Сиера Леоне (англиски: Sierra Leone), или официјално Република Сиера Леоне (англиски: Republic of Sierra Leone) — држава во Западна Африка. Сиера Леоне се граничи со Гвинеја на североисток, Либерија на југоисток, а на југозапад излегува на Атлантскиот Океан. Сиера Леоне е уставна република, каде на непосредни избори се избира ценстралната и локалната власт. Сиера Леоне има тропска клима со разновидни земјишни облици, од савани до прашуми. Државата има вкупна површина од 71.740 км2[4] со проценето население од околу 6 милиони (2011).[5][6] Главен и најголем град во државата е Фритаун.

Република Сиера Леоне
Republic of Sierra Leone  (англиски)
Знаме Грб
ГеслоUnity, Freedom, Justice  (англиски)
"Единство, Слобода, Правда"
Химна

Местоположбата на  Сиера Леоне  (темносина) – во Африка  (светлосина и темносива) – во Африканска Унија  (светлосина)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Сиера Леоне  (темносина)

– во Африка  (светлосина и темносива)
– во Африканска Унија  (светлосина)  —  [Легенда]

Местоположбата на  Сиера Леоне  (темносина)

– во Африка  (светлосина и темносива)
– во Африканска Унија  (светлосина)  —  [Легенда]

Главен град
(и најголем)
Фритаун
08°30′N 12°06′W / 8.500° СГШ; 12.100° ЗГД / 8.500; -12.100
Службен јазик англиски
Национални јазици
Народности (2008)
Демоним Сиералеонец
Уредување претседателска уставна република
 •  Претседател Ернест Бај Корома
 •  Потпретседател Самуел Сам-Сумана
Законодавство Парламент
Независност од Обединетото Кралство 
 •  Доминион 27 април 1961 
 •  Објавување 19 април 1971 
Површина
 •  Вкупна 71.740 км2 (117.)
 •  Вода (%) 1.1
Население
 •  проценка за 2015 г. 8.059.155[1] (102.)
 •  Попис 2013 6.190.280 
 •  Густина 112 жит/км2 (114.)
БДП (ПКМ) проценка за 2018 г.
 •  Вкупен $12,177 млд.[2] 
 •  По жител $1.608[2] 
БДП (номинален) проценка за 2018 г.
 •  Вкупно $3,824 млд.[2] (155.)
 •  По жител $505[2] 
Џиниев коеф. (2018)35.7[3]
среден
ИЧР (2019) 0.452
низок · 182.
Валута Леоне (SLL)
Часовен појас GMT (UTC+0)
Се вози на десноa
НДД .sl
Повик. бр. +232
а. од 1 март 1971.

Населението на Сиера Леоне е составено од 16 различни етнички групи. Сепак, најголеми и највлијателни етнички групи во државата се Темнејците и Мендејците.[7] Темнејците живеат воглавно во северот, а Мендејците во југоистокот на државата.

Службен јазик во Сиера Леоне е англискиот. Англискиот се користи и во училиштата. Сепак, најзборуван е креолскиот јазик крио. Јазикот е мешавина на англискиот и староседелскиоте африкански јазици. Овој јазик е главен меѓуетнички јазик и го зборуваат околу 90% од населението на државата.[8]

Потекло на поимот

уреди

Името на државата потекнува од времето на првите доселувања на Европејците во областа. Во 1462 година, Португалецот Педро де Синтра на областа околу главниот град Фритаун ја именувал како Serra de Leão (португалски за „лавовска планина“).[9] Денешното име на државата е италијанска верзија на името.

Историја

уреди

Според археолошките ископувања и истражувања, територијата на денешната држава Сиера Леоне била населена уште пред 2.500 години,[10] главно од различни номадски племиња по потекло од Централна Африка.[11] Постојат и податоци според кои на овие територии во околу 9 век п.н.е. на овие простори бил обработуван металот како суровина.[12] Во 1462 година португалскиот морепловец Педро де Синтра престигнал на бреговите на Сиера Леоне. Многу бргу биле основани поголем број на европски трговски бази односно станици. Во 1787 година од страна на британците бил основан Фритаун. Во текот на XVIII век, територијата била широко реколонизирана со афроамерикански калвинисти од Нова Шкотска, кои учествувале на страна на Велика Британија за време на војната за американската независност. Во 1790-тите се одржале избори, на кои право на глас имале и црнците, како и жените.[13] Во 1808 година земјата станала британска колонија. Својата независност земјата ја добила на 27 април 1961 година. Во 1991 година започнал вооружен конфликт помеѓу владата на Револуционерниот обединет фронт кој пак се борил, со поддршка на Либија, за праведна распределба на приходите добиени од продажбата на дијаманти.

Географија и клима

уреди
 
Топографска карта на Сиера Леоне

Сиера Леоне е држава која се наоѓа во Западна Африка. На север и на североисток државата се граничи со Гвинеја, на југ и југоисток со Либерија и на запад излегува на Атлантскиот Океан.[14] Главен град на Сиера Леоне е Фритаун, кој воедно е и најголем град. Втор најголем град е Бо.

Сиера Леоне има вкупна површина од 71.740 км2, од кои 120 киломери квадратни се вода.[8] Државата има 4 различни географски региони. Источниот дел на Сиера Леоне е висорамнина, со присуство на високи планини. Највисока точка е Монт Бинтумани со 1948 метри надморска височина. Сливниот басен на реката Моа ги опфаќа јужните предели на овој регион.

Средишниот дел на земјата е низини, каде има прашуми, но и обработлива земја.[14] Овој предел опфаќа околу 43% територијата на земјата. Северниот дел од овој предел понекогаш се смета за дел од екорегионот Гвинејски шумско-савански мозаик. Во западните делови на Сиера Леоне се наоѓа брегот на државата и тој е долг околу 400 километри. Брегот овозможува трговија на ресурси и потенцијал за туризам. Главниот град се наоѓа на крајбрежјето.

Климата во државата е тропска, каде има два циклусаː дождлива сезона (од мај до ноември) и сува сезона (од декември до мај). За време на сушните периоди има појава на силни ветришта од Сахара и ноќните температури може да достигнат до 16 степени. Просечната температура во земјата е 26 степени целзиусови.[15][16]

Политички систем

уреди

Административна поделба

уреди
 
Покраините во Сиера Леоне.

Сиера Леоне е составена од 4 покраини: Северна Покраина, Северозападна Покраина, Јужна Покраина, Источна Покраина и една Западна Област. Првите три се поделени на 12 окрузи, а тие се поделени на 149 поглаварства (chiefdoms). Локалната власт е избрана на директни избори.[17][18] Западната Област има 13 окружни совети, а тие пак секој по 12 окрузи и 6 општини: Фритаун, Бо, Бонте, Кенема, Коиду и Макени.[17]

Округ Седиште Површина
(км2)[19]
Население
(2015)[20]
Покраина
Бо Бо 5.219 575.478 Јужна
Бомбали Макени 7.895 606.544 Северна
Бонте Бонте 3.468 200.781 Јужна
Западна Градска Фритаун 13 1.055.964 Западна
Западна Селска Ватерлу 544 444.270 Западна
Кајлахун Кајлахун 3.859 526.379 Источна
Камбија Камбија 3.108 345.474 Северозападна
Карене Камакви 285.546 Северозападна
Кенема Кенема 6.053 609.891 Источна
Којнадугу Кабала 12.121 409.372 Северна
Коно Којду 5.641 506.100 Источна
Мојамба Мојамба 6.902 318.588 Јужна
Порт Локо Порт Локо 5.719 615.376 Северозападна
Пуџехун Пуџехун 4.105 346.461 Јужна
Тонколили Магбурака 7.003 531.435 Северна
Фалаба Бендугу 205.353 Северна

Стопанство

уреди

Демографија

уреди

Според податоци од 2006 година, населението на Сиера Леоне изнесува 6,294,774 луѓе. Во земјата живеат неколку етнички групи, но најголемиот дел од нив се црнци, со околу 90%. Останатите 10% припаѓаат на креолите. Службен јазик во земјата е англискиот.

Религија

уреди
Извори:[1][2][3]
Религија во Сиера Леоне[21][22]
религија %
Ислам
  
70 %
Христијанство
  
25 %
Традиционална африканска религија
  
5 %

Најголема религија во државата е Исламот[21][23][24], а Христијанството е значајна малцинска религија. Според Истражувачкиот центар Пју, околу 71,3% од вкупното население на државата се Муслимани (4,059,000).[25] Според американскиот Стејт Департмент, околу 60% од населението се Муслимани,[26] додека од 20 до 30% од населението се Христијани, и од 5 до 10% се анимисти.

Според „Извештајот за меѓународната верска слобода во Сиера Леоне“ од 2007 од УНХЦР[22] околу 60% се Муслимани, 20 до 30% Христијани и 5 до 10% други религии. Се проценува дека голем број на луѓе ги измешале Исламот и Христијанството со локалните религии. Најголемиот број од Христијаните во Сиера Леоне се Протестанти[27][27][28][29]

Сиера Леоне е една од најтолерантните држави во поглед на верата во Африка и светот. Муслиманите и Христијаните заедно живеат.[30][31][32] Така на пример, претседателот на државата е Христијанин. Религиското насилство е многу ретко во државата.[33] Државата гарантира верска слобода. Државата е секуларна и нема официјална религија.

Култура

уреди

Наводи

уреди
  1. Official projection (medium variant) for the year 2013 based on the population and housing census held in Sierra Leone on December 4, 2004 Архивирано на 30 јули 2013 г.. statistics.sl. page 13.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Sierra Leone“. International Monetary Fund. Посетено на 18 April 2013.
  3. „Gini Index“. World Bank. Посетено на 2 March 2011.
  4. Encarta Encyclopedia. Sierra Leone. Архивирано од изворникот на 2008-02-28. Посетено на 19 February 2008.
  5. Sierra Leone profile. Bbc.co.uk (8 December 2011). Посетено на 15 August 2012.
  6. The World Guide. „Sierra Leone Geography“. Архивирано од изворникот на 2009-01-12. Посетено на 19 February 2008.
  7. Provinces Архивирано на 9 септември 2013 г.. audiencescapes.org. Посетено на 27 August 2013.
  8. 8,0 8,1 „Sierra Leone“. The World Factbook. CIA. Архивирано од изворникот на 2015-10-16. Посетено на 15 September 2011.
  9. Kingfisher Geography encyclopedia. ISBN 1-85613-582-9. p. 180
  10. Countries and Their Cultures. "Culture of Sierra Leone". Посетено на 2008-02-22.
  11. Encyclopaedia Britannica. "Sierra Leone History". Посетено на 2008-02-19.
  12. Encyclopedia of the Nations. "Sierra Leone - History". Посетено на 2008-02-22.
  13. Sierra Leone’s struggle for progress
  14. 14,0 14,1 LeVert, Suzanne (2007). Cultures of the World: Sierra Leone. Marshall Cavendish. стр. 7. ISBN 978-0-7614-2334-8.
  15. Blinker, Linda (2006). Country Environment Profile (CEP) Sierra Leone. Freetown, Sierra Leone: Consortium Parsons Brinckerhoff. стр. 12. Архивирано од изворникот на 2013-09-27. Посетено на 2 July 2013.
  16. LeVert, Suzanne (2006). Cultures of the World: Sierra Leone. Marshall Cavendish. стр. 8–9. ISBN 978-0-7614-2334-8.
  17. 17,0 17,1 Renner-Thomas, Ade (2010). Land Tenure in Sierra Leone: The Law, Dualism and the Making of a Land Policy. AuthorHouse. стр. 6–7. ISBN 978-1-4490-5866-1.
  18. „ActionAid launches Perception survey as new local councils struggle to survive“. ActionAid. Посетено на 26 February 2011.[мртва врска]
  19. Sierra Leone at GeoHive Архивирано на 12 декември 2013 г.
  20. „2015 Population and Housing Census Final Results“ (PDF). Statistics Sierra Leone. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-09-15. Посетено на 6 July 2017.
  21. 21,0 21,1 71% of Sierra Leoneans are Muslims « Oluseguntoday's Blog. Oluseguntoday.wordpress.com (13 October 2009). Посетено на 15 August 2012.
  22. 22,0 22,1 United Nations High Commissioner for Refugees. „2010 Report on International Religious Freedom – Sierra Leone“. UNHCR.org. Посетено на 20 May 2012.
  23. Islam In Sierra Leone Information, Videos, Pictures and News. Rtbot.net. Посетено на 15 August 2012.
  24. Sama Banya wants Awareness Times to call Tom Nyuma a Buffoon Архивирано на 6 октомври 2014 г.. News.sl (18 April 2012). Посетено на 15 August 2012.
  25. „Mapping The Global Muslim Population“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-05-19. Посетено на 20 May 2012.
  26. „US Department of State estimate“. State.gov. 14 September 2007. Посетено на 20 May 2012.
  27. 27,0 27,1 „United Methodists elect bishop for Sierra Leone“. UMC.org. 2008-12-22. Посетено на 2013-09-23.
  28. „Methodist Church Sierra Leone — World Council of Churches“. Oikoumene.org. 2013-01-28. Посетено на 2013-09-23.
  29. „Crosspoint United Methodist Church – Welcome » Sierra Leone“. Xpointumc.org. Архивирано од изворникот на 2013-09-27. Посетено на 2013-09-23.
  30. Samba, Augustine (4 July 2013) “Sierra Leone’s Religious Tolerance is Superb”…Says UN Special Rapporteur: Sierra Leone News Архивирано на 26 јуни 2015 г.. News.sl.
  31. United Nations News Centre - Inter-religious cooperation can be vital asset for rebuilding Sierra Leone &#8211 UN expert. Un.org (5 July 2013). Посетено на 27 August 2013.
  32. Jalloh, Ahmed Ramadan (11 June 2013) Religious tolerance in Sierra Leone – A blessing from God Архивирано на 2 јуни 2017 г.. Newstime Africa. Посетено на 27 August 2013.
  33. Inter-Religious Cooperation to Rebuild Sierra Leone | Scoop News. Scoop.co.nz (8 July 2013). Посетено на 27 August 2013.

Литература

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди
Влада
Општо
Медија
Туризам