Генерален секретар на Обединетите нации
Генерален секретар на Организацијата на Обединетите нации — раководител на Секретаријатот на ООН, еден од главните органи на ООН. Генералниот секретар едновремено е и гласноговорник и предводник на Обединетите нации.
Функција
уредиФункцијата на Генералниот секретар била зацртана уште при основањето на ООН во 1945. година како „светски преговарач“, но со Повелбата на ООН (член 97) неговата функција е определена како „главен администратор“. И покрај тоа, сите досегашни носители на оваа функција истапувале во името на светските интереси и имале значајна улога во глобалните прашања.
Резиденцијата на Генералниот секретар е петкатна зграда на Менхетен, во Њујорк.
Мандат и избор
уредиГенералниот секретар има мандат од 5 години, со можност за реизбор. Најголемиот број вршители на оваа функција биле избирани на по два мандати. Според Повелбата на ООН, Генералниот секретар го назначува Генералното собрание на ООН, а го номинира Советот за безбедност. Поради тоа, изборот на Генералниот секретар е подложен на вето, односно мора да биде со согласност на сите постојани членки на Советот за безбедност.
Во пракса, ниеден Генерален секретар не бил од земјите кои се постојани членки на Советот за безбедност, и сите биле избирани како резултат на најширок можен компромис.
Досегашни Генерални секретари
уреди# | Генерален секретар | Мандат | Државјанство | Причина за повлекување | Реф. |
---|---|---|---|---|---|
Гледвин Џеб | 24.10.1945 – 1.2.1946 |
Обединето Кралство (Европа) |
Бил вршител на должноста до изборот на првиот Ген. секретар. | ||
1 | Тригве Ли |
1.2.1946 – 10.11.1952 |
Норвешка (Европа) |
Дал оставка поради притисокот од СССР. | [1] |
2 | Податотека:Dag Hammarskjold.jpg Даг Хамаршелд |
10.4.1953 – 18.9.1961 |
Шведска (Европа) |
Загинал во авионска несреќа во Северна Родезија (денес Замбија), додека бил на мировна мисија во Конго. | [2] |
3 | У Тант |
30.11.1961 – 31.12.1971 |
Бурма (Азија) |
Не сакал да се кандидира за трет мандат. | [3] |
4 | Курт Валдхајм |
1.1.1972 – 31.12.1981 |
Австрија (Европа) |
Кина ставила вето на неговиот трет мандат. | [4] |
5 | Хавиер Перес де Куељар |
1.1.1982 – 31.12.1991 |
Перу (Јужна Америка) |
Не сакал да се кандидира за трет мандат. | [5] |
6 | Бутрос Бутрос Гали |
1.1.1992 – 31.12.1996 |
Египет (Африка) |
САД ставиле вето на неговиот втор мандат. | [6] |
7 | Кофи Анан |
1.1.1997 – 31.12.2006 |
Гана (Африка) |
Се повлекол по два мандати. | [7] |
8 | Бан Ки Мун (반기문;潘基文) |
1.1.2007–31.12.2016 |
Јужна Кореја (Азија) |
31 декември 2016. | [8] |
8 | Антонио Гутерес (반기문;潘基文) |
1.1.2017– |
Португалија (Европа) |
На функција. |
Наводи
уреди- ↑ The United Nations: Trygve Haldvan Lie (Norway). Accessed 13 декември 2006.
- ↑ The United Nations: Dag Hammarskjöld (Sweden). Accessed 13 декември 2006.
- ↑ The United Nations: U Thant (Myanmar). Accessed 13 декември 2006.
- ↑ The United Nations: Kurt Waldheim (Austria). Accessed 13 декември 2006.
- ↑ The United Nations: Javier Pérez de Cuéllar (Peru). Accessed 13 декември 2006.
- ↑ The United Nations: Boutros Boutros-Ghali (Egypt). Accessed 13 декември 2006.
- ↑ The United Nations: The Biography of Kofi A. Annan. Accessed 13 декември 2006.
- ↑ Ban Ki-moon is sworn in as next Secretary-General of the United Nations