Вселенска станица
Вселенска станица — вештачка структура предвидена за луѓе да живеат во вселената. До сега се правени само станици во нискоземска орбита, познати како орбитални станици. Вселенска станица се разликува од другите вселенски летала со екипаж по тоа што нема голем погон или оддели за слетување. За транспорт од и до вселенските станици се користат други летала. Вселенските станици се дизајнирани за среден период на живот во орбитата, најчесто во периоди од недели, месеци, а некои дури и години. Во моментот единствената активна е Меѓународната вселенска станица. Пред неа, тука се „Алмаз“, „Саљут“, „Скајлаб“ и „Мир“.
Вселенските станици од 2007 година се користат за проучување на ефектите на долг престој во вселената врз човечкото тело, како и за овозможување платформи за поголем број на подолги научни истражувања.
Цели
уредиВселенските станици се користени за воени и цивилни цели. Последната воена вселенска станица е Саљут-5, која е користена од програмата „Алмаз“ на Советскиот Сојуз во 1976 и 1977[1]
Типови на вселенски станици
уредиПостојат два типа на вселенски станици: монолитски, и модуларни
Монолитски
уредиПоранешните станици, како Скајлаб и Саљут, се т.н. монолитски вселенски станици. Тие се планирани да се конструирани и лансирани во еден дел, и потоа населени со човечки екипаж. Како такви, тие воглавно сите намирници и експерименталната опрема ги носеле со себе за време лансирањето. Кога сето тоа ќе се потроши, истите биле напуштани.
Почнувајќи со Саљут-6 и Саљут-7, може да се забележи промена промена; на нив се додадени две пристаништа кои овозможувале посета од друг екипаж, кои ќе дојдат со друго летало до нив. Со ова е овозможено станицата постојано да е населена. Скајлаб исто така е опремен со пристаниште, но нивната порта никогаш не беше искористена.
Модуларни
уредиВо втората група спаѓаат Мир и МВС. Кај нив, најпрвин беше лансиран главниот дел, а подоцна додатни модули, главно со специфична улога, се додададени на него. Овој метод е пофлексибилен во смисла на оперирање, а и ја отстранува потребата од лансирно возило со огромна моќ.
На 28 март 2015 година, од космодромот во Казахстан била лансирана ракетата која во Меѓународната вселенска станица ги однела космунаутите Михаил Корнјенко од Русија и Скот Кели од САД, со цел да престојуваат таму една година. Целта на мисијата била проучување на ефектите на долгиот престој во вселената врз организмот на човекот.[2]
Проблеми со населивост
уредиОвие станици имаат различни проблеми кои го намалуваат времето на населивост, како што се слабата способност за рециклирање, релативно високото зрачење, и, недостатокот од гравитација, Некои од овие пробеми ствараат нелагода и долготрајни ефекти по здравјето. Во случај на сончеви бури, сегашните живеалишта се заштитени од магнетното поле на Земјата, и се под Ван Аленовиот појас
Идните живеалишта во вселената можеби ќе се обидат да ги решат овие проблеми, и со тоа ќе се спремни за долготрајно населување. Некои дизајни можат дури да вдомат голем број на луѓе, со што би се формирале градови во вселената. Досега вакви дизајни не се конструирани, бидејќи дури и за лансирање на мали станици, потрушувачката засега не е ниту економски, ниту политички поддржана.
Архитектура
уредиЕдна вселенска станица претставува комплексен систем со многу меѓусебно поврзани подсистеми:
- Структура,
- Електрична енергија,
- Контрола на температурата,
- Контрола на висината,
- Орбитално наведување и погон,
- Автоматизација и роботика,
- Сметање и општење,
- Одржување на живот,
- Оддели за екипаж,
- Превоз на екипаж и товар.
Цитати
уреди- ↑ # ^ Russian Space Stations (wikisource)
- ↑ „Почнува најдолгата мисија на престој во вселената“, Дневник, година XIX, број 5727, петок, 27 март 2015, стр. 25.