Трка околу Фландрија

велосипедска трка во Белгија

Трка околу Фландрија (холандски: Ronde van Vlaanderen) — велосипедска друмска трка, дел од фландриските класици, која се одржува во Белгија на почетокот на пролетта, една недела пред друмската трка Париз-Рубе. Таа е дел од Светската турнеја на UCI и е една од т.н. монументи на европскиот професионален календар. Таа е најважна велосипедска трка во Фландрија. Нејзиниот прекар е „Најдоброто од Фландрија“ (Vlaanderens mooiste).

Трка околу Фландрија
За трката
Датумпочеток на април
РегионФландрија, Белгија
Месно имеRonde van Vlaanderen (холандски)
ПрекарDe Ronde
Vlaanderens mooiste
„Најдоброто од Фландрија“
ДисциплинаДрумски велосипедизам
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI
ВидЕднодневна трка
Историја
Прво одржување1913 (1913)
Одржувања106 (до 2022)
Прв победник Пол Деман (БЕЛ)
Најмногу победи Акил Бујсе (БЕЛ)
 Фјоренцо Мањи (ИТА)
 Ерик Леман (БЕЛ)
 Јохан Музеув (БЕЛ)
 Том Бонен (БЕЛ)
 Фабијан Канчелара (НОР)
(3 победи)
Неодамнешен победник Матје ван дер Пул (ХОЛ)

Историја

уреди

Трката околу Фландрија била започната во 1913 од Карел ван Вејненделе, соосновач на спортскиот весник Sportwereld. Во тоа време било вообичаено за издавачите на весници и списанија да организираат велосипедски трки како начин за промовирање на весникот и зголемување на тиражот.

Трката пред Втората светска војна вообичаено се одржувала во ист ден со Милано-Санремо во Италија. Познати италијански и француски велосипедисти ја претпочитале италијанската трка, што објаснува зошто имало само еден небелгиски победник пред војната. По војната, трката стекнала одредена важност, кога станала дел од Предизвикот Дегранж-Коломбо, претходник на денешниот UCI ProTour. Рекордери по бројот на победи на трката се Белгијците, Акил Бујсе, Ерик Леман, Јохан Музеув и Том Бонен и Италијанец Фјоренцо Мањи, секој со по три победи.

Регионален симбол

уреди
 
Споменик за трката кај Падестрат во Источна Фландрија.

Велосипедизмот бил во лоша состојба низ Белгија на почетокот на XX век. Велодромите биле затворени и немало повеќе национални првенства.[1][2] Единствената голема белгиска трка, Лиеж-Бастон-Лиеж, била на југ, во француското говорно подрачје. Како што се зголемувало нерасположението, Одил Дефраје станал првиот Белгиец кој го освоил Тур де Франс во 1912.[3] Тој имал 20 години и иако возел за француската екипа Алсион, тој го претставувал потенцијалниот подем за белгискиот велосипедизам. Неговата победа го поттикнало Август де Мет, директор на Société Belge d'Imprimerie, да го издаде спортското списание наречено Sportwereld.[1][4]

Најпознат велосипедски новинар за Sportwereld' бил Каролус („Карел“) Лудовикус Стејерт,[5] кој пишувал како Карел ван Вејненделе, име по кое станал најпознат. [n 1][6][7] Ван Вејненделе било петто од петнаесетте деца во семејството во Вејненделе (Вејнендале),[8] близу Торхаут. Неговиот татко работел со лен и умрел кога Карел имал 18 месеци.[6] Во 1942 напишал: „Да бидеш роден во сиромашно семејство, тоа беше мојата сила. Ако си пораснал без набори и знаеш каква глад сум имал, можеш да ги издржиш велосипедските трки“. Го напуштил училиштето на 14 години и работел за пекар, терал крави, миел шишиња и пренесувал пакети. Работел за француските семејства во Брисел и Остенде и се чувствувал понижен од нивниот начин на однесување кон него.[5]

Се обидел со велосипедизам, освоил неколку награди, но без некој поголем успех. Наместо тоа започнал да пишува за велосипедизмот како регионален дописник, најпрвин за De Torhoutenaer, локален весник, потоа од 1909 за Onze Kampioenen во Антверпен и Sportvriend во Изегем.[9] Тогаш го прифатил неговиот псевдоним.[5] Тоа го привлекло вниманието на Де Мет и неговиот соработник, организаторот на трката Лен ван де Хауте, со кого Ван Вејненделе соработувал во Sportvriend.[9] Двајцата отпатувале до Торхаут и го прашале Ван Вејненделе дали би сакал да се приклучи на новиот весник кој ќе биде наречен Sportwereld. Ван Вејненделе изјавил „Би можел“.[9] Првото издание се појавило за време на Фландриското првенство на 12 септември 1912. Ван Вејненделе станал негов прв уредник на 1 јануари 1913. Изјавил:

Мислиме дека има многу да се направи тука. Исто така сакавме да издадеме весник кој ќе зборува за нашите Фламанци на нивниот сопствен јазик и да им даде самодоверба како Фландријци. Водевме 10-годишна војна, на пример, со француското раководство на националната велосипедска федерација во Брисел. И победивме.[10]

На 25 мај истата година ја организирал првата Трка околу Фландрија, која поминувала низ белгиските градови во холандското говорно подрачје бидејќи „сите фламански градови морале да придонесат кон ослободувањето на Фламанците“.[5] Завршила кај Маријакерке, сега предградие на Гент и поминала низ Синт Никлас, Алст, Ауденарде, Кортрејк, Ворне, Остенде, Торхаут, Руселаре и Брухе.[11] Имала растојание од 330 километри, целосно на лоши патишта и само понекогаш на велосипедски патеки. Настапиле 37 возачи.[2] Трката завршила на водена патека која го заобиколувала езерото во Маријакерке, каде продажбата на билетите ја покриле само половина од наградниот фонд.[2]

Победници

уреди
Година Земја Возач Екипа
1913   Белгија Деман, ПолПол Деман
1914   Белгија Бујсе, МарселМарсел Бујсе
1915 Немало трка
1916 Немало трка
1917 Немало трка
1918 Немало трка
1919   Белгија ван Лерберге, АнриАнри ван Лерберге
1920   Белгија ван Хевел, ЖилЖил ван Хевел
1921   Белгија Вермандел, РенеРене Вермандел
1922   Белгија де Вос, ЛеонЛеон де Вос
1923   Швајцарија Зутер, ХајриХајри Зутер
1924   Белгија Дебетс, ЖерарЖерар Дебетс
1925   Белгија Делбек, ЖилиенЖилиен Делбек
1926   Белгија Вершурен, ДенисДенис Вершурен
1927   Белгија Дебетс, ЖерарЖерар Дебетс
1928   Белгија Мертенс, ЈанЈан Мертенс
1929   Белгија Дервес, ЏефЏеф Дервес
1930   Белгија Бондул, ФрансФранс Бондул
1931   Белгија Гејселс, РоменРомен Гејселс
1932   Белгија Гејселс, РоменРомен Гејселс
1933   Белгија Шеперс, АлфонсАлфонс Шеперс
1934   Белгија Ребри, ГастонГастон Ребри
1935   Белгија Дурло, ЛујЛуј Дурло
1936   Белгија Хардикест, ЛујЛуј Хардикест
1937   Белгија Д’Хоге, МишелМишел Д’Хоге
1938   Белгија де Калуве, ЕдгардЕдгард де Калуве
1939   Белгија Керс, КарелКарел Керс
1940   Белгија Бујсе, АкилАкил Бујсе
1941   Белгија Бујсе, АкилАкил Бујсе
1942   Белгија Шоте, БрикБрик Шоте
1943   Белгија Бујсе, АкилАкил Бујсе
1944   Белгија ван Стенберген, РикРик ван Стенберген
1945   Белгија Грисоле, СилвенСилвен Грисоле
1946   Белгија ван Стенберген, РикРик ван Стенберген
1947   Белгија Фењерт, ЕмилЕмил Фењерт
1948   Белгија Шоте, БрикБрик Шоте
1949   Италија Мањи, ФјоренцоФјоренцо Мањи
1950   Италија Мањи, ФјоренцоФјоренцо Мањи
1951   Италија Мањи, ФјоренцоФјоренцо Мањи
1952   Белгија Декок, РожеРоже Декок
1953   Холандија ван Ест, ВимВим ван Ест
1954   Белгија Импанис, РајмондРајмонд Импанис
1955   Франција Бобе, ЛујонЛујон Бобе
1956   Франција Форестир, ЖанЖан Форестир
1957   Белгија де Брујне, ФредФред де Брујне
1958   Белгија Дерејке, ЖерменЖермен Дерејке
1959   Белгија ван Лој, РикРик ван Лој
1960   Белгија де Каботер, АртурАртур де Каботер
1961   Обединето Кралство Симпсон, ТомТом Симпсон
1962   Белгија ван Лој, РикРик ван Лој
1963   Белгија Форе, НулНул Форе
1964   Германија Алтиг, РудиРуди Алтиг
1965   Холандија де Ро, ЈоЈо де Ро Телевизир
1966   Белгија Селс, ЕдвардЕдвард Селс Соло Суперија
1967   Италија Ѕандегу, ДиноДино Ѕандегу Салварани
1968   Белгија Годефрот, ВолтерВолтер Годефрот Фландрија
1969   Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс Фаема
1970   Белгија Леман, ЕрикЕрик Леман Фландрија-Марс
1971   Холандија Долман, ЕвертЕверт Долман Фландрија
1972   Белгија Леман, ЕрикЕрик Леман Бик
1973   Белгија Леман, ЕрикЕрик Леман Пежо
1974   Холандија Бал, СесСес Бал Ган Мерсие
1975   Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс Молтени
1976   Белгија Планкерт, ВолтерВолтер Планкерт Марс Пилс
1977   Белгија де Влеминк, РожеРоже де Влеминк Бруклин
1978   Белгија Годефрот, ВолтерВолтер Годефрот Ејсбурке
1979   Холандија Рас, ЈанЈан Рас ТИ-Рали
1980   Белгија Полентие, МишелМишел Полентие Сплендор Адмирал
1981   Холандија Кајпер, ХениХени Кајпер ДАФ Тракс
1982   Белгија Мартенс, РенеРене Мартенс ДАФ Тракс
1983   Холандија Рас, ЈанЈан Рас ТИ Рали
1984   Холандија Ламертс, ЈоханЈохан Ламертс Панасоник Рали
1985   Белгија Вандерерден, ЕрикЕрик Вандерерден Панасоник Рали
1986   Холандија ван дер Пул, АдриАдри ван дер Пул Квантум
1987   Белгија Крикелион, КлодКлод Крикелион Хитачи Марк Росин
1988   Белгија Планкерт, ЕдиЕди Планкерт АД Рентинг
1989   Белгија ван Хојдонк, ЕдвигЕдвиг ван Хојдонк Суперконфлекс
1990   Италија Аргентин, МореноМорено Аргентин Ариостеа
1991   Белгија ван Хојдонк, ЕдвигЕдвиг ван Хојдонк Буклер Колнаго
1992   Франција Диран, ЖакиЖаки Диран Касторама
1993   Белгија Музеу, ЈоханЈохан Музеу ГБ-МГ Малјифичио
1994   Италија Буњо, ЏаниЏани Буњо Тим Полти-Вапорето
1995   Белгија Музеу, ЈоханЈохан Музеу Мапеи-ГБ-Латексо
1996   Италија Бартоли, МикелеМикеле Бартоли МГ Малјифичио-Техноџим
1997   Данска Серенсен, РолфРолф Серенсен Рабобанк
1998   Белгија Музеу, ЈоханЈохан Музеу Мапеи-Брикоби
1999   Белгија ван Петегем, ПетерПетер ван Петегем ТВМ-Фарм Фритес
2000   Белгија Чмил, АндрејАндреј Чмил Лото-Адеко
2001   Италија Бортолами, ЏанлукаЏанлука Бортолами Такони Спорт-Вини Калдирола
2002   Италија Тафи, АндрејаАндреја Тафи Мапеи
2003   Белгија ван Петегем, ПетерПетер ван Петегем Лото-Домо
2004   Германија Весеман, ШтефенШтефен Весеман Т-Мобајл Тим
2005   Белгија Бонен, ТомТом Бонен Квик Степ-Инерџетик
2006   Белгија Бонен, ТомТом Бонен Квик Степ-Инерџетик
2007   Италија Балан, АлесандроАлесандро Балан Лампре-Фондитал
2008   Белгија Дефолдер, СтајнСтајн Дефолдер Квик Степ
2009   Белгија Дефолдер, СтајнСтајн Дефолдер Квик Степ
2010   Швајцарија Канчелара, ФабијанФабијан Канчелара Тим Саксо Банк
2011   Белгија Нујенс, НикНик Нујенс Саксо Банк-СанГард
2012   Белгија Бонен, ТомТом Бонен Омега Парма-Квик Степ
2013   Швајцарија Канчелара, ФабијанФабијан Канчелара РадиоШек-Леопард
2014   Швајцарија Канчелара, ФабијанФабијан Канчелара Трек Фактори Рејсинг
2015   Норвешка Кристоф, АлександерАлександер Кристоф Катјуша
2016   Словачка Саган, ПетерПетер Саган Тинкоф
2017   Белгија Жилбер, ФилипФилип Жилбер Квик-Степ Флорс
2018   Холандија Терпстра, НикиНики Терпстра Квик-Степ Флорс
2019   Италија Бетиол, АлбертоАлберто Бетиол ЕФ Едукејшн Фирст
2020   Холандија ван дер Пул, МатјеМатје ван дер Пул Алпесин-Феникс
2021   Данска Асгрен, КасперКаспер Асгрен Декојнинк-Квик Степ
2022   Холандија ван дер Пул, МатјеМатје ван дер Пул Алпесин-Феникс

Повеќекратни победници

уреди
Победи Возач Држава Изданија
3 Ахил Бејсе   Белгија 1940, 1941, 1943
Фјоренцо Мањи   Италија 1949, 1950, 1951
Ерик Леман   Белгија 1970, 1972, 1973
Јохан Мизеу   Белгија 1993, 1995, 1998
Том Бонен   Белгија 2005, 2006, 2012
Фабијан Канчелара   Швајцарија 2010, 2013, 2014
2 Жерар Дебетс   Белгија 1924, 1927
Ромен Гејселс   Белгија 1931, 1932
Брик Схоте   Белгија 1942, 1948
Рик ван Стенберген   Белгија 1944, 1946
Рик ван Лој   Белгија 1959, 1962
Валтер Годефрот   Белгија 1968, 1978
Еди Меркс   Белгија 1969, 1975
Јан Рас   Холандија 1979, 1983
Едвиг ван Хојдонк   Белгија 1989, 1991
Петер ван Петегем   Белгија 1999, 2003
Стајн Дефолдер   Белгија 2008, 2009
Матје ван дер Пул   Холандија 2020, 2022
  • Возачи со закосени букви се сè уште активни.

Победи по земја

уреди
Победи Држава
69   Белгија
12   Холандија
11   Италија
4   Швајцарија
3   Франција
2   Германија,   Данска
1   Обединето Кралство,   Норвешка,   Словачка

Победници на Трката околу Фландрија и Париз-Рубе во иста година

уреди
Победници на Париз-Рубе и
Трката околу Фландрија
Возач Земја Година
Хајри Зутер   Швајцарија 1923
Ромен Гејселс   Белгија 1932
Гастон Ребри   Белгија 1934
Рајмонд Импанис   Белгија 1954
Фред де Брујне   Белгија 1957
Рик ван Лој   Белгија 1962
Роже де Влеминк   Белгија 1977
Петер ван Петегем   Белгија 2003
Том Бонен   Белгија 2005
Фабијан Канчелара   Швајцарија 2010
Том Бонен   Белгија 2012
Фабијан Канчелара   Швајцарија 2013

Рекорди

уреди
  • Најбрзо издание на Трката околу Фландрија било во 2001, освоено од Италијанецот Џанлука Бортолами: 43,6 км/на час.
  • Пет велосипедисти го делат рекордот по број на победи, по три секој од нив: Италијанецот Фјоренцо Мањи и четворица Белгијци: Акил Бујсе, кој победил во 1940-тите, Ерик Леман, кој победил на почетокот на 1970-тите, Јохан Музеу ја освоил трката во 1993, 1995 и 1998 и Том Бонен, кој ја освоил трката во 2005, 2006 и 2012.[7]
  • Земја со најмногу победи е Белгија (68).
  • Само шест возачи ја имаат освоено две години по ред.[7]
  • Најстар победник бил Андреј Чмил во 2000 на 37 години, 2 месеца и 11 дена.

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  1. Каролус („Карел“) Лудовикус Стејерт, кој пишувал како Карел ван Вејненделе, роден во Торхаут, Белгија, на 16 ноември 1882, умрел во Дејнзе, Белгија, на 20 декември 1961. Неговиот споменик се наоѓа на врвот на Кваремонт близу Клујсберген. Бил поставен во 1964.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Schroeders, Fer (1999), Les Classiques du 20ème Siècle, De Eeclonaar, Belgium, ISBN 90-74128-58-0, p145
  2. 2,0 2,1 2,2 Vanwalleghem, Rik, Het Wonder van Vlaanderen, Pinguin, Belgium, ISBN 90-73322-09-X, p65-66
  3. „Velo 101, Route“. Архивирано од изворникот на 2010-02-07. Посетено на 2014-01-03.
  4. Sportwereld сè уште постои
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 „Карел ван Вејненделе“. Архивирано од изворникот на 2011-07-13. Посетено на 2014-01-05.
  6. 6,0 6,1 Vanwalleghem, Rik, Het Wonder van Vlaanderen, Pinguin, Belgium, ISBN 90-73322-09-X, p18
  7. 7,0 7,1 7,2 „Карел ван Вејненделе“. Архивирано од изворникот на 2011-01-26. Посетено на 2014-01-05.
  8. „Brussels Onderwijs Punt, Vgc Wablieft“. Архивирано од изворникот на 2009-04-05. Посетено на 2014-01-05.
  9. 9,0 9,1 9,2 DBNL, Digitale Bibliotheek voor de Nederlaandse letteren. Het rijke Vlaamsche wielerleven, Karel Van Wijnendaele, p101, De stichting van ‘Sportwereld’
  10. Vanwalleghem, Rik, Het Wonder van Vlaanderen, Pinguin, Belgium, ISBN 90-73322-09-X, p20
  11. „Историја на Трката околу Фландрија“. Архивирано од изворникот на 2017-02-27. Посетено на 2014-01-05.

Надворешни врски

уреди