Хуан Понсе де Леон
Хуан Понсе де Леон (1460 Сенерва де Кампо – јули 1521) бил кастилски конквистадор и истражувач. Како млад човек, тој учествувал во војната за Гранада во 1492, што било последното мавританско упориште на Пиринејскиот Полуостров. Не се знае со сигурност дали пристигнал во Америка за првпат со Колумбо во 1493 (второ патување) или со Овандо во 1502.

Во секој случај, тој учествувал во освојувањето на Хисопањол (сега Санто Доминго во Доминиканската Република), и го водел освојувањето на блискиот Сан Хуан или Борикен (денешен Порторико) (1508), Подоцна станал гувернер (1510) и покрај противењето на Диего Колумба.
Прво патување во Америка
уредиСе претпоставува дека Хуан првпат стигнал на американскаото тло во градот Кокборн Таун на островите Туркс и Каикос, а потоа се населил во Хиспанија. Помогнал да се освои источна Хиспанија (денес Доминиканската Република) за што добил титула гувернер на речиси воспоставената покраина Хигуеј. Во меѓувреме, слушал приказни за богатството на Борикен (сега Порторико), па затоа се охрабрил и побарал и доби дозвола да оди таму.
Во 1508 година, Понсе де Леон ја изградил првата населба во Порторико, наречена Капара. Поглаварот на Таинците, Агавејбана, го примил со широко отворени раце, за да Понсе наскоро ја воспостави моќта на целиот остров, што го направило гувернер на Порторико во 1509 година. Шпанците ги принудувале локалните Индијанци да работат во рудници, но многумина од нив починале од тешка работа, од заразните болести донесени од констидодорите од Европа и на кои Индијците не биле имуни. Понсе де Леон, сепак, се збогатил додека бил гувернер.
Губење на позицијата на гувернер
уредиПо смртта на Кристофер Колумбо во 1506 година, кој бил именуван за доживотен воен водач на новооткриените земји во Новиот Свет, оваа привилегија не му била доделена на неговиот син, Диего Колумбо, а Понсе де Леон веќе бил назначен за гувернер и колонизатор на Порторико. Диего Колумбо го довел случајот до Врховниот суд во Мадрид, каде што добил судска наредба. Понсе де Леон бил лишен од функцијата гувернер во 1512 година, бидејќи Хуан чувствувал дека е под чест да му служи на Диего Колумбо, тој побарал право да ги истражува земјите северно од Куба.
Изворот на младоста
уредиЗа Хуан Понсе де Леон е врзан голем мит за изворот на младоста,[1] кој Хуан, наводно, го барал во Флорида. Всушност, Хуан побарал повторно раѓање преку слава, признание и богатство, а не буквално физичко подмладување. Имено, Индијанците од Порторико разговарале со Шпанците за богатата земја северно од Бимини (островите Бахами), каде што Понсе де Леон барал злато, робови и нови земјишта над кои ќе ја има администрацијата во име на шпанската круна. Овој мит првпат бил споменат во мемоарите на Ернандо де Ескаланте Фонтанада во 1560 година. Овој мит исто така постои во хронолошката книга на Антонио де Хереро Тордесилас, Општа историја на кастилското искуство, кој зборува за искуствата на Шпанците во американските колонии од 1492 до 1554 година.
Откритието на Флорида
уредиВо 1513 година Понсе де Леон направил експедиција со три брода на свој трошок. Првиот пат го видел островот на 27 март 1513 година, сепак, продолжил да плови. На 2 април, тој дошол на копно во североисточниот дел на денешната држава Флорида, прогласена за шпанската територија во име на шпанските кралеви.
Постојат две можни причини зошто полуостровот бил наречен Флорида - првиот се должи на бујна вегетација и огромното количество на цвеќе (флорал на шпански значи цветни), а другата е затоа што пристигнал таму на шпанскиот празник Пасква Флорида Велигден, официјален празник на Флорида.
Понсе де Леон продолжил со пловење јужно од брегот на Флорида и ги одбележал на карта брегот и реката на која наишол. Стигнал до Флорида Кис, а потоа отпловил на западниот брег на Флорида до Кејп Романо. Се вратил во Хавана, а потоа повторно се вратил во Флорида, направил пауза во заливот Бискејн и потоа се вратил во Порторико.
Понсе де Леон можеби не бил првиот Европеец кој стигнал до Флорида. Тој нашол домородци кои зборувале шпански.
Враќање во Шпанија
уредиВо 1514 година Понсе де Леон се вратил во Шпанија, каде што бил назначен за освојување на Карипскиот остров Гваделуп и колонизирање на Флорида. Експедицијата во Гваделуп во 1515 година не успеала, а Понсе Леон се вратил во Порторико, каде што останал до 1521 година.
Последен пат за Флорида
уредиВо 1521 година, Хуан Понсе де Леон организирал експедиција на Флорида (колонијата) со два брода и 200 луѓе, вклучувајќи свештеници, селани, добиток (меѓу другото и 50 коњи) и алатки. Експедицијата пристигнала на југозападниот брег на Флорида. Притоа, Понсе де Леон бил отруен и застрелан во рамото. Колонистите се вратиле во Хавана, каде Понсе де Леон починал од труење. Неговиот гроб сега се наоѓа во катедралата во Стариот Сан Хуан во Порторико.
Наводи
уреди- ↑ Armstrong & Chmielewski 2013, стр. 38.