Хамбург (метрополитенска област)
Метрополитенска област Хамбург (германски: Hamburg Metropolitan Region) — една од единаесетте метрополитенски области во Германија. Го опфаќа градот-држава Хамбург, како и делови од сојузните покраини Долна Саксонија и Шлезвиг-Холштајн и во помала мера и во покраината Мекленбург-Западна Померанија.[2]
Метрополитенска област Хамбург Metropolregion Hamburg | ||
---|---|---|
| ||
Местоположба на метрополитенската област Хамбург во Германија | ||
Држава | Германија | |
Покраини | Хамбург Долна Саксонија Шлезвиг-Холштајн | |
Најголеми градови | Хамбург | |
Површина | ||
• Метро | 26,000 км2 (10,039 ми2) | |
Население [1] | ||
• Метро | 5,000,000 | |
• Метро | 192/км2 (500/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
Мреж. место | metropolregion.hamburg.de |
Историја
уредиНа 1 јануари 2006 година била отворена Канцеларијата на метрополитенската област Хамбург, како што било договорено во договорот за соработка (Staatsvertrag über Zusammenarbeit) помеѓу Хамбург, Долна Саксонија и Шлезвиг-Холштајн.[3]
Слободниот и ханзеатски град Хамбург е центарот на метрополитенската област Хамбург, шестата по големина од единаесетте метрополитенски области во Германија. Метрополитенската област до последните проширувања се протегала низ долносаксонските окрузи Куксхафен, Харбург, Хајде, Лихов-Даненберг, Линебург, Ротенбург, Штаде и Илцен и окрузите во Шлезвиг-Холштајн Војводство Лауенбург, Зегеберг, Штајнбург, Штормарн, Пинеберг, Дитмаршен. Метрополитенската област на крајот на 2011 година имало вкупно околу 5,1 милион жители.
- Агломерацијата Хамбург заедно со блиските градови и општини брои околу 2,6 милиони жители.
- Сенатот на Слободниот и ханзеатски град Хамбург, долносаксонската покраинска влада и покраинската влада на Шлезвиг-Холштајн се согласиле во 1991 година, дека нивна регионална политика ќе биде засилување на заедничката соработка во Регионот Хамбург.
На почетокот на 2012 година се променил покраинскиот договор за финансирање и заедничка соработка во метрополитенската област Хамбург и од 1 мај 2012 година влегле и окрузите на Мекленбург-Западна Померанија Лудвигслуст-Пархим (овој се протега на местото на поранешниот округ Лудвигслуст) и Северозападен Мекленбург, како и округот Источен Холштајн (Шлезвиг-Холштајн), како и слободните градови Нојминстер и Либек. .[4]
Оттогаш, метрополитенската област Хамбург опфаќа 5,1 милион жители на област од 26.000 квадратни километри.[5]
Географија
уредиВо 2005, метрополитенската област Хамбург се состоела од градот-држава Хамбург, руралните окрузи на Долна Саксонија и окрузите на Шлезвиг-Холштајн, со повеќе од 800 градови и општини. Областа покривала област од 19.802 км2.[6]
Административна поделба
уреди
Покраини и окрузи
|
Најголеми градови
|
* Окрузи и слободни градови (Kreisfreie Städte).
† Лудвигслуст бил припоен кон Лудвигслуст-Пархим во 2011 г.; податоци за нас. за 2010 г.
Поголеми урбани зони
уредиХамбуршката поголема урбана зона (ПУЗ) како што е одредена од програмата „Урбан Аудит“ (Urban Audit) на Евростат покрива област од 7.303 км2, а во 2004 година содржела 3.134.620 жители[9] (густина на нас. 429 жители/км2). Поголемата урбана зона ги покрива само Слободниот и ханзеатски град Хамбург и непосредните окрузи со кои се граничи градот.[10] Хамбуршката ПУЗ соодвествува на областа што ја опслужува Хамбуршкиот сообраќаен сојуз (Hamburger Verkehrsverbund; HVV).
Покраина | Округ* | Нас. (2012) |
Површина |
Густина на нас. (2012) |
---|---|---|---|---|
Хамбург | — | 1.813.587 | 755 км2 | 2.400/км2 |
Долна Саксонија | Харбург | 239.269 | 1.245 км2 | 190/км2 |
Штаде | 195.606 | 1.266 км2 | 150/км2 | |
Шлезвиг-Холштајн | Војводство Лауенбург | 187.905 | 1.263 км2 | 150/км2 |
Пинеберг | 298.826 | 664 км2 | 450/км2 | |
Зегеберг | 261.988 | 1.334 км2 | 200/км2 | |
Штормарн | 232.911 | 766 км2 | 300/км2 | |
Хамбуршка ПУЗ[11][12] | 2.903.198 | |||
Шлезвиг-Холштајн | Либек | 211.713 | 214 км2 | 990/км2 |
Источен Холштајн | 197.882 | 1.391 км2 | 140/км2 | |
Либечка ПУЗ[11][12] | 391.373 | |||
Бремен (покраина) | Бремерхафен† | 112.895 | 79 км2 | 1.400/км2 |
Долна Саксонија | Куксхафен | 198.115 | 2.073 км2 | 96/км2 |
Бремерхафенска ПУЗ[11][12] | 288.635 |
* Окрузи и слободни градови.
† Не е дел од метрополитенската област Хамбург
Наводи
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-04-09. Посетено на 2011-11-12.
- ↑ ndr.de: Metropolregion wächst Архивирано на 21 април 2012 г., 20 април 2012
- ↑ Импресум - метрополитенска област Хамбург (германски), Посетено на 24 март 2009
- ↑ Staatsvertrag zwischen der Freien und Hansestadt Hamburg, dem Land Mecklenburg-Vorpommern, dem Land Niedersachsen und dem Land Schleswig-Holstein über die Finanzierung der Zusammenarbeit in der Metropolregion Hamburg und die Fortführung der Förderung. In: Nds. GVBl. Nr. 4/2012, ausgeg. am 29. März 2012
- ↑ taz 19 април 2012
- ↑ Факти за метрополитенската област Хамбург (PDF), Статистичко биро за Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, 2006, Архивирано од изворникот (PDF) на 2009-01-18, Посетено на 24 март 2009
- ↑ Bevölkerungsstand und Bevölkerungsdichte am 31.12.2012[мртва врска], Metropolregion Hamburg, 2013
- ↑ Flächennutzung: Siedlungs- und Verkehrsfläche nach Art der tatsächlichen Nutzung am 31.12.2012[мртва врска], Metropolregion Hamburg, 2013
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-07-16. Посетено на 2011-11-12.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-10-07. Посетено на 2011-11-12.
- ↑ 11,0 11,1 11,2 Население по ПУЗ, Евростат, 2014
- ↑ 12,0 12,1 12,2 Карта на метрополитенски области[мртва врска], Евростат, 2012
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Метрополитенска област Хамбург — официјална страница