Јохан Тарчуловски

Јохан Тарчуловски (Љубанци, 17 ноември 1974) — македонски бранител, поранешен инспектор за придружба во Службата за обезбедување на претседателот на Македонија Борис Трајковски и во војната во Македонија во 2001 година, обвинет и осуден од обвинителството на Хашкиот трибунал за повреди на законите и обичаите на војувањето на 12 август 2001 година во село Љуботен (член 7/1 од Статутот на Трибуналот, за кривични дела наведени во член 3 – наредување, планирање, поттикнување, помагање или поддржување убиство, смислено уништување градови и села и сурово постапување).

Јохан Тарчуловски
Јохан Тарчуловски (македонски)
Држава Македонија
Род МВР
Служба2001
Чин Генерал
ЕдиницаТигри
Битки/војниВоен конфликт во Македонија, 2001
Сопружник/циСоња Тарчуловска (3 деца)

Животопис

уреди

Основното образование Јохан Тарчуловски го завршил во основното училиштеПетар Здравковски - Пенко“. Средното образование го продолжил во земјоделското средно училиште „Браќа Миладиновци“. По завршувањето на средното училиште во 1993 до 1994 година заминал на отслужување на воениот рок во касарната „Илинден“ во Скопје. Во младоста, тој бил познат како водач на „Комитите“, навивачката група на ФК „Вардар“.[1] Во 2004 година се запишал на студии на Правниот Факултет на ФОН.

Тарчуловски е член на ВМРО-ДПМНЕ и член на првиот иницијативен одбор за формирање на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ. Во 1993 станал претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ за општина Чаир. По победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите во 1998 година стапил во обезбедувањето на премиерот Љубчо Георгиевски. Во 1999 година, на лично барање на претседателот Борис Трајковски, станал негово лично обезбедување. На оваа функција се задржал до смртта на претседателот.

Во 2005 година од страна на Хашкиот трибунал бил осуден на 12 години затвор. Според обвинението, полициската единица под команда на Јохан Тарчуловски влегла во селото Љуботен, утрото на 12 август, и застрелале и убиле шест невооружени етнички Албанци, а десетмина од нив биле подложени на понатамошни тепања кај полицискиот контролен пункт на влезот од селото и подоцна во полициската станица „Мирковци“ во Скопје. Како последица на ова, еден од нив починал. Освен тоа, припадниците на полициската единица намерно запалиле најмалку 14 куќи во селото,[1] што причинило сериозна штета на тие куќи. Истиот ден, околу 90 етнички Албански мажи кои бегале од селото биле подложени на сурово постапување од други припадници на полицијата кај полицискиот контролен пункт во близина на селото, и подоцна во неколку полициски станици во Скопје, во Основен суд Скопје 2 и Градската болница во Скопје.

Тарчуловски бил екстрадиран во Хаг на 16 март 2005 година. Обвинителниот акт во случајот „Љуботен“ бил поднесен на 15 март 2005 година, а јавната расправа започнала на 16 август 2007 година.[2] На судењето, Тарчуловски бил осуден на затворска казна во тарење од 12 години, која подоцна му била намалена на осум години. Притоа, тој отслужил шест години во затворот во Шевенинген, а останатите две години во градот Диц, Германија. На 10 април 2013 година, Тарчуловски бил ослободен од затворот. Притоа, при неговото враќање дома, на аеродромот го пречекале премиерот Никола Груевски, највисоките раководители на ВМРО-ДПМНЕ, неговото семејство и илјадници поддржувачи, а прославата продолжила на плоштадот во Скопје. Исто така, премиерот Груевски и претседателот Ѓорге Иванов му приредиле официјален пречек во своите кабинети, оддавајќи му почит за жртвата што ја поднесол за својата татковина.[1]

По враќањето во Македонија, Тарчуловски станал организациски секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Истовремено, тој дипломирал на Земјоделскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“. Според податоците од Централниот регистар, Тарчуловски е сопственик на трговското друштво „Мел-Ком транс“ ДОЕЛ, регистрирана со претежна дејност патен транспорт, а чиј управител е неговата сопруга Соња Тарчуловска. Фирмата била основана на 21 јули 2008 година (додека Тарчуловски се наоѓал в затвор), а била регистрирана со почетен паричен влог од 10.000 евра и непаричен влог од 22.000 евра. Во 2014 година, фирмата остварила вкупен приход од 269.733 евра и вкупни расходи од 261.159 евра, додека во 2015 година, вкупните приходи изнесувале 343.729 евра, а вкупните расходи 336.192 евра.[1]

Тарчуловски е оженет со македонската фолк пејачка Соња Тарчуловска со која имаат две деца.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Ирена Мулачка, „Хашкиот „херој“ врти бизнис од 300.000 евра!“, Фокус, број 1100, 4 ноември 2016, стр. 20-23.
  2. Обвинителен акт против Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски, 15 март 2005, изменет и дополнет на 2 ноември 2005 (http://un.org.icty)