Зимбабве
Зимбабве (шона: Zimbabwe; англиски: Zimbabwe) или службено Република Зимбабве (Nyika yeZimbabwe, Republic of Zimbabwe) — држава во Јужна Африка со главен град Хараре. Зимбабве се наоѓа помеѓу реките Замбези и Лимпопо. Зимбабве нема излез на море, а се граничи со Замбија и Мозамбик на север, со Мозамбик на исток, со Боцвана на запад и со ЈАР на југ. Според проценките на ООН, Зимбабве има население од над 16 милиони луѓе, од кои над 80% се Шони. Државата има 16 службени јазици, од кои најголем е шонски, а се користи и англискиот.
Република Зимбабве уште 14 службени јазици
|
||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||||||||||||||||||||||||||
Гесло: „Единство, Слобода, Работа“ ("Unity, Freedom, Work"[1]) |
||||||||||||||||||||||||||||||
Химна: "Благословена да е земјата Зимбабве"[2] |
||||||||||||||||||||||||||||||
Местоположбата на Зимбабве (темносино) во Африканска Унија (светлосино) |
||||||||||||||||||||||||||||||
Главен град (и најголем) | Хараре | |||||||||||||||||||||||||||||
Службен јазик | 16 службени јазици, види име на Зимбабве погоре | |||||||||||||||||||||||||||||
Народности (2012) | 80% Шони и Ндебеле, 20 други. | |||||||||||||||||||||||||||||
Демоним | Зимбабвеец | |||||||||||||||||||||||||||||
Уредување | унитарна претседателска република | |||||||||||||||||||||||||||||
• | Претседател | Емерсон Мнангагва | ||||||||||||||||||||||||||||
• | 1 потпретседател | нема | ||||||||||||||||||||||||||||
• | 2 потпретседател | Пелекезела Мпоко оспорен | ||||||||||||||||||||||||||||
Законодавство | Парламент | |||||||||||||||||||||||||||||
• | Горен дом | Сенат | ||||||||||||||||||||||||||||
• | Долен дом | Собрание | ||||||||||||||||||||||||||||
Независност од Обединетото Кралство | ||||||||||||||||||||||||||||||
• | Објавена | 11 ноември 1965 | ||||||||||||||||||||||||||||
• | Призната | 18 април 1980 | ||||||||||||||||||||||||||||
• | Сегашен устав | 15 мај 2013 | ||||||||||||||||||||||||||||
Површина | ||||||||||||||||||||||||||||||
• | Вкупна | 390,757 км2 (60-та) | ||||||||||||||||||||||||||||
• | Вода (%) | 1 | ||||||||||||||||||||||||||||
Население | ||||||||||||||||||||||||||||||
• | проценка за г. | проценка на ОН (73-та) | ||||||||||||||||||||||||||||
• | Попис 2012 | 12,973,808[3] | ||||||||||||||||||||||||||||
• | Густина | 26 жит/км2 (170-та) | ||||||||||||||||||||||||||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2017 г. | |||||||||||||||||||||||||||||
• | Вкупен | $33.872 милијарди[4] | ||||||||||||||||||||||||||||
• | По жител | $2,276[4] | ||||||||||||||||||||||||||||
БДП (номинален) | проценка за 2017 г. | |||||||||||||||||||||||||||||
• | Вкупно | $17.105 милијарди[4] | ||||||||||||||||||||||||||||
• | По жител | $1,149[4] | ||||||||||||||||||||||||||||
Џиниев коеф. (1995) | 50.1[5] висок |
|||||||||||||||||||||||||||||
ИЧР (2015) | ▲ 0.516[6] низок · 154-та |
|||||||||||||||||||||||||||||
Валута | Американски долар (за владини трансакции), Јужноафрикански ранд, и други валутиa, на пр. боцванска пула, евро, индиска рупија, фунта, Австралиски долар. | |||||||||||||||||||||||||||||
Часовен појас | CAT[7] (UTC+2) | |||||||||||||||||||||||||||||
Се вози на | лево | |||||||||||||||||||||||||||||
НДД | .zw | |||||||||||||||||||||||||||||
Повик. бр. | +263 | |||||||||||||||||||||||||||||
а. | Зимбабвејски долар е во употреба поради хиперинфлација. |
Уште од 11 век денешната територија на Зимбабве била управувана од различни организирани држави и кралства, а исто така областа била значаен трговски пат. Европската колонизација на Зимбабве започнала со британската колонизација на Јужна Африка и основањето на колониите Јужна Родезија (денес Зимбабве) и Северна Родезија (Замбија). Колонијата Јужна Родезија станала самоуправувачка британска колонија во 1923. Во 1965 година, малата конзервативна и контроверзна бела заедница на Зимбабве имала целосна контрола врз државата и прогласила независност на Јужна Родезија под името Родезија, која била потоа именувана како Зимбабвејска Родезија, но за многу краток период. Самопрогласената држава била под меѓународна изолација и 15 години имало герилска војна со мнозинското црнечко националистичко население. Оваа војна завршила со потпишување на мировен договор и во април 1980 официјално Зимбабве била основана како независна држава. Денес државата е многу сиромашна поради лошата политика на водачите, а некогаш била именувана како „скапоцен камен на Африка“ поради просперитетот на земјата.[8][9][10]
Роберт Мугабе станал премиер на Зимбабве во 1980 година, кога тогашната (а и денешна) владеачка партија ЗАНУ-ПФ победила на изборите. Со тоа се ставил крајот на доминацијата на малото бело население. Седум години Мугабе бил премиер, а во 1987 станал претседател, функција која ја извршува до денес. Мугабе вовел тоталитарен режим, има доминација во целокупното општество, прекршување на човековите права и силно и успешно деградирање на опозицијата.[11] Мугабе сè уште има социјалистичка реторика од Студената војна и го обвинува западот за лошата економска ситуација на земјата.[12] Државата има голем економски пад кој започнал уште во 1990-те и забележала хиперинфлација во скоро време со што се укинала и домашната валута.[13]
Во ноември 2017 година низ државата се организирале протести против тоталитарниот режим на Мугабе. Како резултат на тоа се организирал еден вид државен удар од страна на воените старешини и Мугабе бил ставен во домашен притвор заедно со неговата сопруга.[14][15] На 19 ноември 2017 година Мугабе бил, против неговата волја, сменет како водач на владеачката партија и заменет со Емерсон Мнангагва[16], кој пак се сметал за негов наследник на претседателската функција. Такви апсирации имала и неговата сопруга Грејс Мугабе.
Со стапувањето во водство на партијата, Мнангагва станал наследник на Мугабе на функцијата претседател на Зимбабве.
Потекло на поимот
уредиИмето на Зимбабве доаѓа од називот "Dzimba dza mabwe" што значи „голема куќа од камен“ на шона.
Историја
уредиЕдни од најстарите народи кои живееле на денешната територија на Зимбабве (тогаш Родезија) биле Пигмејците. Во текот на 8 век, тие се помешиле со типичните земјоделски народи по име Шона, дел од народите Банту, кои започнале да добиваат злато и мед од богатите семејства во регионот. Во текот на 15 век на овие простори била формирана империјата Мономотапа, која била главната територија која што ги контролирала реоните со злато, кое пак главно било продавано на арапите и португалците. Во следниот 16 век, империјата се распаднала на четири дела, по кое следувале многубројни конфликти и граѓански војни. Во меѓувреме дошле и португалските трговци, а со тоа и армијата на Португалската империја. Во почетокот империјата на Португалците не бележиле којзнае какви успеси, за да сепак кон XVIII век испее да ја наложи својата моќ. Во 1911 годфина била основана јужна Родезија а како британска колонија била официјално објавена во 1923 година. Во 1912 година, т.н. бели колонизатори се откажале од намерата да се приклучат кон јужноафриканскиот сојуз. По крајот на Втората светска војна, бројот на белото население драстичо се зголемило. Во периодот од 1953 до 1963 година, Јужна Родезија била дел од федерацијата на Родезија и Њасаленд. По распаѓањето на федерацијата, формално била објавена независноста на земјата, која од 1965 година била преименувана во Родезија.[17][18] По изгласувањето на републиканскиот устав од 1970 година, врските со Велика Британија биле прекинати. По ова следувала осудата од страна на ООН за расизам|расистичката политика на власта. Земјата ги подобрила односите со Јужна Африка, чиоја цел била да излезе од политичката изолација. Од друга страна пак, црното население започнало да формира политички движења. Следувале повторните економски санкции и избувнување на партизански акции, кое го принудило премиерот да си поднесе оставка. Во 1977 година, за нов премиер на земјата бил избран Музорева, но граѓанските конфликти продолжиле. Во негово време земјата била преименувана во Зимбабве-Родезија. Во 1979 година во Лондон се провела конференција на која било подготвено прогласуувањето на независност на земјата. Следната година била прогласена независноста, а на власт дошле социјалистите. Во 1988 година во земјата бил воведен еднопартиски систем.
Географија
уредиПолитички систем
уредиАдминистративна поделба
уредиЗимбабве се дели на 8 покраини и 2 града-покраини. Покраините се поделени на 59 окрузи, а тие пак, на вкупно 1.200 општини.
Покраините се следниве:
Стопанство
уредиДемографија
уредиНајголем дел од населението на земјата, своите корени ги има од народот Банту (98%), 71% од кој и припаѓа на етничката група Шона, а 16% на етничкатљ група Ндебеле.
Во минатото во земјата живеело и мал број на бело население, кое кон средината на XX век било 5% од целото население на Зимбабве. По прогласувањето на независноста на земјата, процентот на белото население значително се намалил. Денеска, тој процент изнесува 1%. Ова можеби се должи на дискриминаторската политика која ги води земјата кон белото население.
Според податоците од 2005 година населението е следново:
- 98.8% - црни,
- 1% бели
- друѓи
- Христијани - 10,935,900
- Муслимани - 113,130
- Без Религија - 993,030
- Народна Религија - 447,660
- Евреи - 10,000
- Други - 37,710
Култура
уредиМузика
уредиСпорт
уредиНаводи
уреди- ↑ „Zimbabwe“. The Beaver County Times. 13 September 1981. Посетено на 2 November 2011.
- ↑ „The World Factbook – Zimbabwe“. Central Intelligence Agency. Архивирано од изворникот на 2020-04-16. Посетено на 2017-11-20.
- ↑ „Census Results in Brief“ (PDF). Zimbabwe National Statistical Agency. Архивирано од изворникот (PDF) на 3 September 2013. Посетено на 25 August 2013.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 „Zimbabwe“. International Monetary Fund.
- ↑ „GINI Index“. World Bank. Посетено на 21 July 2013.
- ↑ „2016 Human Development Report“ (PDF). United Nations Development Programme. 2016. Посетено на 21 March 2017.
- ↑ „Zimbabwe Time“. GreenwichMeanTime.com. Greenwich 2000. Архивирано од изворникот на 19 јули 2011. Посетено на 17 ноември 2017.
- ↑ Johnson, Boris (2017-11-15). „Robert Mugabe tarnished the jewel that is Zimbabwe. Now is its chance to shine again“. The Telegraph.
- ↑ Lessing, Doris (2003-04-10). „The Jewel of Africa“. The New York Review of Books. 50 (6).
- ↑ „What Happened to Zimbabwe, Once Known as the Jewel of Africa?“. 2015-04-17.
- ↑ „Zimbabwe 2015 Human Rights Report“. United States Department of State Bureau of Democracy, Human Rights, and Labor. 2015. Посетено на 6 May 2016.
- ↑ „Zimbabwe's Robert Mugabe“. BBc. 16 August 2013. Посетено на 6 May 2016.
- ↑ Contributor, Quora (2015-11-29). „What Caused Zimbabwe's Economic Crash?“. Slate.
- ↑ CNN, David McKenzie, Brent Swails and Angela Dewan. „Zimbabwe in turmoil after apparent coup“. CNN. Посетено на 2017-11-15.
- ↑ „Zimbabwe's Robert Mugabe confined to home as army takes control“. The Guardian. Посетено на 15 November 2017.
- ↑ „Ruling party sacks Mugabe as leader“. BBC Ness. BBC. Посетено на 19 November 2017.
- ↑ Williams, Lizzie (2005). Africa Overland. стр. 169–170.
- ↑ Pakenham, Thomas (1992). Scramble for Africa: White Man's Conquest of the Dark Continent from 1876 to 1912. стр. 669.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Влада
- Парламент на Зимбабве Архивирано на 19 јуни 2005 г.
- Он лајн собранието на Зимбабве Архивирано на 24 октомври 2008 г.
- Шефот на државата и министрите Архивирано на 9 март 2013 г.
- Генерално
- BBC профил за Зимбабве
- Зимбабве
- Зимбабве на Curlie (англиски)
- Весници
- Зимбабве Метро
- The Zimbabwean
- Гардиан Зимбабве Архивирано на 26 септември 2020 г.
- Врски за вести од Зимбабве
- Останати
- ZimConservation - News and opinions about the wildlife and environment of Zimbabwe Архивирано на 20 октомври 2020 г.
- Zimbabwe Urban Culture
- ZimLoxian Архивирано на 20 декември 2008 г. *Zimbabwe Online News Архивирано на 7 јануари 2009 г.
- ZW News
- New Zimbabwe
- Isp Internet Services Zimbabwe Архивирано на 6 декември 2008 г.
- Amnesty International annual report 2007 on Zimbabwe
- Kubutana
- Zimbabwe Agricultural Welfare Trust (ZAWT)
- Civic Action Support Group
- Zimbabwe Protest
- Cato Journal PDF (115 KiB)
- No quick fix for Zimbabwe's economy, analysis by Jorn Madslien, BBC News
- Zimbabwe destruction: One man's story,
- Center for Global Development
- Zimbabwe Rescue Архивирано на 12 јуни 2008 г.
- Crisis in Zimbabwe Архивирано на 11 декември 2008 г.
- TheGreatZimbabwe
- Rhodesian, Zimbabwean expat community Архивирано на 18 октомври 2009 г.
Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |