Манфред фон Рихтхофен
Барон Манфред Албрехт фон Рихтхофен, наречен „Црвениот Барон“ е германски пилот, кој се смета за летечки првак над првбаците во воздушните битки во текот на Првата светска војна.
Роден е во Бреслау, Германија (денес Вроцлав, Полска) на 2 мај 1892 г. На 11 години се запишал во училиште за кадети во Валштат. По кадетското училиште преоѓа во воената академија во Лихтерфелд близу до Потсдам, од каде што излегува со чин на коњички офицер. Фон Рихтхофен влегува во воздухопловството на 10 јуни 1915 г. како пилот-извидник во Саксонија. Се запишува во пилотското училиште во Добериц и дипломира во март 1916 г. Распореден е на фронтот при Верден, каде на 26 април го соборил првиот непријателски авион.
Првото признание го добива на 16 јануари 1917 г., кога по повод на 16-та воздушна победа Манфред Фон Рихтхофен го добива најпрестижниот орден за заслуги на Германското Царство.
Назначен е за командант на XI Ескадрила, и го вклучува и брата си Лотар, кој завршил воздухопловно училиште претходната година. Во април 1917 г. двајцата браќа сеат ужас помеѓу пилотите од британското воздухопловство, соборувајќи 36 авиони - 21 на Манфред и 15 - Лотар. До јуни истата година „Црвениот барон“ има веќе 56 победи.
На 21 април 1918 г. при воздушна битка, Манфред Фон Рихтхофен е застрелан од куршум истрелан од земјата. Успеал да го приземји авионот во една нива, и починал од раната во областа на срцето 2 минути откако пристигнале противничките пешадијци. До смртта имал вкупно 81 потврдено соборен непријателски авион, што го прави најуспешен воен пилот во историјата.
„Манфред ван Рихтхофен“ на Ризницата ? |