Свиланово — месност којашто се наоѓа на околу 2 км југоисточно од с. Рајчани, односно на средината во триаголникот кој го сочинуваат селата Бања, Спанчево и Рајчани (Кочанско).

Спомен парк посветен на Карев кај Свиланово
Новото спомен обележје на Карев
Поранешното спомен обележје на Карев кај Свиланово

На враќањето од Бугарија на пат кон Крушево, Никола Карев ја пренокил ноќта во с. Рајчани на 26 април 1905 година. Со Никола Карев бил уште еден војвода и еден врховист. Цела ноќ воделе разговор во кој било очигледно дека не се согласуваат со врховистот по што тој го напуштил с. Рајчани и се упатил кон Кочани. По се изгледа дека овој врховист извршил предавство.

Утредента, на 27 април 1905 година, Никола Карев и неговата чета биле нападнати од турскиот аскер од Кочани, с. Бања и од другите околни села. Четата на Никола Карев со борба се повлекла на југоисток кај месноста Свиланово каде била сардисана од турскиот аскер. Тука четата се утврдила во едно трло и ја отпочнала последната нејзина борба. По нерамноправна борба на 27 април 1905 г., кога Карев видел дека нема излез од обрачот им кажал на своите соборци дека не смеат живи да се предадат на Турците. Само еден борец на Никола Карев успеал да го пробие обрачот и да побегне, а останатите го положиле животот на ова место.[1]

Извори

уреди
  1. „Никола Карев“. Архивирано од изворникот на 2011-06-11. Посетено на 2009-11-21.