Физички систем
Физички систем — збир од физички предмети.[1]
Во физиката под овој поим се подразбира делот од физичкиот свет избран за анализа. Сето останто вон системот се нарекува околина. Околината се занемарува освен дотолку колку што делува врз системот.
Поделбата меѓу системот и околината е избор на аналитичарот, направен за да се упрости анализата. На пример, водата во едно езеро, водата во половина езеро или поединечна молекула од езерската вода може да се сметаат за физички системи. Изолиран систем е оној систем кој има занемарливо заемодејство со околината. Честопати, системот во оваа смисла одговара на повообичаеното значење на топлина во дадена машина.
При проучувањето на температура, „системот“ може да се однесува на микроскопските својства на еден предмет (на пр. средна вредност на тегот на клатно), а за релевантна „околина“ може да се сметаат внатрешнните степени на слобода, класично опишани како топлински вибрации на клатното.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Belkind, Ori (2 февруари 2012). Physical Systems: Conceptual Pathways between Flat Space-time and Matter (англиски). Springer Science & Business Media. стр. 1. ISBN 978-94-007-2373-3.
The notion of physical system is so ubiquitous it is mentioned in almost every work in physics. Scientists use the term, without much reflection, to refer to an aggregate of physical objects.
Надворешни врски
уреди- Физички систем на Ризницата ?
- Моделирање и симулација на физички системи — наставна програма на истоимениот предмет на Машински факултет, Скопје (македонски)
Оваа статија од областа на физиката е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |