Западна Германија
Западна Германија (германски: Westdeutschland) — вообичаеното име за Сојузна Република Германија или СРГ (германски: Bundesrepublik Deutschland или BRD) во периодот помеѓу нејзиното основање во мај 1949 до повторното обединување на Германија на 3 октомври 1990.
Сојузна Република Германија | ||||||
Bundesrepublik Deutschland | ||||||
| ||||||
---|---|---|---|---|---|---|
| ||||||
Гесло „Einigkeit und Recht und Freiheit" „Единство и правда и слобода“ | ||||||
Химна Das Lied der Deutschen (Deutschlandlied) a Песната на Германците | ||||||
Главен град | Бон | |||||
Јазици | германски | |||||
Уредување | Сојузна парламентарна република | |||||
Претседател | ||||||
- | 1949–1959 | Теодор Хојс | ||||
- | 1959–1969 | Хајнрих Либке | ||||
- | 1969–1974 | Густав Хајнеман | ||||
- | 1974–1979 | Валтер Шел | ||||
- | 1979–1984 | Карл Карстенс | ||||
- | 1984–1990 | Рихард фон Вајцзекерb | ||||
Канцелар | ||||||
- | 1949–1963 | Конрад Аденауер | ||||
- | 1963–1966 | Лудвиг Ерхард | ||||
- | 1966–1969 | Курт Георг Кизингер | ||||
- | 1969–1974 | Вили Брант | ||||
- | 1974–1982 | Хелмут Шмит | ||||
- | 1982–1990 | Хелмут Колc | ||||
Законодавство | Бундестаг | |||||
Историски период | Студена војна | |||||
- | Основана | 23 мај 1949 | ||||
- | Повторно обединување | 3 октомври 1990 | ||||
Површина | ||||||
- | 1990 | 248577 км² | ||||
Население | ||||||
- | 1990 | 63254000 | ||||
Густина | 254.5 жит/км² | |||||
Валута | Германска маркаd (DM) | |||||
ВИД | .de | |||||
Повик. бр. | +49 | |||||
a. | Од 1952 до 1991, официјална државна химна на Германија била Deutschlandlied во целост, но само третата строфа била пеена на официјална настани.[1] | |||||
b. | Продолжил како Претседател на обединета Германија до 1994. | |||||
c. | Продолжил као Канцелар на обединета Германија до 1998. | |||||
d. | Во Сар, помеѓу јануари 1957 и јули 1959 се користел францускиот франк и франкот на Сар. |
Во текот на овој период, Западна Германија сојузник на НАТО и социјалистичката Источна Германија биле поделени со внатрегерманската граница. По 1961, Западен Берлин бил физички поделен од Источен Берлин како и Источна Германија со Берлинскиот ѕид. Оваа состојба завршила кога Источна Германија била распуштена и нејзините пет покраини се приклучиле на десетте покраини на Сојузна Република Германија заедно со повторно обединетиот град-покраина Берлин. Проширената Сојузна Република Германија со шеснаесет покраини (позната и само како „Германија“) е продолжение на Сојузната Република Германија пред 1990-тите години.
Сојузната Република Германија била основана од единаесет покраини создадени во трите окупациски зони на САД, Велика Британија и Франција („Западни зони“). Градот Бон бил нејзин провизорен главен град. Четвртата окупациска зона (Источната зона или Ostzone) припаѓача на Советскиот Сојуз. Делови на оваа зона се наоѓале источно од линијата Одра-Ниса, но тие биле припоени кон Советскиот Сојуз и комунистичка Полска; преостанатиот средиштен дел околу Берлин станал дел од комунистичката Германска Демократска Република (скратено ГДР; на германски Deutsche Demokratische Republik или DDR) и нејзиниот де факто главен град во Источен Берлин. Како последица на оваа состојба, Западна Германија ја имала само половината од територијата на предвоената демократска Вајмарска Република.
На почетокот на Студената војна, Германија (но и Европа) била поделена помеѓу Западниот и Источниот блок. Германија била де факто поделена на две држави и две специјални територии, Сар и поделениот Берлин. Сојузната Република Германија тврдела дека има право на ексклузивно право на цела Германија, сметајќи се себеси за демократски избрано продолжение на Германското Царство. Сметале дека ГДР била нелегално создадена држава. ГДР одржувала регуларни избори, но тие биле неслободни и праведни; од гледна точка на Западна Германија, ГДР била марионетска држава на Советите и со тоа нелегитимна.
Три покраини во Западна Германија се споиле во 1952 и ја создале Баден-Виртемберг, а Сар се приклучила на Сојузната Република Германија во 1957. Покрај преостанатите десет покраини, Западен Берлин бил сметан како неофицијална де факто 11. покраина. Иако, правно не бил дел од Сојузната Република Германија, бидејќи Берлин бил под контрола на Контролниот совет на сојузниците, Западен Берлин бил политички поврзан со Западна Германија и бил директно или индиректно претставен во нејзините сојузни институции.
Врските со Источниот блок се подобриле во текот на ерата на ‘Neue Ostpolitik’ околу 1970 и Западна Германија започнала да зборува за „две германски држави во рамките на една германска нација“, но формално го одржувала еклузивното право. Ја признала ГДР како де факто влада во рамките на единствената германска нација, но која сепак била претставувана само од Западна Германија. Источна Германија, како и претходно, го признала постоењето на двете германски држави де јуре и Западна Германија како де факто и де јуре странска држава. Сојузната Република Германија и ГДР се согласиле дека ниедна од нив не може да зборува во името на другата.
Создавањето на денешната влијателна позиција на Германија била постигнато во текот на економското чудо (Wirtschaftswunder) од 1950-тите, кога Западна Германија се издигнала од огромното уништување по завршувањето на Втората светска војна и станала третата најголема економија во светот. Првиот канцелар Конрад Аденауер, кому мандатот му траел до 1963, работел на потполно сојузништво со Западот наместо неутралност. Не само што осигурил членство во НАТО, туку бил и еден од предводниците на договорите од кои се развила денешната Европска Унија. Кога Г6/Г8 била основана во 1975, не се поставувало никакво прашање дали Сојузна Република Германија треба да биде член.
Со падот на комунизмот во Централна и Источна Европа во 1989, поврзувано со рушењето на Берлинскиот ѕид, се направил голем чекор кон повторното обединување на Германија. Источна Германија гласала за самораспуштање и приклучување кон Сојузната Република во 1990. Нејзините пет повоени покраини (Länder) биле обновени заедно со обединетиот Берлин, кој ставил крај на специјалниот статус и станал град-покраина. Тие формално се приклучиле на Сојузната Република на 3 октомври 1990 со што завршила поделбата на Германија. Проширената Сојузна Република ги задржала политичката култура на Западна Германија и продолжила со постоечките членства во меѓународните организации, како и нејзиното сојузништво со Западот и поврзаноста со Европската Унија и НАТО.
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
Координати: 50°44′02″N 7°05′59″E / 50.73389° СГШ; 7.09972° ИГД