Париз-Ница

велосипедска трка во Франција

Париз-Ница (француски: Paris-Nice; неслужбено нарекувано и „Трка на Сонцето“) — професионална велосипедска етапна трка која се одржува секој март. Првпат била одржана во 1933 и била освоена од Алфонс Шеперс од Белгија. Најуспешен возач на Париз-Ница бил Шон Кели од Ирска, кој освоил седум последователни трки од 1982 до 1988.

Париз-Ница
За трката
Датуммарт
РегионФранција
Месно имеParis–Nice (француски)
ПрекарТрка на сонцето
ДисциплинаДрумски велосипедизам
НатпреварувањеСветска турнеја на UCI
ВидЕтапна трка
ОрганизаторASO
Директор на тркатаКристијан Прудом
Историја
Прво одржување1933 (1933)
Одржувања80 (до 2022)
Прв победник Алфонс Шеперс (БЕЛ)
Најмногу победи Шон Кели (ИРС) (7 пати)
Неодамнешен победник Примож Роглич (СЛО)

И покрај нејзиното име, трката не започнува секогаш од Париз, односно почесто се одбираат градови во негова близина (или јужно од него). Обично, последната етапа завршува или на Англиската променада во Ница или на Кол д’Ез, планински премин близу градот.

Во текот на трката во 2003, Казахстанецот Андреј Кивилев умрел како последица на повреда на главата настаната при пад. Неговата смрт ги поттикна UCI да ги воведат шлемовите на сите натпреварувања, освен на последниот дел од трката каде има нагорнина. Подоцна, правилото било изменето и се барало целосно употреба на шлемовите во секое време.

Моментално, Париз-Ница е организирана од Amaury Sport Organisation (ASO). Исто така, ASO организира и други трки (како што се Тур де Франс и Париз-Рубе) и други спортски настани (вклучувајќи го Релито Дакар и Парискиот маратон).

Сопственоста на Париз-Ница се менувала неколкупати. Многу години била водена од францускиот велосипедски новинар Жан Лелиот, а по неговата смрт од неговото семејство. Била преземена од победникот на Тур де Франс Лорен Фињон пред да премине во сопственост на ASO. Од 2009 е дел од светскиот календар на UCI, во серијата Светска турнеја на UCI.

Историја

уреди

Во 1933, Албер Лежан прв ја смислил велосипедската трка за промовирање на неговите два весника, Le Petit Journal и Le Petit Nice (првиот основан во Париз, а вториот во Ница), која би била етапна трка помеѓу овие два града. Била одржана во март, на крајот на зимата и веднаш по завршувањето на велодромската сезона (која тогаш главно се состоела од шестдневни трки); етапната шестдневна друмска трка била тогаш рекламирана како „шест дена на друмовите“. Во ова време од годината повеќето високопланински премини биле непроодни, па затоа рутата ги избегнувала Алпите и главно ја следела долината на долна Рона и единствено се искачувала на позначајни врвови во предградијата на Ница. Трката била возена седум пат помеѓу 1933 и 1939. Весниците Lyon Républicain и Marseille-Matin исто така работеле во партнерство со тие на Лежан како спонзор на трката. Во 1939, Ce Soir и Le Petit Nice биле придружени од L'Auto; следната година, трката била откажана поради Втората светска војна и не се возела до завршувањето на војната.

Ce Soir повторно ја организирал првата повоена трка во 1946; иако неговите новинари (Жорж Пању и Франсис Тербен) биле задоволни од трката, весникот го откажал своето спонзортство.

Во 1951, трката била заживеана како „Париз-Азурен Брег“ од списанието Route et Piste по налог на Жан Медечин, градоначалник на Ница, кој сакал да го рекламира Азурниот Брег. Името Париз-Ница било вратено во 1954. Во текот на овој период, неговиот статус пораснал од трка за подготовка и тренинг до настан со углед. Во 1957, Жан Лелиот, директор на трката од 1951, ја напуштил функцијата на одговорен уредник во Route et Piste и станал организатор на Париз-Ница преку компанијата Монде Сикс.

Во 1959, трката била водена како Париз-Ница-Рим, со три пласмани: еден од Париз до Ница, вториот од Ница до Рим и третиот во целост. Должината на трката (1.955 км) била критикувана и поради тоа не била повторно спроведена. Изданието од 1966 била местото на соперништво помеѓу Рајмон Пулидор и Жак Анкетил, кое ја поделило Франција. Во 1969, завршницата на трката за првпат била преместена на Кол д’Ез. Жан Лелиот умрел во 1982 и неговата ќерка Жозета го наследила него на чело на Монде Сикс.

Шон Кели од Ирска ја освоил трката во 1988 по седми последователен пат; до 2013 го држи рекордот по број на победи. Во 2000, поранешниот велосипедист Лорен Фињон ја преземал организацијата на трката од семејството Лелиот. ВО 2002 ја продал Париз-Ница на ASO (компанија која го организира и Тур де Франс).

Во 2003, трката била обележана со смртта на казахстанскиот возач Андреј Кивилев по пад на втората етапа (до Сен Етјен). Кивилев не носел кацига и умрел истата ноќ. Следниот ден, групата се согласила да ја неутрализира третата етапа, која ја возеле со бавно темпо. Тркањето продолжило на четвртата етапа, кога победил сонародникот на Кивилев Александар Винокуров (кој ја поминал целта држејќи ја неговата слика).

 
Алберто Контадор на Париз-Ница 2007

Пред неговиот почеток, изданието на трката во 2008 било обележано со проблем помеѓу организаторот на трката ASO и UCI. На 7 март, два дена пред почетокот, Пат Меквед (претседател на UCI) објавил дека екипите кои ќе учествуваат на трката ќе бидат суспендирани од UCI. Истиот ден, здружението на екипи (AIGCP) изгласало со мнозинство (15 гласа „за“ и 8 „воздржани“) да учествуваат на трката. Во меѓувреме, Арбитражниот суд за спорт (на кој се жалеле екипите) се прогласил за ненадлежен да суди во легалноста на казните кои може да бидат преземени против возачите или екипите.

Бои на маичките

уреди

Од 2008, предводникот на генералниот пласман носи жолта маичка. При создавањето на трката во 1933, водечката маичка била сина и златна (бои кои го претставувале средоземното сонце, кои останале до 1939). Во 1946, водечката маичка била зелена. Во 1951, организацијата започнала жолта маичка со портокалови точки; била променета како бела од 1955 до 2001. Во 2002, откако трката била преземена од Amaury Sport Organization, водечката маичка била жолта и бела до 2007.

Водечката маичка во бодовниот пласман била зелена од 1954 до 1984, додека од 1985 до 1996 немало бодовен пласман. До 1999 го имала истиот спонзор како жолтата маичка (Beghin-Say). Маичката била розова и виолетова во 2000 и 2001 и зелена и бела од 2002 до 2006.

Маичката за планинскиот пласман била бела со црвени точки (како таа на Тур де Франс) од преземањето на ASO во 2002. Пласманот бил воведен во 1952, а бојата на маичките била променувана неколкупати. Во текот на 1970-тите била жолта и црвена; подоцна била бела и виолетова. Во 1984 маичката станала жолта и сина (боите на спонзорот Кредит Лионе); следната година била сина. Агригел станал нејзин спонзор во 1990 и ги сменила боите во жолта и сина.

Маичката за најдобар млад возач била бела од 2007; била сина и бела од 2002 до 2006.

Места

уреди

Почетоци

уреди

До 1962, трката започнувала од Париз. Од 1963, трката започнала од најмалку 22 различни места. Најмногу започнувала од регионот Ил де Франс, вклучувајќи девет пати од Иси ле Мулино (1980, 1983, 1984 и 2002–2007) и шест пати од Фонтени су Боа (1975 и 1991–1995). Во 1982, трката започнала од Луинњ, во белгиската покраина Хено. Трката се вратила во Париз во 1986, 1987, 1989, 1990 и 2000. Четири други градови надвор од областа на Париз биле домаќини на почетокот на трката: Вилфранш сур Сон во 1988, Шатору во 1996, Невер во 2001 и Амили во 2008.

Завршници

уреди

Завршницата на последната етапа од Париз-Ница била во Ница од 1933 до 1968 (на Кејот до 1939 и на Англиското шеталиште од 1946 до 1968. Помеѓу 1968 и 1995, трката завршувала со хронометар до Кол д’Ез, освен во 1977 кога лизгањето на земјиштето го блокирало патот. На првите пет завршници до искачувањето се бореле борби помеѓу Еди Меркс и Рајмон Пулидор, Меркс ги победил првите три, додека Пулидор следните две. Пулидор поставил рекордно време од 20:04 на искачувањето во 1972. Јоп Зутемелк од Холандија го освојувал искачувањето од 1973 до 1975, исто така освојувајќи ја и целата трка во 1974 и 1975. Го повторил подвигот во 1979, една година откако успеал во тоа неговиот сонародник Гери Кнетеман. Етапата била освојувана од ирски победник девет пати во текот на 1980-тите: од 1982 до 1988 Шон Кели победил на Париз-Ница седум пати, а на Кол д’Ез пет пати, уривајќи го рекордот на Пулидор во 1986. Стивен Роуш (победник во 1981) повторно ја освоил етапата во 1985, 1987 и 1989. Четири други победници на Кол д’Ез исто така ја освоиле и трката: Тони Ромингер во 1991 и 1994, Жан-Франсоа Бернар во 1992 и Алекс Циле во 1993. Во 1995, Владислав Бобрик го поразил Лорен Жалабер.

Во 1996, завршницата била преместена на Англиското шеталиште поради малиот број на гледачи на Кол д’Ез и да се искористи можноста за добивање средства од градот Ница. Во 1996 и 1997 последната етапа била хронометар низ улиците на Ница, освоен од Крис Бордман и Вјачеслав Екимов, соодветно. Од 1998 до 2011, последната етапа била друмска етапа почнувајќи и завршувајќи во Ница. Од 1998 до 2002 етапата завршила со спринтерска завршница, кога Белгиецот Том Стелс победил двапати. Во 2003, победникот од бегството Давид Бернабеу бил дисквалификуван поради допинг-тест. Од 2005 до 2011 последната етапа била ридеста, искачувајќи се на Кол де ла Порт, Ла Турбје и Кол д’Ез. Во 2007, Алберто Контадор го освоил првото место од Давиде Ребелин со напад на Кол д’Ез. Во 2012 трката се вратила со хронометар на Кол д’Ез, освоен од Бредли Вигинс, како и победа на целата трка.

Етапи

уреди

Ница била домаќин на најмногу етапни завршници (67 во 68 изданија); само трката во 1991 не завршила во Ница. Сен Етјен бил етапен град 58 пати, без прекин во периодот од 1935 до 1939 и од 1953 до 1995. Кол д’Ез имал 29 завршници, следен од Невер (20 завршници, особено во текот на 1930-тите, 1950-тите и 1990-тите), Манделе (17 од 1979 до 1995, вклучувајќи три на Кол ду Гран Дук), Вергез (15), Кан (14), Марсеј (13), Монсо ле Мин (12 од 1960 до 1966) и Маноск (10).

Додека планините биле традиционално избегнувани во планирањето на Париз-Ница, тие имаат растечко значење во трката. Покрај Кол д’Ез (кој бил домаќин на завршниците од 1969 до 1995), бројот на планински завршници пораснал во текот на 1980-тите. Мон Фарон (воведен во 1968) бил етапна завршница во 1974, 1975, 1986–1992, 2002, 2003 и 2005, додека Мон Венту во 1984, 1986 и 1987 и Кол ду Гран Дук во Манделе од 1991 до 1993. Трката во 1986 имала три планински завршници. Мон Серен во 2008 и Лур во 2009 биле две нови планински завршници; Лур никогаш претходно не бил искачуван на некоја друга голема трка.

Победници

уреди
Година Земја Возач Екипа
1933   Белгија Шеперс, АлфонсАлфонс Шеперс Ла Франсез
1934   Белгија Ребри, ГастонГастон Ребри Алсион
1935   Франција Вито, РенеРене Вито
1936   Франција Аршамбо, МорисМорис Аршамбо Мерсие-Хатчинсон
1937   Франција Лапебје, РожеРоже Лапебје Мерсие-Хатчинсон
1938   Белгија Лови, ЖилЖил Лови Пелисие-Мерсие-Хатчинсон
1939   Франција Аршамбо, МорисМорис Аршамбо Мерсие-Хатчинсон
1946   Италија Камелини, ФермоФермо Камелини Олмо
1951   Белгија Декок, РожеРоже Декок Бертин
1952   Франција Бобе, ЛујонЛујон Бобе Стела-Хурет
1953   Франција Минш, Жан-ПјерЖан-Пјер Минш Арлижи-Хатчинсон
1954   Белгија Импанис, РајмондРајмонд Импанис Мерсие-БП-Хатчинсон
1955   Франција Бобе, ЖанЖан Бобе Л.Бобе-БП-Хатчинсон
1956   Белгија Брујн, Фред деФред де Брујн Мерсие-БП-Хатчинсон
1957   Франција Анкетил, ЖакЖак Анкетил Хелјет
1958   Белгија Брујн, Фред деФред де Брујн Карпано
1959   Франција Грачик, ЖанЖан Грачик Хелјет
1960   Белгија Импанис, РајмондРајмонд Импанис Фаема
1961   Франција Анкетил, ЖакЖак Анкетил Хелјет-Финсек
1962   Белгија Планкерт, ЈозефЈозеф Планкерт Фландрија-Фаема
1963   Франција Анкетил, ЖакЖак Анкетил Ст.Рафаел-Житан
1964   Холандија Јансен, ЈанЈан Јансен Пелфорт-Соваж
1965   Франција Анкетил, ЖакЖак Анкетил Форд-Житан
1966   Франција Анкетил, ЖакЖак Анкетил Форд-Хатчинсон
1967   Обединето Кралство Симпсон, ТомТом Симпсон Пежо-БП-Мишелин
1968   Германија Волсхол, РолфРолф Волсхол Бик
1969   Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс Фаема
1970   Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс Фаемини
1971   Белгија Меркс, ЕдиЕди Меркс Молтени
1972   Франција Пулидор, РајмондРајмонд Пулидор Жан-Мерсие-Хатчинсон
1973   Франција Пулидор, РајмондРајмонд Пулидор Жан-Мерсие-Хатчинсон
1974   Холандија Зутемелк, ЈопЈоп Зутемелк Жан-Мерсие-Хатчинсон
1975   Холандија Зутемелк, ЈопЈоп Зутемелк Жан-Мерсие-Хатчинсон
1976   Франција Лорен, МишелМишел Лорен Мико-Де Грибалди
1977   Белгија Мертенс, ФредиФреди Мертенс Фландрија-Велда
1978   Холандија Кнетеман, ГериГери Кнетеман ТИ-Рели
1979   Холандија Зутемелк, ЈопЈоп Зутемелк Мико-Мерсие
1980   Франција Дукло-Ласал, ЖилберЖилбер Дукло-Ласал Пежо-Есо-Мишелин
1981   Ирска Роуш, СтивенСтивен Роуш Пежо-Есо-Мишелин
1982   Ирска Кели, ШонШон Кели Сем-Франс Лоар
1983   Ирска Кели, ШонШон Кели Сем-Франс Лоар
1984   Ирска Кели, ШонШон Кели Скил-Сем-Рејдел
1985   Ирска Кели, ШонШон Кели Скил-Сем-Рејдел
1986   Ирска Кели, ШонШон Кели Кас-Мавик
1987   Ирска Кели, ШонШон Кели Кас
1988   Ирска Кели, ШонШон Кели Кас-Мавик
1989   Шпанија Индураин, МигуелМигуел Индураин Рејнолдс
1990   Шпанија Индураин, МигуелМигуел Индураин Банесто
1991   Швајцарија Ромингер, ТониТони Ромингер Тошиба
1992   Франција Бернар, Жан-ФрансоаЖан-Франсоа Бернар Банесто
1993   Швајцарија Циле, АлексАлекс Циле ONCE
1994   Швајцарија Ромингер, ТониТони Ромингер Мапеи-КЛАС
1995   Франција Жалабер, ЛоренЛорен Жалабер ONCE
1996   Франција Жалабер, ЛоренЛорен Жалабер ONCE
1997   Франција Жалабер, ЛоренЛорен Жалабер ONCE
1998   Белгија Ванденбрук, ФранкФранк Ванденбрук Мапеи-Брикоби
1999   Холандија Богерд, МихаелМихаел Богерд Рабобанк
2000   Германија Кледен, АндреасАндреас Кледен Тим Телеком
2001   Италија Фриго, ДариоДарио Фриго Фаса Бортоло
2002   Казахстан Винокуров, АлександарАлександар Винокуров Тим Телеком
2003   Казахстан Винокуров, АлександарАлександар Винокуров Тим Телеком
2004   Германија Јакше, ЈергЈерг Јакше Тим ЦСЦ
2005   САД Џулик, БобиБоби Џулик Тим ЦСЦ
2006   САД Лендис, ФлојдФлојд Лендис Фонак
2007   Шпанија Контадор, АлбертоАлберто Контадор Дискавери Канал
2008   Италија Ребелин, ДавидеДавиде Ребелин Геролштајнер
2009   Шпанија Санчес, Луис ЛеонЛуис Леон Санчес Кес д’Епарњ
2010   Шпанија Контадор, АлбертоАлберто Контадор Астана
2011   Германија Мартин, ТониТони Мартин ХТЦ-Хајроад
2012   Обединето Кралство Вигинс, БредлиБредли Вигинс Тим Скај
2013   Австралија Порт, РичиРичи Порт Тим Скај
2014   Колумбија Бетанкур, КарлосКарлос Бетанкур Аг2р-Ла Мондијал
2015   Австралија Порт, РичиРичи Порт Тим Скај
2016   Обединето Кралство Томас, ГерајнтГерајнт Томас Тим Скај
2017   Колумбија Енао, СерхиоСерхио Енао Тим Скај
2018   Шпанија Солер, МаркМарк Солер Мовистар Тим
2019   Колумбија Бернал, ЕганЕган Бернал Тим Скај
2020   Германија Шахман, МаксимилијанМаксимилијан Шахман Бора-Хансгрое
2021   Германија Шахман, МаксимилијанМаксимилијан Шахман Бора-Хансгрое
2022   Словенија Роглич, ПриможПримож Роглич Џамбо-Висма

Повеќекратни победници

уреди
Победи Велосипедист Изданија
7   Шон Кели 1982, 1983, 1984, 1985, 1986, 1987, 1988
5   Жак Анкетил 1957, 1961, 1963, 1965, 1966
3   Еди Меркс 1969, 1970, 1971
  Јоп Зутемелк 1974, 1975, 1979
  Лорен Жалабер 1995, 1996, 1997
2   Морис Аршамбо 1936, 1939
  Рајмонд Импанис 1954, 1960
  Фред де Брујн 1956, 1958
  Рајмонд Пулидор 1972, 1973
  Мигел Индураин 1989, 1990
  Тони Ромингер 1991, 1994
  Александар Винокуров 2002, 2003
  Алберто Контадор 2007, 2010
  Ричи Порт 2013, 2015
  Максимилијан Шахман 2020, 2021

Победи по земја

уреди
Победи Земја
21   Франција
14   Белгија
8   Ирска
6   Холандија
  Шпанија
  Германија
3   Обединето Кралство
  Италија
  Колумбија
  Швајцарија
2   Австралија
  Казахстан
  САД
1   Словенија

Надворешни врски

уреди