Еклиптика — привидниот пат на Сонцето на небесната сфера, а воедно и основата за еклиптичкиот координатен систем. Се однесува исто така и за рамнината на овој пат, и е копланарна и со орбитата на Земјата околу Сонцето, и со привидната орбита на Сонцето околу Земјата.[1] Патот на Сонцето не се забележува од површината на Земјата, а причина за тоа е Земјината ротација, движејки се со набљудувачот низ циклусот на изгрејсонце и зајдисонце, попречувајќи го привидното движење на Сонцето во однос на позадинските ѕвезди.

Сонцето привидно се придвижува во однос на позадинските ѕвезди, гледано од орбитата на Земјата. Еклиптиката е привидниот пат кој Сонцето го изминува меѓу ѕвездите. На Земјата и сè потребни 365 дена за да ја проследи целата орбита.

Привидното движење на Сонцето уреди

Погоре опишаните движења се упростувања на проблемот. Поради движењето на Земјата околу заедничкиот центар на маса на Земјата - Месечина, привидниот пат на Сонцето се залувува малку со период од околу еден месец. Поради растројувањата од останатите планети на Сончевиот Систем, центарот на маса Земја - Месечина се залувува околу главната положба на сложен начин. Еклиптиката е всушност привидниот пат на Сонцето за временски период од една година.[2]

Како што на Земјата и е потребно една година за да направи едно завртување околу Сонцето, исто така потребното време за изминување на патеката на Сонцето му е потребен подеднаков временски период за дја измине еклиптиката како и на Земјата. Со нешто повеќе од 365 дена во годината, Сонцето се придвижува помалку од 1° источно[3] секој ден. Оваа мала разлика во положбата на Сонцето во споредба со ѕвездите од позадината, предизвикува секоја одредена точка од површината на Земјата да биде во временски однос (север - југ) со Сонцето со задоцнување од 4 минути секојдневно, за разлика од состојбата кога Земјата не би се движела околу својата оска; Земјениот ден е 24 часа, за разлика од приближниот 23 - часа и 56 - минути ѕвезден ден. Повторно, станува збор за упростување, засновано на замислена Земја која ротира по орбитата околу Сонцето со подеднаква брзина. Вистинската брзина со која Земјата се движи околу Сонцето е променлива во текот на годината, па така брзината со која Сонцето привидно се движи по епликтиката е променлива. На пример, Сонцето е во северна положба над небесниот екватор во период од 185 дена секоја година, и јужно во период од 180 дена.[4] Промената на орбиталната брзина се надополнува со дел од равенката за време.[5]

Рамнина на Сончев Систем уреди

     
Поглед од горе и страничен поглед на рамнината на еклиптиката, со прикажување на планетите Меркур, Венера, Земја, и Марс. Повеќето од планетите кружат околу Сонцето мошне блиску до самата рамнина во која се движи и Земјата - по еклиптиката. Четирите планети подредени по еклиптиката во јули 2010, прикажувајќи како планетите кружат околу сонцето на истата рамнина. Фотографија сликана при зајдисонце, гледано кон запад над Суракарта, Јава, Индонезија.

повеќето тела во Сончевиот Систем кружат околу Сонцето во скоро истата рамнина. Ова најверојатно се должи на кој Сончевиот Систем се создал од протопланетарниот диск. Најдобрата моментална претстава за дискот е позната како непроменлива рамнина на Сончевиот Систем. Земјината орбита, а воедно и еклиптиката, се закосени за помалку од 1° во однос на непроменливата рамнина, и останатите поголеми планети се во однос од 6°. Поради ова, повеќето тела во Сончевиот Систем сево близина или лежат на еклиптиката на небесниот свод. Еклиптиката е дефинирана од движењето на Сонцето. Непроменливата рамнина е определена со аголниот момент на целиот Сончев Систем, со други зборови кажано збирот на сите револуции и ротации од сите тела во системот, несигурна вредност за која е потребно целосно познавање на секој објект во системот. Поради овие причини, еклиптиката како погодна се користи како референтна рамнина на Сончевиот Систем.[6][7]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. U.S. Naval Observatory Nautical Almanac Office, Nautical Almanac Office; U.K. Hydrographic Office, H.M. Nautical Almanac Office (2008). The Astronomical Almanac for the Year 2010. U.S. Govt. Printing Office. стр. M5. ISBN 978-0-7077-4082-9.
  2. U.S. Naval Observatory Nautical Almanac Office (1992). P. Kenneth Seidelmann (уред.). Explanatory Supplement to the Astronomical Almanac. University Science Books, Mill Valley, CA. ISBN 0-935702-68-7. , p. 11
  3. name="celes direc"/
  4. Astronomical Almanac 2010, sec. C
  5. Explanatory Supplement (1992), sec. 1.233
  6. Danby, J.M.A. (1988). Fundamentals of Celestial Mechanics. Willmann-Bell, Inc., Richmond, VA. ISBN 0-943396-20-4. , sec. 9.1
  7. Roy, A.E. (1988). Orbital Motion (third. изд.). Institute of Physics Publishing. ISBN 0-85274-229-0. , sec. 5.3

Надворешни врски уреди