Кремљски ѕидини
Кремљиските ѕидини претставуваат ѕидини кои се наоѓаат во Кремљ, на Црвениот плоштад во Москва, Русија. Главната функција на ѕидините во текот на историјата била одбрана на градот од надворешни напади.
Кремљски ѕидини | |
---|---|
Општи податоци | |
Град | Црвен Плоштад, Москва |
Земја | Русија |
Почната | 1480 |
Ѕидините започнале да бидат изградени во текот на 12 век, кога Москва била основана во 1147 година. Првиот ѕид бил готов во 1156 година, кој најверојатно се состоел од обична дрвена ограда со една одбранбена кула. Овој ѕид бил уништен од страна на монголската инвазија на Московскиот Кремљ. Ѕидините повторно биле изградени а на некои места обновени, во времето на Иван I Московски. Кога биле изградени овие ѕидини, се сметало дека никогаш нема да бидат пробиени. Ова било докажано на неколкупати, против надворешни напади како и против природни катастрофи.
И покрај тоа, Дмитриј Донски во 1367 година започнал повторна реконструкција на тврдината. Во 1382 година тврдината била повторно нападната од страна на Татарите, но не доживеала некои поголеми оштетувања. Во следните два века, тврдината станала најголемата во земјата. Во 15 век станало јасно дека тидините повторно ќе треба да бидат реновирани. Така, во периодот од 1485 и 1495 година, тврдината била во целост обновена, а како главни архитекти биле избрани италијанците Антионио Фријазин, Марко Фријазин, Пјетро Антонио Солари и Алексеј Фријазин. Новата тврдина била изградена на местото на старата. Некои бели камења на некои места сѐ уште може да се забележат. Во тоа време биле изградени и кулите на тврдината. Кулите се дваесет на број.
Ѕидините на тврдината биле обоени во бела боја, но по доаѓањето на Болшевиците на власт во земјата, било наредено ѕидините, заедно со кулите да бидат обоени во црвено, во 1918 година.
Надворешни врски
уреди- Официјално мрежно место на Московскиот Кремљ Архивирано на 28 јуни 2010 г.