Тур де Свис (македонски: Трка околу Швајцарија) — еднонеделна етапна трка, дел од Светската турнеја, која се одржува секој јуни. Трката започнала во 1933 и со текот на времето била продолжена временска и добила нови спонзори. Со Критериум ду Дофине претставува пробна трка пред Тур де Франс и е дел од календарот на Светската турнеја. Како и Тур де Франс и Дофине, Тур де Свис нуди планински завршници и најмалку еден поединечен хронометар. Неколку победници на Тур де Свис, исто така, го имаат освоено Тур де Франс, вклучувајќи ги Еди Меркс, Ленс Армстронг и Јан Улрих. Во 2005, организаторите ја поместиле трката во почетокот на јуни. Прв победник на трката бил Макс Була во 1933 година. Возач со најмногу победи е Паскале Форнара со 4 победи (1952, 1954, 1957, 1958). Најнеодамнешен победник бил Симон Шпилак.