искачувањата при бегствата. Оваа тактика била започната од велосипедисти како што се Лорен Жалабер и Ришар Виранк, но според Ван Импе, тие навистина можеле да се искачуваат. Ван Импе предложил да се доделуваат временски бонуси, кои можеби ќе ја зголемат борбата.[11]

Победници на планинскиот пласман

уреди

Велосипедисти именувани „најдобри искачувачи“

уреди

Овој список ги прикажува велосипедисти кои биле одбрани како „најдобри искачувачи“ (meilleur grimpeur) од весникот l'Auto. Иако весникот бил организатор на Тур де Франс, титулата не била доделувана од нив, туку била неслужбена. Меѓутоа, таа е директен претходник на планинскиот пласман.[12][13]

Година Земја Возач Екипа
1905   Франција Потје, РенеРене Потје
1906   Франција Потје, РенеРене Потје
1907   Франција Жорже, ЕмилЕмил Жорже
1908   Франција Гарижу, ГиставГистав Гарижу
1909   Луксембург Фабер, ФрансоаФрансоа Фабер
1910   Франција Лапиз, ОктавОктав Лапиз
1911   Франција Дибок, ПолПол Дибок
1912   Белгија Дефреје, ОдилОдил Дефреје
1913   Белгија Тис, ФилипФилип Тис
1914   Белгија Ламбо, ФирминФирмин Ламбо
1919   Франција Бартелеми, ОнореОноре Бартелеми
1920   Белгија Ламбо, ФирминФирмин Ламбо
1921   Белгија Хесгем, ХекторХектор Хесгем
1922   Франција Алавоан, ЖанЖан Алавоан
1923   Франција Пелисје, АнриАнри Пелисје
1924   Италија Ботекија, ОтавиоОтавио Ботекија
1925   Италија Ботекија, ОтавиоОтавио Ботекија
1926   Белгија Бујсе, ЛисјенЛисјен Бујсе
1927   Италија Гордини, Џовани-МикелеЏовани-Микеле Гордини
1928   Франција Фонтан, ВикторВиктор Фонтан
1929   Франција Фонтан, ВикторВиктор Фонтан
1930   Франција Фауре, БеноаБеноа Фауре
1931   Белгија Демујсере, ЖозефЖозеф Демујсере
1932   Шпанија Труеба, ВисентеВисенте Труеба

Победници на планинскиот пласман

уреди
Година Земја Возач Екипа
1933   Шпанија Труеба, ВисентеВисенте Труеба Турист-рутие
1934   Франција Вието, РенеРене Вието Франција
1935   Белгија Вервеке, ФелисјенФелисјен Вервеке Белгија
1936   Шпанија Берендеро, ХулијанХулијан Берендеро Шпанија-Луксембург
1937   Белгија Вервеке, ФелисјенФелисјен Вервеке Белгија
1938   Италија Бартали, ЏиноЏино Бартали Италија
1939   Белгија Мес, СилверСилвер Мес Белгија
1947   Франција Брамбила, ПјерПјер Брамбила Италија
1948   Италија Бартали, ЏиноЏино Бартали Италија
1949   Италија Копи, ФаустоФаусто Копи Италија
1950   Франција Бобе, ЛујонЛујон Бобе Франција
1951   Франција Жеминијани, РафаелРафаел Жеминијани Франција
1952   Италија Копи, ФаустоФаусто Копи Италија
1953   Шпанија Лороњо, ХесусХесус Лороњо Шпанија
1954   Шпанија Баамонтес, ФедерикоФедерико Баамонтес Шпанија
1955   Луксембург Гол, ШарлиШарли Гол Луксембург
1956   Луксембург Гол, ШарлиШарли Гол Луксембург
1957   Италија Ненчини, ГастонГастон Ненчини Италија
1958   Шпанија Баамонтес, ФедерикоФедерико Баамонтес Шпанија
1959   Шпанија Баамонтес, ФедерикоФедерико Баамонтес Шпанија
1960   Италија Масињан, ИмериоИмерио Масињан Италија
1961   Италија Масињан, ИмериоИмерио Масињан Италија
1962   Шпанија Баамонтес, ФедерикоФедерико Баамонтес Марглат-Палома-д’Алесандро
1963   Шпанија Баамонтес, ФедерикоФедерико Баамонтес Марглат-Палома-Мотул-Данлоп
1964   Шпанија Баамонтес, ФедерикоФедерико Баамонтес Марглат-Палома-Данлоп
1965   Шпанија Хименес, ХулиоХулио Хименес Кас-Каскол
1966   Шпанија Хименес, ХулиоХулио Хименес Форд-Франција-Хатчинсон
1967   Шпанија Хименес, ХулиоХулио Хименес Шпанија
1968   Шпанија Гонсалес, АурелиоАурелио Гонсалес Шпанија
1969   Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс Фаема
1970   Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс Фаема–Фаемино
1971   Белгија ван Импе, ЛисјенЛисјен ван Импе Сонолор-Лежан
1972   Белгија ван Импе, ЛисјенЛисјен ван Импе Сонолор
1973   Шпанија Торес, ПедроПедро Торес Ла Касера-Баамонтес
1974   Шпанија Перурена, ДомингоДоминго Перурена КАС
1975   Белгија ван Импе, ЛисјенЛисјен ван Импе Житан
1976   Италија Белини, ЏанкарлоЏанкарло Белини Бруклин
1977   Белгија ван Импе, ЛисјенЛисјен ван Импе Лежан-БП
1978   Франција Мартинес, МаријаноМаријано Мартинес Жобо-Суперија
1979   Италија Батаљин, ЏованиЏовани Батаљин Инокспран
1980   Франција Мартин, РајмонРајмон Мартин Мико-Мерсие
1981   Белгија ван Импе, ЛисјенЛисјен ван Импе Марк
1982   Франција Вале, БернарБернар Вале Ла Редут-Мотобекан
1983   Белгија ван Импе, ЛисјенЛисјен ван Импе Метауро Мобили
1984   Обединето Кралство Милар, РобертРоберт Милар Пежо
1985   Колумбија Ерера, ЛуисЛуис Ерера Кафе де Колумбија
1986   Франција Ино, БернарБернар Ино Ла Вие Клер
1987   Колумбија Ерера, ЛуисЛуис Ерера Кафе де Колумбија
1988   Холандија Рокс, СтевенСтевен Рокс ПДМ-Ултима-Конкорд
1989   Холандија Тенисе, Герт-ЈанГерт-Јан Тенисе ПДМ-Ултима-Конкорд
1990   Франција Клаверола, ТиериТиери Клаверола Р.М.О.
1991   Италија Кјапучи, КлаудиоКлаудио Кјапучи Карера Џинс-Тасони
1992   Италија Кјапучи, КлаудиоКлаудио Кјапучи Карера Џинс-Вагабонд
1993   Швајцарија Ромингер, ТониТони Ромингер КЛАС-Кахастур
1994   Франција Виранк, РишарРишар Виранк Фестина
1995   Франција Виранк, РишарРишар Виранк Фестина
1996   Франција Виранк, РишарРишар Виранк Фестина
1997   Франција Виранк, РишарРишар Виранк Фестина
1998   Франција Ринеро, КристофКристоф Ринеро Кофидис
1999   Франција Виранк, РишарРишар Виранк Тим Полти
2000   Колумбија Ботеро, СантијагоСантијаго Ботеро Келме-Коста Бланка
2001   Франција Жалабер, ЛоренЛорен Жалабер ЦСЦ-Тискали
2002   Франција Жалабер, ЛоренЛорен Жалабер ЦСЦ-Тискали
2003   Франција Виранк, РишарРишар Виранк Квик Степ-Давитамон
2004   Франција Виранк, РишарРишар Виранк Квик Степ-Давитамон
2005   Данска Расмусен, МихаелМихаел Расмусен Рабобанк
2006   Данска Расмусен, МихаелМихаел Расмусен Рабобанк
2007   Колумбија Солер, МаурисиоМаурисио Солер Барловорлд
2008   Австрија Кол, БернхардБернхард Кол[забелешка 1] Геролштајнер
2009   Италија Пелицоти, ФранкоФранко Пелицоти[забелешка 2] Ликвигас
2010   Франција Шарто, АнтониАнтони Шарто Ббокс Буиг Телеком
2011   Шпанија Санчес, СамуелСамуел Санчес Еускалтел-Еускади
2012   Франција Веклер, ТомаТома Веклер Тим Јуропкар
2013   Колумбија Кинтана, НаироНаиро Кинтана Мовистар Тим
2014   Полска Мајка, РафалРафал Мајка Тинкоф-Саксо
2015   Обединето Кралство Фрум, КрисКрис Фрум Тим Скај
2016   Полска Мајка, РафалРафал Мајка Тинкоф
2017   Франција Баргиј, ВаранВаран Баргиј Тим Санвеб
2018   Франција Алафилип, ЖилијанЖилијан Алафилип Квик-Степ Флорс
2019   Франција Барде, РоменРомен Барде АГ2Р-Ла Мондијал

Повеќекратни победници

уреди
Место Име Држава Победи Години
1 Ришар Виранк   Франција 7 1994, 1995, 1996, 1997, 1999, 2003, 2004
2 Федерико Баамонтес   Шпанија 6 1954, 1958, 1959, 1962, 1963, 1964
Лисјен ван Импе   Белгија 6 1971, 1972, 1975, 1977, 1981, 1983
4 Хулио Хименес   Шпанија 3 1965, 1966, 1967
5 Фелисјен Вервеке   Белгија 2 1935, 1937
Џино Бартали   Италија 2 1938, 1948
Фаусто Копи   Италија 2 1949, 1952
Шарли Гол   Луксембург 2 1955, 1956
Имерио Масињан   Италија 2 1960, 1961
Еди Меркс   Белгија 2 1969, 1970
Луис Ерера   Колумбија 2 1985, 1987
Клаудио Кјапучи   Италија 2 1991, 1992
Лорен Жалабер   Франција 2 2001, 2002
Михаел Расмусен   Данска 2 2005, 2006
Рафал Мајка   Полска 2 2014, 2016

Победници по земја

уреди
Место Држава Најчести победници Најнов победник Победи
1   Франција Ришар Виранк (7) Ромен Барде (2018) 23
2   Шпанија Федерико Баамонтес (6) Самуел Санчес (2011) 18
3   Италија Џино Бартали, Фаусто Копи, Имерио Масињан и Клаудио Кјапучи Клаудио Кјапучи (1992) 12
4   Белгија Лисјен ван Импе (6) Лисјен ван Импе (1983) 11
5   Колумбија Луис Ерера (2) Наиро Кинтана (2013) 5
6   Данска Михаел Расмусен (2) Михаел Рамусен (2006) 2
    Луксембург Шарли Гол Шарли Гол (1956) 2
    Холандија Стевен Рокс и Герт-Јан Тенисе Герт-Јан Тенисе (1989) 2
    Обединето Кралство Роберт Милар и Крис Фрум Крис Фрум (2015) 2
    Полска Рафал Мајка Рафал Мајка (2016) 2
11   Швајцарија Тони Ромингер Тони Ромингер (1993) 1

Победа на генералниот и планинскиот пласман во истата година

уреди

Некои велосипедисти успеал да ги освојат генералниот пласман и планинскиот пласман во истата година.

Во раните години на Тур, само највисоките планини носеле бодови. Велосипедистите кои целеле на победа на Тур генерално биле добри на тие планини, па возачите високо во генералниот пласман биле вообичаено високи и во планинскиот пласман, што го правело освојувањето на двата пласмани поверојатно. Подоцна, правилата на планинскиот пласман се промениле, давајќи повеќе бодови на планините на долната категорија. Велосипедистите кои целеле за победа на генералниот пласман не трошеле енергија за овие планини и така други велосипедисти можеле да дојдат до победа на планинскиот пласман.

Генералниот и планинскиот пласман биле освоени од ист возач девет пати, од шест различни велосипедисти:

Во 1969 година, Еди Меркс не ги освоил само генералниот и планинскиот пласман, туку исто така и бодовниот пласман.

Забелешки
  1. Резултатите на Кол биле поништени, откако се покажал позитивен и го признал користењето на допинг, но пласманот не бил доделен на друг. Карлос Састре бил второпласиран.
  2. Резултатите на Пелицоти биле поништени, откако неговиот биолошки пасош покажал необични вредности, но пласманот не бил доделен на друг. Егои Мартинес бил второпласиран.

Наводи

уреди
  1. Woodland 2000, стр. 38.
  2. McGann & McGann 2006, стр. 29.
  3. Woodland 2000, стр. 43.
  4. Woodland 2007, стр. 273.
  5. Тур де Франс 2011. Letour.fr (10 јули 1911).
  6. Tour - WielerArchieven
  7. „Tour Xtra: Polka Dot Jersey“. Архивирано од изворникот на 2013-06-13. Посетено на 2014-07-09.
  8. „Tour Xtra: Polka Dot Jersey“. Архивирано од изворникот на 2013-06-13. Посетено на 2014-07-09.
  9. „Одредби за трката“ (PDF). ASA/letour.fr. Посетено на 28 септември 2009.
  10. http://www.letour.fr/le-tour/2012/docs/reglement.pdf „Планински пласман“ Проверете ја вредноста |url= (help) (PDF).
  11. Бен Аткинс (22 јули 2010). „Тур де Франс: Лисјен ван Импе го критикува планинскиот пласман“. Velonation. Посетено на 23 јули 2010.
  12. Tour - Pagina 3 - WielerArchieven
  13. Tour-Giro-Vuelta