Награда за борбеност на Тур де Франс


Награда за борбеност на Тур де Франс (позната и како награда за најагресивен возач)[1] — награда доделувана на велосипедската трка Тур де Франс. Оди во корист на постојаните напаѓачи и бегалци на етапите и од 1981 година, победникот на наградата не е победник на генералниот пласман на трката.

Награда за борбеност
Детали за наградата
СпортДрумски велосипедизам
НатпреварувањеТур де Франс
Доделена заборбен дух
Локално имеLe Prix de la combativité (француски)
Историја
Прва награда1952
Изданија67 (до 2019)
Прв победник Ваут Вагтманс (ХОЛ)
Најмногу победи Еди Меркс (БЕЛ) (4 пати)
Најнов победник Жилијан Алафилип (ФРА)

Историја

уреди

Од 1952,[2] по секоја етапа на најборбениот возач му се доделувала награда, а постоел и конечен пласман.[3] На крајот на Тур де Франс 1956, Андре Дарижад бил прогласен за најнапаѓачки велосипедист.[4] Во тоа време, наградата го имала истото значење како наградата за велосипедистот со најлоша среќа, Пико во 1956.

Во 1961, наградата не ја добил поединечен велосипедист, туку цела екипа, регионалната екипа Запад-Југ-Запад.

Системот на наградата бил менуван во текот на годините. Историски, возачите собирале бодови, а велосипедистот со најмногу бодови на крајот на трката бил прогласуван за победник.[5] Велосипедистот не требало да ја заврши трката, на пример Кирил Жимар во 1972 година не ја завршил, но сепак му била доделена наградата за борбеност.

Во 1979 година, наградта за борбеност му била првично доделена на Јоп Зутемелк;[6] подоцна бил дисквалификуван и Хени Кајпер ја добил наградата.

Моментален систем

уреди

Во моменталниот систем кој постои од 2003 година, жири на осмина велосипедски специјалисти, го избира најборбениот велосипедист на секоја етапа (исклучувајќи ги хронометрите).[7] Не постои маичка за најборбениот возач на претходната етапа, но добива посебен број на неговиот дрес; се состои од бел број на црвена позадина наспроти вообичаените црн број на бела позадина.[8] Наградата за овој возач е 2.000 евра.[1]

На крајот на Тур де Франс (обично на последната етапа), се доделува наградата за супер борбеност на најборбениот велосипедист во текот на целата трка.[9] Наградата за борбеност моментално е спонзорирана од Brandt, а наградниот фонд е 20.000 евра.[1][7]

Победници

уреди

Досега се доделени 61 награда за супер борбеност од 1953 година.[10]

Година Земја Возач Екипа
1953[11]   Холандија Вагтманс, ВаутВаут Вагтманс Холандија
1954[12]   Франција Лазаридес, ЛисјенЛисјен Лазаридес (поделена победа со Мае, ФрансоаФрансоа Мае)
1954[12]   Франција Мае, ФрансоаФрансоа Мае (поделена победа со Лазаридес, ЛисјенЛисјен Лазаридес)
1955[13]   Луксембург Гол, ШарлиШарли Гол Луксембург
1956   Франција Дарижад, АндреАндре Дарижад Франција
1957   Франција Барон, НиколаНикола Барон Ил де Франс
1958   Шпанија Баамонтес, ФедерикоФедерико Баамонтес Шпанија
1959   Франција Сен, ЖерарЖерар Сен Сен-Рафел-Жеминијани
1960   Франција Грачик, ЖанЖан Грачик Франција
1961   Франција Екипна награда Запад-Југ-Запад
1962   Белгија Паувелс, ЕдиЕди Паувелс Вилс-Груне Леув
1963   Белгија ван Лој, РикРик ван Лој Г.Б.С. - Либертас
1964   Франција Анжлад, АнриАнри Анжлад Пелфорт-Соваж
1965   Италија Џимонди, ФеличеФеличе Џимонди Салварани
1966   Западна Германија Алтиг, РудиРуди Алтиг Пежо-БП-Мишелин
1967   Франција Леторт, ДезиреДезире Леторт Франција
1968   Франција Пинжон, РожеРоже Пинжон Франција
1969   Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс Фаема
1970   Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс Фаема
1971   Шпанија Окања, ЛуисЛуис Окања Бик
1972   Франција Жимар, КирилКирил Жимар Жан-Мерсие
1973   Шпанија Окања, ЛуисЛуис Окања Бик
1974   Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс Тим Молтени
1975   Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс Тим Молтени
1976   Франција Делисл, РајмонРајмон Делисл Пежо-БП-Мишелин
1977   Холандија Кнетеман, ГериГери Кнетеман ТИ Рали
1978   Белгија Веленс, ПолПол Веленс ТИ Рали
1979   Холандија Кајпер, ХениХени Кајпер Пежо
1980   Франција Левавасер, КристијанКристијан Левавасер Мико-Мерсие-Виважел
1981   Франција Ино, БернарБернар Ино Рено
1982   Франција Клер, РежиРежи Клер Коп-Мерсие
1983   Швајцарија Демјер, СержСерж Демјер CILO
1984   Франција Ино, БернарБернар Ино Ла Вие Клер
1985   Холандија Дикро, МартенМартен Дикро Квантум
1986   Франција Ино, БернарБернар Ино Ла Вие Клер
1987   Франција Клер, РежиРежи Клер Тека
1988   Франција Симон, ЖеромЖером Симон З-Пежо
1989   Франција Фињон, ЛоренЛорен Фињон Супер У-Рали
1990   Шпанија Хозас, ЕдуардоЕдуардо Хозас ОНСЕ
1991   Италија Кјапучи, КлаудиоКлаудио Кјапучи Карера Џинс-Тасони
1992   Италија Кјапучи, КлаудиоКлаудио Кјапучи Карера Џинс-Вагабонд
1993   Италија Гирото, МасимоМасимо Гирото ЗГ Мобили
1994   Италија Поли, ЕросЕрос Поли Меркатоне Уно-Медењини
1995   Колумбија Буенаора, ЕрнанЕрнан Буенаора Келме
1996   Франција Виранк, РишарРишар Виранк Фестина
1997   Франција Виранк, РишарРишар Виранк Фестина
1998   Франција Диран, ЖакиЖаки Диран Казино-Аг2р
1999   Франција Диран, ЖакиЖаки Диран Лото-Мобистар
2000   Холандија Декер, ЕрикЕрик Декер Рабобанк
2001   Франција Жалабер, ЛоренЛорен Жалабер ЦСЦ-Тискали
2002   Франција Жалабер, ЛоренЛорен Жалабер ЦСЦ-Тискали
2003   Казахстан Винокуров, АлександарАлександар Винокуров Тим Телеком
2004   Франција Виранк, РишарРишар Виранк Квик Степ-Давитамон
2005   Шпанија Переиро, ОскарОскар Переиро Фонак Хиринг Системс
2006   Шпанија Фуенте, Давид де лаДавид де ла Фуенте Соние Дувал-Продир
2007   Шпанија Чурука, АметсАметс Чурука Еускалтел-Еускади
2008   Франција Шаванел, СилвенСилвен Шаванел Кофидис
2009   Италија Пелицоти, ФранкоФранко Пелицоти[забелешка 1] Ликвигас
2010   Франција Шаванел, СилвенСилвен Шаванел Квик Степ
2011   Франција Роа, ЖеремиЖереми Роа ФДЖ
2012   Данска Анкер Серенсен, КрисКрис Анкер Серенсен Тим Саксо Банк
2013   Франција Риблон, КристофКристоф Риблон Аг2р-Ла Мондијал
2014   Италија Де Марки, АлесандроАлесандро Де Марки Канондејл
2015   Франција Барде, РоменРомен Барде Аг2р-Ла Мондијал
2016   Словачка Саган, ПетерПетер Саган Тинкоф
2017   Франција Баргиј, ВаранВаран Баргиј Тим Санвеб
2018   Ирска Мартин, ДаниелДаниел Мартин ОАЕ Тим Емирати
2019   Франција Алафилип, ЖилијанЖилијан Алафилип Квик-Степ Флорс
Забелешки
  1. Резултатите на Пелицоти биле поништени, откако неговиот биолошки пасош покажал необични вредности, но пласманот не бил доделен на друг.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Liste des prix/Prize money - Article 7. Classement de la combativité/Most aggressive rider classification“ (PDF). Amaury Sport Organisation. 17 јули 2008. стр. 79. Посетено на 24 април 2009.
  2. „Тур де Франс: Алтернативен поглед на врвната друмска трка“. The Independent. 6 јули 2007. Посетено на 20 мај 2009.
  3. „Premies voor Van der Pluym en Stolker“. Leeuwarder Courant (холандски). 14 јули 1956. стр. 11. Посетено на 8 мај 2009.
  4. „Klassementen“. Leeuwarder Courant (холандски). 30 јули 1956. стр. 5. Посетено на 8 мај 2009.
  5. Еди ван дер Марк. „Тур Екстра: Награда за борбеност“. CvccBike. Архивирано од изворникот на 2018-09-16. Посетено на 24 април 2009.
  6. „Zoetemelk strijdlustigste“. Leeuwarder Courant (холандски). 23 јули 1979. стр. 13. Посетено на 8 мај 2009.
  7. 7,0 7,1 „Тур де Франс 2008 - Правила“. Amaury Sport Organisation. Посетено на 24 април 2009.
  8. „Règlement de l'Épreuve - Article 10: Maillots des leaders“ (PDF) (француски). Amaury Sport Organisation. 17 јули 2008. стр. 61. Посетено на 24 април 2009.
  9. „Règlement de l'Épreuve - Article 24f: Prix de la Combativité“ (PDF) (француски). Amaury Sport Organisation. 17 јули 2008. стр. 69. Посетено на 24 април 2009.
  10. „Le Tour en chiffres“ (PDF) (француски). Amaury Sport Organisation. стр. 126. Посетено на 3 јули 2009.
  11. „Nederlandse ploeg won in totaal f 70.000 aan prijzen en premies“. Leeuwarder Courant (холандски). 27 јули 1953. стр. 5. Посетено на 9 мај 2009.
  12. „Bobet onbetwist winnaar van“. Leeuwarder Courant (холандски). 2 август 1954. стр. 3. Посетено на 8 мај 2009.
  13. „Klassementen“. Leeuwarder Courant (холандски). 1 август 1955. стр. 3. Посетено на 8 мај 2009.