Настани во април
527 | Византискиот цар Јустин I го именувал својот внук Јустинијан I за совладетел и наследник на престолот. |
1826 | Семјуел Мори го патентирал моторот со внатрешно согорување. |
1951 | Формиран е Архивот на Македонија — Ден на архивистите на Македонија. |
1976 | Стив Џобс и Стив Возњак ја го основаат претпријатието „Епл“ (Apple). |
2001 | Холандија станала првата земја во светот што го озаконила истополови бракови. |
2001 | Поранешниот претседател на Сојузна Република Југославија Слободан Милошевиќ се предал на специјалната полиција за да одговара за обвиненијата за воени злосторства пред меѓународниот трибунал во Хаг. |
2002 | Холандија станала првата земја што ја легализирала евтаназијата. |
2014 | Мануел Валс е назначен за премиер на Франција. |
1453 | Во понеделник (втор ден на Велигден) на 2 мај Мехмед II Освојувачот ја започнува Опсадата на Цариград. Градот ќе падне во рацете на Османлиите на 29 мај истата година. |
1792 | Озаконет доларот како парична единица во САД. |
1975 | Завршена е кулата „Си-ен“ во Торонто, Канада која во тоа време била највисоката градба на светот со 533,33 метри. |
1982 | Аргентина извршила инвазија на Фолкландските Острови што го означил почетокот на Фолкландската војна помеѓу Обединетото Кралство и Аргентина. Војната завршила по два и пол месеци, на 14 јуни истата година со пораз на Аргентина и повлекување од островите. |
1043 | Едвард Исповедникот е крунисан за крал на Англија. |
1789 | Прославениот војсководец Џорџ Вашингтон положи заклетва и така стана прв претседател на САД, новата држава на северноамериканскиот континент. |
1917 | Владимир Илич Ленин се вратил во Русија од прогонство и застанал на чело на Руската револуција од 1917. Пред болшевичките водачи го претставил својот реферат „За задачите на пролетаријатот во сегашната револуција“ познат и како „Априлски тези“. |
1945 | Во Скопје, со изведувањето на претставата „Платон Кречет“ од советскиот драматург Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров, а во превод на Блаже Конески, почна континуирано да работи Македонскиот народен театар. |
1948 | Претседателот на САД Хари Труман го потпишал Маршаловиот план со кој ја овластил помошта на САД од 5 милијарди долари за обновата на 16 европски земји по Втората светска војна. |
1973 | Во Њујорк, САД е воспоставен првиот телефонски повик од мобилен телефон. |
1986 | IBM го претставил новиот производ PC Convertible, првиот преносен сметач со димензии слични на денешните. |
2008 | И покрај решеноста на останатите 25 членки, Грција го спречи приклучувањето на Македонија кон НАТО, оправдувајќи го овој потег со потребата за подобрување на соседските односи со решавање на спорот со името на Македонија. |
1905 | Во Индија земјотрес во близина на Кангра однел најмалку 20.000 животи. |
1945 | Втората светска војна заврши на територијата на Унгарија, од каде што Црвената армија ги протера германските војски. |
1945 | Во Скопје излезе првиот број на весникот „Флака е влазеримит“ („Пламен на братството“), прво гласило на албански јазик во Македонија. |
1949 | Во Вашингтон, министрите за надворешни работи на САД и на 11 западноевропски држави го потпишаа Северноатлантскиот пакт (НАТО), со кој е создадена силна воено-политичка формација на западните сојузници. |
1968 | Борецот за правата на американците со африканско потекло, Мартин Лутер Кинг е убиен во Мемфис, САД. |
1969 | Во Хјустон, САД е извршена првата операција за вградување на вештачко срце во човековиот организам. Пациентот умрел по четири дена. |
1973 | Во Њујорк, САД официјално e отворен Светскиот трговски центар, целосно разурнат во терористичките напади на Ал-Каеда од 11 септември 2001 г. |
1975 | Основан „Мајкрософт“ (Microsoft) од Бил Гејтс и Пол Ален. |
1994 | Марк Андерсен и Џим Кларк го основале „Netscape“. |
1942 | Во екот на Втората светска војна Јапонија ја нападнала Шри Ланка. |
1654 | Со Вестминстерскиот мир завршила Првата англо-холандска војна. Со победата врз Холандија, Англија ја скршила холандската надмоќност на море. |
1955 | Британскиот премиер Винстон Черчил поднесе оставка на функцијата. Неговото премиерско место го наследи шефот на братанската дипломатија Ентони Идн. |
1989 | Виетнам соопшти дека до 30 септември 1989 година ќе ги повлече сите војници од Камбоџа што означи крај на меѓусебниот десетгодишен конфликт. |
1992 | Српските сили воспоставиле опсада на Сараево. Градот останал под опсада до 29 февруари 1996, што е најдолгата опсада во современата воена историја. |
1998 | Најдолгиот висечки мост на светот, Акаши-Кајкјо во Јапонија, е отворен за сообраќај. |
1999 | Властите во Либија ги предадоа двајцата Либијци осомничени дека во декември 1988 година ја предизвикале експлозијата на американскиот патнички авион „Боинг 747“ над местото Локерби во Шкотска, при што загинаа 270 лица. |
885 | Во Велиград, Велика Моравија (денешна Чешка), умрел и бил погребан Свети Методиј. |
1814 | Наполеон абдицирал и подоцна бил протеран на островот Елба, близу Италија. |
1896 | Во Атина почнале првите современи Олимписки игри кои биле организирани од страна на Французинот Пјер де Кубертен, претседател на Меѓународниот олимписки комитет од 1896 до 1925 година. На игрите кои завршиле на 14 април, учествувале 484 натпреварувачи. |
1909 | Американскиот поларен истражувач Роберт Пири (1856 - 1920) прв стигнал на Северниот Пол. Пири го испитал и најсеверниот дел на Гренланд (Пириева Земја) и напишал неколку дела за своите патувања, како што се „Најблиску до полот“, „Северниот Пол“ и „Тајните на поларните патувања“. |
1917 | САД во Првата светска војна, по вонредното заседание на Конгресот, ѝ објавиле војна на Германија. |
1941 | Нацистичка Германија без објава ги нападнала Југославија и Грција. Нападот започнал со бомбардирање на Белград, кој е речиси целосно разорен, а 12.000 луѓе го загубиле животот. |
1991 | Во Прилеп почнал Првиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. |
1994 | Започнал геноцидот во Руанда кој однел над 500.000 животи, откако е соборен авионот кој ги превезувал претседателите на Руанда Џувенал Хабјаримана и на Бурунди Циприен Нтаријамира. |
529 | Во Цариград бил издаден првиот нацрт на Јустинијановиот законик (Corpus iustis civilis) — кодификација на царските закони од II век до тогаш. |
1348 | Во Прага е основан Карловиот универзитет, прв во Средна Европа. |
1795 | Франција го усвоила метарот како основна мерка за должина. |
1906 | Вулканот Везув го уништил градот Неапол во Италија. |
1939 | Војската на Фашистичка Италија започнала инвазија врз Албанија. |
1945 | Втора светска војна: Американските авиони го потопија најголемиот јапонски воен брод „Јамато“. |
1948 | Во рамки на Обединетите Нации, основана е Светската здравствена организација. |
1953 | Даг Хамаршелд, шведски дипломат, е избран за генерален секретар на Обединетите нации. |
1963 | Усвоен е новиот устав на Југославија, со кој таа се преименувала во Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ), а Јосип Броз Тито е прогласен за доживотен претседател. |
2005 | Пакистан и Индија ја утврдиле граничната линија во областа Кашмир. |
2012 | Џојс Банда станала првата жена-претседател на Малави. |
1513 | Шпанскиот истражувач Хуан Понсе де Леон ја открил Флорида и ја прогласил за шпански посед. Во 1819. Шпанија ја продала Флорида на САД за 5 милиони УСД и ветување дека ќе се откажат од претензии кон Тексас. |
1820 | Милоска Венера е откриена на островот Милос во Грција и станала првостепена атракција кога била изложена во Лувр во Франција, иако некои не ја делеле воодушевеноста, на пример Пјер Огист Реноар рекол дека „потсетува на голем џандар“. |
1904 | Франција и Обединетото Кралство потпишале „Срдечен сојуз“, предвесник на Антантата која била воен сојуз во текот на Првата светска војна и Втората светска војна, и крај на долговековните војни помеѓу двете земји. |
1942 | Во Битола бугарската полиција го смртно е повреден членот на месниот комитет на КПЈ Јордан Чопела. Следниот ден умира. |
1971 | Во Лондон почна Првиот конгрес на Ромите кој траеше до 11 април. По тој повод Организацијата на обединетите нации го прогласи 8 април за Светски ден на Ромите. |
1993 | Со акламација во Генералното собрание на ОН, Република Македонија е примена како 181 рамноправна членка на Организацијата на обединетите нации под името „Поранешна Југословенска Република Македонија“. |
1995 | Република Македонија и Сојузна Република Југославија воспоставиле дипломатски односи. |
1387 | Османлискиот султан Мурат I го освоил Солун. |
1682 | Роберт Кавалие де Ла Сал го открил устието на реката Мисисипи, го прогласил за француска територија, и го нарекол по својот крал — Луизијана. |
1865 | Воениот водач на Конфедерацијата генерал Роберт Ли се предал заедно со своите војски на силите на Унијата (САД) со што завршила Граѓанската војна во САД. |
1867 | Сенатот на САД со еден глас мнозинство го ратификувал договорот за купување на Алјаска од Царска Русија за 7.200.000 УСД, или околу 4,75 центи за хектар. |
1873 | Од Солун во Велес пристигна првиот воз. Поради тоа, 9 април е прогласен за Ден на македонските железничари. |
1909 | Турски офицери на импровизираното игралиште на полјанката зад некогашната Учителска школа во населбата Ислахане (Идадија) во Скопје го одиграа првиот натпревар меѓу себе. Овој датум е прогласен за Ден на македонскиот фудбал. |
1928 | Како дел од реформите кои ги започнал Ататурк, исламот престанал да биде државна религија во Турција. |
1967 | Првиот лет на Боинг 737. |
2003 | Багдад и Ирак биле освоени од коалиционите сили предводени од САД. |
1915 | Патувајќи од Мелник за Неврокоп, во близина на Роженскиот манастир, Јане Сандански бил убиен од врховистички наемници. |
1948 | Започна изградбата на ХС „Маврово“. |
1953 | Шведскиот дипломат Даг Хамаршелд, е избран за втор по ред генерален секретар на Организација на обединетите нации. Роден е во 1905 година, а загинал во авионска несреќа во Катанга, во 1961 година. |
1713 | Потпишан е Утрешкиот мировен договор како финале на тринаесетгодишната Војна за шпанското наследство помеѓу речиси сите поголеми Европски сили од XVIII век. |
1919 | На Мировната конференција во Париз е формирана Меѓународната организација на трудот. |
1921 | Првиот спортски радиопренос. Се пренесувал боксерски меч помеѓу Џони Реј и Џони Данди во САД. |
1945 | Втора светска војна: Американските војници го ослободија нацистичкиот концентрационен логор Бухенвалд. |
1964 | Фриц Фрелинг и Дејвид Депати ја лансирале серијата цртани филмови со Пинк Пантер и истата година освоиле Оскар за кус анимиран филм. |
1991 | Советот за безбедност на ОН го објави формалниот крај на Заливската војна, прифаќајќи го ветувањето од страна на властите во Ирак дека ќе платат за штетите од војната и ќе го уништат оружјето за масовно уништување. |
1992 | Регистриран е Македонскиот олимписки комитет (МОК), формиран на 20 март истата година. За прв претседател е избран д-р Васил Тупурковски. |
1995 | Во Скопје е формирано Здружението за примена на македонскиот литературен јазик во службената и јавната комуникација. |
467 | Антемиј станал римски цар. |
1204 | Крстоносците го освоиле и опустошиле Цариград. |
1557 | Бил основан градот Куенка во денешен Еквадор. |
1606 | Создадено официјално знамето на Обединетото Кралство. |
1633 | Започнува процесот на инквизиција против Галилео Галилеј. |
1861 | Започнала Американската граѓанска војна со нападот на силите на Конфедерацијата на Форт Сумтер во Јужна Каролина. |
1877 | Обединетото Кралство ја припоило Јужна Африка. |
1917 | Прва светска војна: Канада победила во Битката кај Вими против Германија. |
1945 | Дотогашниот потпретседател Хари Труман станал претседател на САД, откако претседателот Франклин Рузвелт починал додека бил на функција. |
1961 | СССР го лансирале во орбита околу Земјата вселенскиот брод „Восток 1“ во кој се наоѓал првиот човек во вселената: 27-годишниот космонаут Јуриј Алексеевич Гагарин. |
1966 | Американските авиони првпат ја бомбардираа територијата на ДР Виетнам, со што почна ескалацијата на војната во Индокина. |
1981 | Првиот лет на првото повеќекратно употребливо и пилотирано вселенско летало „Колумбија“ на НАСА. |
1992 | Отворен е забавниот парк „Дизниленд Париз“ — прв во Европа. |
1898 | Француската академија на науките објави дека Марија Склодовска - Кири, хемичар и физичар од полско потекло откри нов елемент кој го доби името радиум. |
1913 | Општинскиот театар во Битола ја одржал првата кинопретстава. Прикажана е премиерата на филмот „Градинарот Лаврициус“. |
1943 | Германците објавиле дека во окупираниот дел на Русија, во Катинската шума нашле масовни гробници со повеќе од 4.000 поранешни полски воени заробеници кои силите на СССР претходно ги заробиле по нападот на Полска во 1939-40 г. Откритието ги нарушило односите меѓу СССР и другите сојузници во Втората светска војна. Русија го признала масакрот дури во 1990 г. |
1970 | Експлодирал еден од двата резервоари со кислород во вселенското летало „Аполо 13“ и екипажот бил во смртна опасност сѐ до враќањето на Земјата четири дена подоцна. |
1865 | Во театарот „Форд“ во Вашингтон, Џон Вилкс Бут го застрелал претседателот на САД Абрахам Линколн. |
1894 | Во Њујорк е претставен кинетоскопот на Едисон, апарат за гледање на подвижни слики — претходник на филмот. |
1912 | Британскиот патнички пароброд „Титаник“ на своето прво патување преку Атлантикот кон Њујорк, удрил во санта мраз во Северниот Атлантик и потонал следното утро при што загинале 1503 луѓе. |
1915 | Турција извршила инвазија на Ерменија. Политичките обвинувања за тоа дека Турција извршила геноцид врз десетици илјади лица во Ерменија постојат и денес. |
1941 | Усташите се задолжени за управувањето со Независната Држава Хрватска од Силите на оската по инвазијата врз Југославија од 6 април истата година. |
1992 | Во гарнизонот во Охрид пристигнал првиот регрут на Армијата на Република Македонија. |
1994 | Цариниците во Република Македонија за првпат го одбележаа својот празник — Ден на Царинската служба на Република Македонија. |
1995 | Република Македонија и Големата Социјалистичка Либиска Народна Џамахирија воспоставиле дипломатски односи. |
1912 | По судирот во санта мраз нешто пред полноќ претходниот ден, потона прекуатланскиот брод Титаник. 1517 лица го загубија животот. |
1923 | Инсулинот станува општо достапен за болните од шеќерна болест. |
1955 | Во државата Илиноис во САД е отворен првиот ресторан „Мекдоналдс“. |
1992 | Во касарните во Скопје, Битола, Штип и Охрид пристигнаа првите регрути од регуларниот состав на Армијата на Република Македонија. |
1994 | Потпишан е општиот договор за трговија и царински тарифи ГАТТ. |
1945 | Формирана е првата македонска влада на чело со Лазар Колишевски |
1991 | Собранието на Социјалистичка Република Македонија го усвои нацрт-амандманот за бришење на атрибутот „Социјалистичка“ пред името на Социјалистичка Република Македонија. |
2007 | Во Хаг започна судскиот процес против поранешниот македонски министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски за наводни воени злостроства во конфликтот во 2001. Покрај Бошкоски обвинет е и Јохан Тарчуловски. |
2007 | Во Блексбург, Вирџинија, вооружен студент убил 32 колеги и професори од факултетот и ранил уште 20, пред да се самоубие. Еден од најсмртоносните инциденти од овој вид. |
1492 | Изабела I Кастиљска и Кристофер Колумбо склучиле договор за неговото патување до Азија преку Атлантикот. |
1941 | Кралството Југославија капитулирало пред нападот на Силите на Оската во Втората светска војна. |
1946 | Последните француски војници ја напуштиле Сирија, која стекнала независност. |
1961 | Инвазија во Заливот на Свињите: 1.511 кубански бегалци во САД, обучени и финансирани од ЦИА, се истовариле во Заливот на Свињите на Куба со цел да го соборат Фидел Кастро. |
1969 | Александар Дубчек поднесол оставка на функцијата шеф на Комунистичката партија на Чехословачка. |
1970 | Тешко оштетениот модул на ракетата „Аполо 13“ безбедно се вратил на Земјата со тричлениот екипаж. |
1971 | Излегол првиот соло-албум на Пол Мекартни „McCartney“. |
1975 | Војската на Црвените Кмери го зазеле Пном Пен. |
1977 | Жените во Лихтенштајн добиле право да гласаат на изборите. |
1506 | Осветени се темелите на денешната базилика „Св. Петар“ во Рим. |
1941 | Втора светска војна: Со одбрение на Германија, единиците на Петтата бугарска армија, со Шестата и со Седмата пешадиска дивизија, ја започнаа воената окупација на Македонија. |
1942 | Втора светска војна: Американското воздухопловство првпат го бомбардира Токио. |
1951 | Во Париз, Белгија, Западна Германија, Италија, Луксембург, Холандија и Франција потпишаа Договор за создавање Европска заедница за јаглен и челик. |
1954 | Гамал Абдел Насер станал премиер и воен управник на Египет. |
1955 | Во индонезискиот град Бандунг започна афроазиска конференција на 29 земји, на која се потврдени принципите на деколонизација и создавање на „третиот свет“. |
1980 | Јужна Родезија под името Зимбабве стана 50-та независна држава во Африка. За прв претседател е избран Ханан Банана. |
1991 | Со победата против „Барселона“ со резултат 70:65, југословенската екипа „Поп '84“ од Сплит по третпат едноподруго станала европски првак во кошарка. |
1994 | Странските хуманитарни организации соопштија дека етничките масакри на припадниците на племињата Хуту и Тутси, за време на кои се убиени околу милион лица, ја зафатиле целата територија на Руанда. |
1996 | Република Македонија и Република Руанда воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасади. |
1587 | Англискиот адмирал Френсис Дрејк ја потопува шпанската флота кај Кадис. |
1775 | Во Масачусетс, започнува американската војна за независност од Велика Британија. |
1839 | Со Лондонскиот договор, се формира Кралството Белгија, а потврдена е и независноста на Големото Војводство Луксембург. |
1909 | Јованка Орлеанка е прогласена за светица. |
1943 | Втора светска војна: Започнува неуспешно востание против нацистичката окупација во варшавското гето. |
1945 | Втора светска војна: Американските војници го зазедоа германскиот град Лајпциг. |
1956 | Склучен е бракот помеѓу американската глумица Грејс Кели и моначкиот кнез Рение III. |
1961 | Американската инвазија на Заливот на Свињите, во Куба, завршува со неуспех. |
1971 | СССР ја лансира вселенската станица „Саљут“ во орбитата околу Земјата. |
1993 | Кралството Холандија ја призна независноста на Република Македонија. |
1995 | Бомбардирана е федералната зграда на Оклахома Сити (Оклахома, САД). 168 мртви. |
1997 | Демократската и Либералната партија се обединија формирајќи ја Либерално-демократската партија. |
1999 | Германското собрание се враќа во Берлин. |
2000 | Боинг 737 на Air Phillipines се урива на аеродромот во Давао, убивајќи 131 лице. |
2005 | Јозеф Рацингер е избран за папа Бенедикт XVI. |
2019 | Мигел Дијас-Канел станува претседател на Куба. |
1972 | Американското вселенско летало „Аполо 16“ се спушти на површината на Месечината. |
1991 | На 11-от Конгрес на СКМ - Партија за демократска преобразба е формиран Социјалдемократскиот сојуз на Македонија |
1999 | Во округот Џеферсон, Колорадо е извршен масакр во средното училиште „Колумбина“ |
753 п.н.е. | Според преданието, Ромул и Рем го основале градот Рим. |
1836 | Војската на Тексас под водство на Сем Хјустон ги победила мексиканските сили на генералот Антонио Лопес де Санта Ана во решавачката битка на Тексашката револуција. |
1944 | Жените во Франција добиле право на глас. |
1918 | Прва светска војна — германскиот воен пилот Манфред фон Рихтхофен познат како Црвениот Барон е погоден и убиен во небесна битка над Во на Сома, Франција. |
1946 | Во Скопје е изведена првата премиера на Куклената секција при Македонскиот народен театар. Тоа била претставата „Силјан Штркот“, според истоимената народна приказна. |
1956 | Елвис Присли за првпат се искачил на првото место на топ-листите. |
1967 | Неколку дена пред општите избори во Грција, полковникот Јоргос Пападопулос спровел државен преврат со кој воспоставил воен режим во земјата кој траел следните седум години. |
1994 | Во населбата Драчево, кај Скопје е предадена во употреба земската сателитска станица за директна телекомуникациона врска меѓу Република Македонија и САД. |
2001 | Во Јужна Африка се одржала борбата меѓу актуелниот првак Ленокс Луис и предизвикувачот Хасим Рахман. Рахман победил со нокаут во петтата рунда, со што станал светски првак во бокс, во тешка категорија, во верзиите на WBC, IBF и IBO. |
1500 | Португалскиот морепловец Педро Кабрал стигнал до Бразил и го прогласил за португалски посед. Ова се празнува како Ден на откривањето на Бразил. |
1920 | Стапија во штрајк поштарите во Македонија — Ден на поштарско-телеграфските работници на Македонија. |
1964 | Тангањика и Занзибар се обединиле во заедничка држава — Танзанија. |
1970 | Почнал да се празнува Денот на планетата земја. |
2007 | Ѓорѓи Трендафилов е избран за претседател на ВМРО-Народна партија |
1972 | Во Скопје е поставен камен-темелник на Соборниот архиепископски храм на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“, кој е осветен на 12 август 1990 година. |
1982 | Пуштен е во продажба Зет-Икс Спектрум. |
1996 | УНЕСКО го промовира Светскиот ден на книгата, по повод годишнината од смртта на Сервантес, Шекспир и Де Ла Вега |
1184 п.н.е. | Според преданието, Данајците навлегле во опсадената Троја преку групата скриена во подарениот Тројанскиот коњ. Оттука поговорката: „Не им верувај на Данајците ни дарови кога носат“. |
1854 | Врховниот суд на САД донел пресуда дека патентот за машина за шиење му припаѓа на механичарот Елиас Хау. Тој ја конструирал машината за шиење и во потрага за покровител отишол во Англија, каде директорот на патувачкиот театар „Сингер“ и други луѓе го измамиле и почнале да ја произведуваат познатата „сингерка“. Своето право на патентот, Хау го добил по судски пат и секојдневно примал по 4.000 долари за лиценцата. |
1877 | Царот на Русија Александар II му објавил војна на Османлиското царство, бидејќи одбило да го почитува Лондонскиот договор. Војната завршила во декември, кога британската флота ја принудила руската војска да се повлече. |
1898 | Шпанија ѝ објавила војна на САД по американскиот ултиматум за повлекување на шпанската војска од Куба. |
1945 | Втора светска војна: Американската војска го ослободила концентрациониот логор „Дахау“. |
1949 | Во Скопје се одржало првото Универзитетско собрание во Македонија при што е формиран Скопскиот универзитет. Во 1969 година, при одбележувањето на 20-годишнината од работата, Универзитетот го добил името „Кирил и Методиј“, а од 12 ноември 1992 година се вика „Св. Кирил и Методиј“. |
1970 | Лансиран е првиот кинески вештачки сателит. |
1995 | Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување дипломатски односи меѓу Република Македонија и Република Полска на амбасадорско ниво. |
1191 | Започнало зографирањето на црквата „Свети Ѓорѓи“ во селото Курбиново, Ресенско. |
1719 | Излегол романот „Робинзон Крусо“ на англискиот писател Даниел Дефо. |
1859 | Според проектот на францускиот конзул во Александрија Фердинанд де Лесепс, започна изградбата на Суецкиот Канал, со кој Средоземното Море е поврзано со Црвеното Море. Каналот има големо стратешко и економско значење, затоа што е најкраток пловен пат од Европа до земјите на Блискиот и Далечниот Исток. |
1959 | Пловниот пат Сент Лоренс, кој ги поврзува Големите Езера преку реката Сент Лоренс и систем од канали со Атлантскиот Океан е отворен за пловидба. |
1945 | Во Сан Франциско, САД, почна основачката конференција на Организацијата на Обединетите нации, во чија работа учествуваа 45 земји, членки на антихитлеровската коалиција. Право на учество имаа земјите кои до 1 март 1945 година им објавија војна на силите на Оската. Учесниците на конференцијата ја потпишаа Повелбата на ООН на 20 јуни, а ја ратификуваа на 24 октомври 1945 година (Ден на ООН). |
1960 | Во Битола е основано Друштво за наука и уметност. Друштвото е основано со цел да го потикнува развојот на научната мисла, да го проучува минатото, да извршува истражување и унапредување на сите области во развојот на градот и околината. |
1979 | Во Битола е основан вториот универзитет во СР Македонија, „Свети Климент Охридски“. |
1996 | Република Македонија и Хондурас воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасади. |
1962 | Во Кејп Канаверал, во САД е лансиран првиот меѓународен сателит за телекомуникациски цели, заеднички американско-британски потфат. |
1964 | Со обединувањето на Тангањика и Занзибар е прогласена Обединетата Република Танзанија. |
1986 | Катастрофа во атомската централа Чернобил, СССР. 57 луѓе загинале во несреќата, уште околу 9.000 илјади од директни последици на зрачењето, а 336.000 лица биле евакуирани и раселени од околината на Чернобил. |
1992 | Владата на Република Македонија донесе одлука за признавање на Република Босна и Херцеговина. |
1992 | Република Македонија монетарно се осамостои. Новата македонска валута доби име „денар“. |
1993 | Република Албанија ја призна независноста на Република Македонија. |
1521 | На својот пат околу светот, кај Мактан на Филипините, убиен е Фернандо Магелан во борба со домородците предводени од главатарот Лапу-Лапу. Дел од експедицијата го продолжува и успешно го завршува патувањето во 1522. година. |
1810 | Бетовен ја искомпонирал „За Елиза“. |
1905 | Кај месноста Свиланово, во близина на селото Рајчани, кочанско, во борба против османлиската војска загина Никола Карев — македонски револуционер, социјалист, организатор и претседател на Крушевската Република од 1903 година. |
1960 | Прогласена е независноста на африканската држава Того, поранешна француска колонија. |
1961 | Прогласена е независноста на Сиера Леоне, поранешна британска колонија во Африка. |
1992 | По распадот на СФРЈ, Србија и Црна Гора ја формирале Сојузна Република Југославија. |
1993 | Еритреја стекна независност од Етиопија по три децении граѓанска војна и референдум на кој Еритрејците гласаа за независност. |
1993 | Претставници на Кина и Тајван, за првпат од 1949 година, се сретнаа во Сингапур. |
518 | Катастрофален земјотрес го разрушил Скупи, претходникот на денешно Скопје. |
1945 | Бенито Мусолини и неговата љубовница Клара Петаки се погубени од стрелачки вод составен од членови на италијанското движење на отпорот. |
1964 | Излегло првото издание на „Битолски весник“. |
1969 | Претседателот на Франција, Шарл де Гол поднесе оставка на функцијата по 11 години владеење. Тој се повлече од функцијата по референдумот за регионализација на државата и укинување на Сенатот, на кој, мнозинство од гласачите се изјаснија против неговите идеи. |
1980 | Американскиот државен секретар Сајрус Венс поднесе оставка на функцијата по неуспешната мисија на командосите за спасување на американските заложници во Иран. |
2001 | Кај Вејце, Тетовско, на ѕверски начин се масакрирани 8 припадници на македонските безбедносни сили од страна на припадници на т.н. ОНА. Настанот се смета за едно од најголемите ѕверства во поновата македонска историја. |
2001 | Милионерот Денис Тито станал првиот вселенски турист во светот. Платил 20 милиони УСД за да лета на Руската ракета Сојуз ТМ-32 и минал скоро 8 дена во вселената. |
2004 | Кандидадот на СДСМ Бранко Црвенковски е избран за Претседател на Република Македонија со убедлива победа против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Сашко Кедев. |
1429 | Јованка Орлеанка на чело на неколку стотици Французи ги победила англиските освојувачи и го зазела градот Орлеан. |
1672 | Кралот Луј XIV извршил инвазија на Холандија. |
1861 | По предлог на епископот Јосип Јурај Штросмајер, Собранието на Хрватска донело одлука за основање на Југословенска академија на науките и уметностите како матична културно-научна установа на сите Јужни Словени. |
1945 | Втора светска војна: германските окупациски сили во Италија безусловно капитулирале пред Сојузниците. |
1968 | Мјузиклот „Коса“ — претставително дело на хипи-движењето и пацифизмот бил премиерно прикажан на Бродвеј во Њујорк, САД. |
1997 | Во Луксембург, Република Македонија и Европската унија ја потпишале спогодбата за соработка. |
1999 | При бомбардирањето на НАТО на СР Југославија била урната највисоката зграда во земјата — телевизиската кула (203 м) на планината Авала, близу Белград. |
2005 | Сирија целосно се повлекла од Либан, окончувајќи ја 29-годишната окупација. |
2011 | Британскиот принц Вилијам се венчал со неговата долгогодишна девојка Кејт Мидлтон. |
1900 | Хаваи станале составен дел на САД. |
1916 | Летното сметање на времето за првпат во светот се применува во Обединетото Кралство. |
1944 | Во селото Стајовце, Кумановско, проширениот Иницијативен одбор за свикување на АСНОМ го одржа првото заседание. |
1975 | Американците го напуштија Сајгон, со што заврши 20-годишната интервенција на САД во Јужен Виетнам. |
1992 | Во Скопје, редакцијата на весникот „Нова Македонија“ и новинската агенцијата Франс-Прес од Париз, потпишаа долгогодишен договор со кој весникот се вклучува во користењето на општите услуги на агенцијата. |
2013 | Крунисан холандскиот крал Вилем-Александар, по абдикацијата на неговата мајка, кралицата Беатриса. |