Кралска академија на сликарството и вајарството
Кралска академија на сликарството и вајарството (француски: Académie royale de peinture et de sculpture) — ликовна академија во Париз основана во 1648 по урнек на италијански примери како Академијата „Св. Лука“ во Рим. Во Париз веќе постоела истоимена академија, која била градски уметнички еснаф како и секој друг Лукин еснаф во Европа. Академијата имала за цел да ги професионализира уметниците што работеле на дворот и да им додели уверенија кои ги немале уметниците од Лукиниот еснаф.
Во 1661 на чело на академијата застанал Жан Батист Колбер кој ги ставил уметностите во улога на величење на кралот Луј XIV. Почнувајќи од 1683, академијата го достигнала врвот на моќта под диктаторското раководство на Шарл Лебрен кој воспоставил хиерархија на членовите и строг систем на обука и образование. Во 1749 во рамките на академијата е основана Школата за ученици под покровителство (École des Élèves Protégés) како тригодишна специјалистичка школа наменета добитниците на Римската награда, со цел да бидат што подобро обучени за нивниот престој во Рим.[1]Меѓу алумните на оваа школа се вбројуваат Пјер Жилјен, Жан Гијом Моат и Жан Жозеф Фуку.
На 8 август 1793, револуционерниот Национален конвент ја укинал академијата, заедно со сите други академии и книжевни друштва од национален карактер.
Во подоцнежниот период академијата го добила името „Академија на сликарството и вајарството“ (Académie de peinture et de sculpture) и надлежноста врз Француската академија во Рим, сместена во Вила Медичи (осн. 1666), која им дава можност на особено надарени уметници да учат во Рим. Во 1816, кон академијата се споила со Музичката академија (осн. 1669) и Архитектонската академија (осн. 1671), образувајќи ја Ликовната акдемија (Académie des beaux-arts), една од петте академии на Институтот на Франција.
Некои академици
уреди- Абрахам Бос (1648)
- Херман ван Сваневелт (1651)
- Жан Варен (1665)
- Мадлен Булоњ (1669)
- Жан Жувене (1675)
- Антоан Коазево (1676)
- Жозеф Паросел (1676)
- Анри Гаскар (1680)
- Никола де Ларжилјер (1686)
- Роже де Пил (1699)
- Гијом Кусту Постариот (1704)
- Жан Рау (1717)
- Жан Батист Патер (1728)
- Франсоа Буше (1731)
- Шарл-Андре ван Ло (1735)
- Шарл-Амеде-Филип ван Ло (1747)
- Жан-Батист Ие (1769)
- Марија Сузана Жируст (1770)
- Жак-Луј Давид (1780)
- Аделаида Лабил-Жиар (1783)
- Елизбет Виже Лебрен (1783)
- Адолф Улрик Вертмилер (1784)
- Жан-Батист Стуф (1785)
- Донимик Виван (1787)
- Жан Батист Пигал
Поврзано
уреди- Салон (Париз)
- Академизам
- Кралска академија (Британија)
Наводи
уреди- ↑ Andrew McClellan, Inventing the Louvre: art, politics, and the origins of the modern museum in eighteenth century Paris, стр. 43
Надворешни врски
уреди- Историја на академијата Архивирано на 8 февруари 2012 г. (англиски)
- Уметници, нивните творби и академиите Архивирано на 18 декември 2008 г. (англиски)
48°51′26.22″N 2°20′12.96″E / 48.8572833° СГШ; 2.3369333° ИГД