Болцманова константа

Вредности на k Единици мерки
1.380 6504(24)×10−23 JK−1
8.617 343(15)×10−5 eV K−1
1.380 6504(24)×10−16 erg K−1

Болцманова константа (k или kB) — физичка константа со која се поврзуваат температурата и енергијата. Името го добила по австрискиот физичар Лудвиг Болцман кој дал значаен придонес во статистичката механика во која оваа константа има централна улога. Тој за првпат ја употребил оваа константа во својата формула за ентропијата во 1873 година. Нејзината експериментално одредена вредност во SI единици изнесува

  Ј/К
eV/К.

Бројките во заградите претставуваат неизвесност, стандардно отстапување на последните две наведени бројки. Факторот на претворање меѓу вредностите наведени во различни единици е наелектризирање на електроните:

q = 1,602 176 53(14) x 10-19 кулони по електрон.

Болцмановата константа е еднаква на универзалната гасна константа R поделена со Авогадровиот број NA, односно k = R / NA. Кога даден статистичко-механички систем е во рамнотежа, тој е во дадена макросостојба, но на микроскопско ниво се колеба меѓу сите можни микросостојби (нивниот број се означува со Ω). Ентропијата на таквиот систем се пресметува по формулата:

каде kB е Болцмановата константа.